Контакт

Забава

Поранешниот сопруг на Жизел Бундхен реагира на раѓањето на нејзиното трето дете

Објавено пред

Том Брејди, американскиот фудбалер и поранешен сопруг на Жизел Бундхен, проговори за веста дека манекенката го родила своето трето дете.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува „Пејџ сикс“, извор близок до Брејди рекол дека тој е среќен за својата поранешна сопруга и ѝ посакува сѐ најдобро. Според друг извор, Брејди дури и ѝ се јавил на Жизел за да ѝ честита.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Brady (@tombrady)

За потсетување, ова е прво дете на бразилската манекенка со Хоаким Валенте. Според странските медиуми, мајката и бебето се добро. Полот и името на бебето сѐ уште не ѝ се познати на јавноста. Извори блиски до парот велат дека Жизел и нејзиниот партнер во текот на целата бременост не сакале да знаат дали имаат момче или девојче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Brady (@tombrady)

Бундхен и Брејди се разведоа во 2022 година по 13 години брак. Заедно имаат две деца, синот Бенџамин (15) и ќерката Вивијан (12).

Забава

Балдони објави пораки од Блејк Лајвли, актерката му напишала: „Флертот е мојот јазик на љубовта“

Објавено пред

Актерот Џастин Балдони објави пораки што наводно ги разменил со колешката Блејк Лајвли за време на снимањето на филмот It Ends with Us, во кои двајцата разговараат како да направат заводлива сцена и се договараат како ќе ја постигнат. Оваа објава доаѓа откога Лајвли го тужеше за сексуално вознемирување и оштетување на нејзиниот углед.

dobivaj vesti na viber

Една од клучните сцени во филмот ја прикажува првата средба на ликовите што ги толкуваат Лајвли и Балдони на покривот на една зграда. Нивниот разговор, како што тие го дизајнираа, требаше да биде заемно флертувачки и да воспостави динамика што ќе доведе до нивната континуирана врска.

Според објавените пораки, кои датираат од 8 април 2023 година, Лајвли сакала дополнително да го нагласи флертувањето во дијалогот за нејзиниот лик да има поголема автономија. Наводно, пораките гласеа: „Можам да ти ја испратам мојата верзија на сцената на покривот или само ќе ти ја прочитам следната недела, кажи ми што повеќе ти одговара“.

Во една од пораките наводно додава: „Да ме познаваш подолго лично, ќе разбереш како ќе функционира оваа флертувачка и заводлива динамика. Тоа е мојот љубовен јазик – пикантен и храбар, но никогаш злобен“.

Балдони изгледаше како да ги поддржа нејзините предлози, наводно ѝ одговорил: „Затоа те сакав во оваа улога“.

Лајвли поднесе правна жалба против Балдони во декември 2024 година обвинувајќи го за сексуално вознемирување и обид за оштетување на нејзиниот углед преку медиумите. Во јануари 2025 година таа поднесе нова тужба обвинувајќи го за несоодветно однесување на снимањето, вклучително и контроверзен момент за време на снимањето на сцената со бавен танц.

Балдони и неговата продукциска куќа ги отфрлија обвинувањата и објавија снимки од сетот тврдејќи дека „двајцата актери ја изведуваат сцената професионално и со почит“.

Но, адвокатскиот тим на Лајвли го тврди спротивното наведувајќи дека видеото ја потврдува нејзината приказна. Нивната изјава гласи: „Секоја жена што доживеала несоодветно допирање на работното место ќе ја препознае непријатноста на г-ѓа Лајвли. Тие ќе ги препознаат нејзините обиди да користи хумор за да ја смири ситуацијата и да избегне несакано допирање“.

Судењето за случајот на Блејк Лајвли и Џастин Балдони почнува на 9 март 2026 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Луѓето родени во три хороскопски знаци секогаш мора да бидат во право

Објавено пред

Сите барем еднаш сме сретнале луѓе кои едноставно не можат да се предадат на расправија, дури и кога знаат дека грешат. Нивната тврдоглавост и верба дека секогаш ги имаат најдобрите аргументи може да биде извор на фрустрација за оние околу нив. Според астрологијата, таква особина често се поврзува со луѓето родени под овие хороскопски знаци.

dobivaj vesti na viber

Овен
Овните сакаат да доминираат во дискусиите и често веруваат дека нивните аргументи се непобитни. Енергијата на Овенот е огнена, па нема да имаат проблем да влезат во расправија само за да докажат поента – и ќе уживаат во секој момент. Дури и ако подоцна се покаже дека згрешиле, ретко ќе го признаат тоа, нивната самодоверба е таква што ќе продолжат да ги убедуваат сите околу себе дека се во право.

Девица
Девиците едноставно не прават грешки – или барем така мислат. Овие хороскопски перфекционисти секогаш имаат аргументи базирани на факти, статистики и долгорочна анализа на ситуацијата. Ако се расправаме со Девица, треба да бидеме подготвени за исцрпни детали и листа на причини зошто нивното мислење е пологично и поточно од нашето.

