Забава
Поранешeн британски премиер за серијата „Круната“: Куп глупости
Поранешниот британски премиер Џон Мејџор негодува на популарната серија „Круната“ на „Нетфликс“, чиј петта сезона ќе почне да се прикажува на 9 ноември, нарекувајќи ја „куп глупости“.
Биографите на кралското семејство веќе остро ја критикуваа новата сезона, која излегува два месеца по смртта на кралицата Елизабета Втора. Тие тврдат дека новите епизоди содржат голем број невистини и му наштетуваат на угледот на тогашниот принц Чарлс, кој оттогаш стана крал.

Според британскиот печат, петтата сезона ќе биде за Чарлс, кој, додека бил принцот од Велс, подготвува заговор да ја собори кралицата. Медиумите претпоставуваат дека тоа ќе вклучува разговори во кои Чарлс го притиска Џон Мејџор да ја принуди мајка му да абдицира.
Соработници на поранешниот конзервативен премиер, кој беше на власт од 1990 до 1997 година, објавија соопштение во кое се наведува дека „тоа е чиста измислица“.
„Сер Џон и принцот од Велс никогаш не разговарале за абдикацијата на кралицата Елизабета Втора. Џон Мејџор на кој било начин не соработувал со ‘Круната’. Никој не му пристапил да го провери сценариото на серијата“, се вели во соопштението.
„Доколку сцените се навистина такви какви што ги опишуваат медиумите, треба да се гледаат исклучиво како штетна и злонамерна измислица. Тоа ќе бидат куп глупости што се пренесуваат поради драматизација, што е целосно невистинито“, се додава во соопштението.
Продуцентите ги отфрлаат ваквите критики и истакнуваат дека „секогаш ја најавувале серијата како фикција базирана на историски настани“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кога и зошто почнала традицијата на славење на Новата година
Милиони луѓе од целиот светот ја пречекуваат Новата година како симбол на нов почеток и надеж за подобри денови. Но, обичајот на новогодишно славење има длабоки историски корени.
Новата година го означува почетокот на нов временски циклус, а во повеќето култури тој почнува на 1 јануари, според грегоријанскиот календар. Овој датум, сепак, не бил отсекогаш прифатен.
Најстарите траги од новогодишна прослава потекнуваат од Месопотамија, каде што пред повеќе од 2.000 години Новата година се славела на почетокот на март во согласност со природните циклуси и земјоделските работи. И Кинезите се меѓу првите народи што го одбележувале овој ден, при што празникот бил поврзан и со размена на подароци.
Во антички Рим, иако јануари бил воведен уште во 700 година пр. н.е., Новата година долго време се славела на 1 март. Промената дошла во 153 година пр. н.е. кога јануари станал почеток на граѓанската година. Конечно, во 46 година пр. н.е. Јулиј Цезар со новиот соларен календар законски го утврдил 1 јануари како официјален почеток на годината.
Оттогаш овој датум постепено станал прифатен во поголемиот дел од светот како симболичен почеток на новата година.
Фото: pexels
Забава
Од луд провод до тивка вечер дома: што вели хороскопот за новогодишната ноќ
Дали Новата година ќе ја дочекаш на луда журка, во ексклузивен ресторан или мирно дома со најблиските? Астрологијата открива како секој хороскопски знак најмногу сака да се забавува во најдолгата ноќ во годината – од разузданите Овни до мирните Ракови.
Овен – сака луд, разуздан помин и журки до зори, често со многу алкохол.
Бик – ужива во гурмански дочек, во ресторан или дома со блиските.
Близнаци – секоја година избираат нешто поинакво; патувања, големи прослави или дочек на улица.
Рак – најсреќен е дома, со семејството, добра храна и мирна атмосфера.
Лав – се подготвува со месеци и избира ексклузивен дочек; важно му е да биде забележан и да не биде сам на полноќ.
Девица – избегнува гужви и бучни забави, преферира тивок дочек дома со мал круг луѓе.
Вага – сака „ин“ места, дотерување и внимание; често ја дочекува Новата година во прегратка.
Шкорпија – поделени се; младите сакаат забава, постарите мирен дочек дома.
Стрелец – најчесто патува, но се забавува секаде каде и да е.
Јарец – не е љубител на гласни прослави; Новата година ја дочекува скромно, најчесто дома.
Водолија – обожава забави, клубови и дружење со нови луѓе; останување дома не доаѓа предвид.
Риби – најважно им е друштвото; сакаат домашен дочек, но знаат и да претераат со алкохол.
Забава
Зошто кафето не е решение за мамурлак и што да пиете наместо тоа
Дочекот на Новата година за некои значи и повеќе алкохол, а тоа може да резултира со мамурлак – главоболка, мачнина и вртоглавица, пишува Express.co.uk.
Според лекарите, се препорачува добра хидратација пред, за време и по консумирање алкохол, како и внес на електролити – преку напитоци или таблети, најдобро пред спиење.
Експертите предупредуваат дека кафето не помага, туку може дополнително да ја влоши дехидрацијата. Наместо тоа, се советува вода или електролитни напитоци, особено ако има мачнина или вртоглавица.
Електролитите може да се надоместат и преку исхраната – со храна богата со калиум, како банани, цитрусно овошје, зелен лиснат зеленчук, компири.
Покрај тоа, важен дел од закрепнувањето е одморот. Алкохолот го нарушува квалитетот на сонот, па експертите советуваат да се престане со пиење порано навечер за телото да има време да го преработи алкохолот и да се обезбеди подобар сон.
Фото: pexels

