Забава
Поранешниот сопруг на Бритни Спирс: „Мразам луѓе што раскинуваат и зборуваат лошо еден за друг“
Сам Асгари, поранешниот сопруг на Бритни Спирс, зборуваше за Холивуд Репортер за врската со пејачката и го коментираше нивниот развод.
„Кога нешто ќе заврши, секако дека ќе има момент кога ќе бидете тажни или вознемирени, но бидете среќни што воопшто се случило“, рече 30-годишникот, додавајќи: „Треба да го славите минатото, така гледам на тоа“.
Тој ги коментираше и гласините кои се појавија во јавноста по нивниот развод. Имено, се пишуваше и зборуваше дека мора да потпише договор за доверливост и тајност на податоците. Откри дека договорот никогаш не бил потребен. „Ако мојот живот е приватен, тој е приватен. Тоа се вредностите што ги имам во мене“, рече Сем.
„Отсекогаш сум ги мразел луѓето кои кога раскинуваат зборуваат лошо еден за друг, а претходно се сакале и седеле на иста маса. Никогаш нема да го разберам тоа“, изјави Асгари во претходно интервју за Пипл. оваа година. „Никогаш не би го направил тоа бидејќи некогаш имавме одличен живот, а таа секогаш ќе биде дел од мојот живот“, признал тој.
Тој откри и дека „се фокусира на здрав начин на живот“ и дека сака да напредува во кариерата. „Кога бев во средно училиште, мислев дека луѓето се стари на 30 години. Но, секој човек со кој разговарам вели дека колку повеќе стареат, толку повеќе уживаат во животот бидејќи со годините доаѓаат мудроста и искуството“, рече тој.
Сем и Бритни се венчаа во јуни 2022 година. Меѓу гостите беа Мадона, Парис Хилтон и Селена Гомез. Тие беа во врска шест години пред да се венчаат.
Но, по само 14 месеци брак, Сем на Инстаграм потврди дека се разведуваат.

„После шест години љубов и посветеност еден кон друг, јас и мојата сопруга решивме да го завршиме нашето патување заедно. Ќе се задржиме на љубовта и почитта што ги имаме еден кон друг и ѝ посакувам се најдобро“, напиша Сем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