Шкорпија
Шкорпиите имаат способност да ги почувствуваат слабостите во вашата расправија и да ги користат против другата личност. Потребата на Шкорпијата секогаш да биде во право не е само желба за победа – тоа е длабоко вкоренет принцип. Тие со ладен смирен и остар јазик ќе ни објаснат зошто грешиме, па дури и да се повлечеме од расправијата, Шкорпијата ќе ја почувствува победата.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Читач од усни открива што ѝ рекол Џеј Зи на Бијонсе кога освои „Греми“

Објавено пред

Бијонсе ја освои наградата за албум на годината за „Каубој Картер“ на 67. Греми-награди. Кога беше прогласена за победничка, Бијонсе шокирана, стана за да излезе на сцената и да ја прими наградата. Пред да излезе на сцената ѝ пријде сопругот Џеј Зи.

dobivaj vesti na viber

Тој ѝ шепна нешто на увото, а сега читачот од усни, Ен Џеј Хиклинг, за „Мирор“ откри што ѝ рекол раперот на Бијонсе.

„Леле, леле, леле. Време е! Ти си најдобра”, наводно ѝ рекол Џеј Зи на Бијонсе.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Мицкоски очекува откако ќе им се изгласа интерпелација, членовите на Судски совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Граѓаните не се задоволни од начинот на којшто функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Тоа е едно мочуриште кое изобилува со...

Топ13 минути

Загина 46-годишник од Струмичко: бил прегазен од камион

Вчера во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач...

Македонија51 минута

Мицкоски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, преку објава на социјалните мрежи извести дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување...

Македонија3 часа

Продолжува потрагата по Миле Тодоров, кој исчезна пред осум дена

Миле Тодоров дал отказ на работното место во Кавадарци и се упатил кон Неготино. Бил облечен во работничко одело,бело палто...

Македонија3 часа

Брат министер, брат началник, татко советник – ќе реагира ли антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ, прашува СДСМ

„Државната комисија за спречување корупција итно треба да постапи во случајот Андоновски и непотизмот кој царува во Владата на Мицкоски....

Македонија3 часа

СДС и Филипче да кажат дали и колку пар ѝ плаќале на судијката што го ослободи од затвор возачот убиец, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Деновите поминуваат, дилемите се редат, а СДС и Филипче глас не пуштаат. Со нивниот молк уште повеќе ја зголемуваат недовербата...

Македонија4 часа

„Во Северна Македонија се спроведува политика на културна нееднаквост, која систематски ја потиснува албанската културна продукција“, велат од ДУИ

„По молкот на институциите и одредени општествени актери во врска со реакцијата на ДУИ за очигледната дискриминација во распределбата на...

Европа4 часа

(Видео) Русите преку ноќ уништија еден од најголемите пазари во Европа

Руската војска доцна синоќа изврши напад со беспилотни летала на голем пазар во киевскиот кварт во Харков. „Нападот беше насочен...

Свет5 часа

Америка: Панама попушта со нашите бродови; Панама: Тоа е лага

Американскиот Стејт департмент вчера објави дека бродовите на американската влада сега можат да минуваат низ Панамскиот канал без надомест. „Владата...

Регион5 часа

(Видео) Црвената плажа повеќе не постои по големото лизгање на земјиштето: земјотресите го менуваат изгледот на Санторини

Серијата земјотреси кои го потресуваат архипелагот Додеканези трајно го менуваат изгледот на Санторини, еден од најубавите острови во Грција, кој...

Европа6 часа

(Видео) Се урна хеликоптер во Италија: познат бизнисмен меѓу загинатите

Во хеликоптерска несреќа во близина на Парма во северна Италија вчера загинаа три лица, меѓу кои и директорот на компанијата...

Свет6 часа

(Видео) Трамп, опкружен со деца, потпиша забрана за трансродовите жени во женскиот спорт

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродовите жени да се натпреваруваат во женски спортови. Регулативата содржи...

Македонија20 часа

Кривичниот суд за случајот со Фросина: Јавноста да не подлегнува на провокации и шпекулации, како и стигматизирање и линч на еден судија

Судиите и подружницата на Здружението на судиите на РСМ при Основниот кривичен суд Скопје изразува длабоко жалење за загубениот млад...

Македонија22 часа

Кривична за поранешниот директор на СОЗР за поткуп, фалсификување, проневера: Финансиската полиција со детали

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, поранешен директор на Службата...

Македонија22 часа

Судскиот совет ќе формира комисија за постапките што се воделе против Јованов, кој ја прегази Фросина: „По увидот во сите списи, ќе кажеме дали има пропуст“

Судскиот совет ќе формира комисија, која ќе утврдува дали имало пропусти во претходните постапки што се воделе против 20-годишникот Васил Јованов,...

Македонија22 часа

Денес во 16.30 часот тргнува првиот воз од Скопје за Куманово, ќе се патува 41 минута

Скопје и Куманово, по две и пол години прекин, повторно ќе бидат железнички поврзани. Министерот за транспорт и врски Александар...

Македонија24 часа

Акција во МВР: се истражува Одделот за општи и заеднички работи

МВР со потврда дека се спроведува полициска акција поврзана со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во ова...

Македонија1 ден

Претрес во домот на поранешниот директор на СОЗР, се обезбедуваат докази за поткуп и проневера

Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејства за обезбедување докази во предмет за кривични дела...

Македонија1 ден

Фросина била прегазена заедно со нејзиното куче Аја, кое било пронајдено под автомобилот на Васил

Здружението од Кавадарци, „Лина – спаси живот, добиј живот, помогни им на животните“, на социјалните мрежи објави статус во кој...

Македонија1 ден

В сабота протест во Неготино за правда на Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“

Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи в сабота во Неготино, објавија организаторите на настанот на...