Забава
Доаѓа последната Супермесечина во 2022 година и носи важни промени кај овие хороскопски знаци
Полна Месечина во Водолија почнува на 12 август и воедно ќе биде последната Супермесечина во годината. Ова име го доби бидејќи се наоѓа во близина на Земјата, па изгледа поголема од просечната полна Месечина. Ќе блесне во полн сјај и ќе ни донесе важни промени.
Оваа лунарна енергија нè поттикнува да излеземе од вообичаената рамка и да се ослободиме од моделите на однесување што не спречуваат да бидеме среќни. Месечината нè поттикнува да носиме одлуки од кои се плашиме, но за кои знаеме дека се неизбежни. Овој аспект носи промени, а неговото влијание ќе се почувствува во наредните недели. Проверете дали сте меѓу знаците на кои оваа Месечина ќе има најголемо влијание.
Бик
Потребен ви е одмор од секојдневните проблеми. Искористете го ова време за размислување и донесување одлуки од кои се плашите, поврзани со вашиот дом и семејство или кариера. Доколку сте уморни и несреќни на работа, ќе ви се појави решение за проблемот, но важно е да не избрзувате со заклучоци и повеќе да се потпирате на инстинктите.
Лав
Полната Месечина носи превирања во вашите интимни односи. Ќе бидете растргнати помеѓу желбата да му угодите на партнерот и потребата за независност и слобода. Ако чувствувате дека ве задржуваат, тргнете се на момент од вашата сакана и размислете за природата на вашата врска во мир. Избегнувајте драстични одлуки и обидете се да најдете компромис бидејќи тоа ќе биде патот до емоционалното задоволство.
Шкорпија
Зад вас е турбулентен период, па ви треба одмор. Повеќе од вообичаено, ќе почувствувате потреба за сигурност, без разлика дали е емотивна или финансиска. Ќе сакате да добиете одговори на прашања што ве мачат долго време, но сте избегнале да се соочите со нив. Се истакнува можноста за купување стан или преселба во друга област, а некои ќе почувствуваат желба да го прошират семејството.
Водолија
Овој месец ќе ве научи на важноста од трпение и компромис, но и самодисциплина. Ќе сфатите дека не можете да ги решите проблемите преку ноќ, но понекогаш морате да се ставите себеси на прво место. Ќе почувствувате потреба да им го покажете на другите вашето вистинско лице, што можеби некои ќе ги изненади, но повеќето ќе го прифатат и ќе ве поддржат.

Според астролозите, полната Месечина во Водолија сака да вежбате простување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

