Забава
Почина Осамениот Џорџ, последниот хавајски полжав од ваков вид
Формално познат како Achatinella apexfulva, 14-годишниот хавајски полжав беше последен од таков вид на планетата.
Тој беше осамен уште од своето раѓање, живеејќи во заробеништво на Универзитетот на Хаваи, како дел од последниот обид да го спаси својот вид и другите од исчезнување.
„Achatinella apexfulva сега им се придружува на стотиците видови полжави кои исчезнаа од хавајските острови во текот на последните неколку децении“, вели професорот Мајкл Хадфилд од Универзитетот Хаваи.
„Бројот на видови на Хаваи беше околу 800 во 11 различни семејства, рече тој, три четвртини од тие видови сега се исчезнати“.
„Тоа беа најпознатите полжави, големи и убави полжави“, рече Хадфилд за родот Achatinella – во кој се спаѓа и Осамениот Џорџ. „Нема сомневање дека само 10 такви видови сè уште постојат, и ниту еден од нив нема да преживее во следните 10 години”.
Хадфилд водеше лабораторија за зачувување на голема група полжави во семејството на кое му припаѓаше Осамениот Џорџ. Лабораторијата го проучуваше растот на популацијата на полжавите и во 1997 година ги собра последните десет познати полжави од видот на Џорџ. Повеќето од нив подоцна починаа, оставајќи го сам Џорџ.
Одделот за земјиште и природни ресурси ја нарече смртта на Џорџ „значителна загуба за локалните жители бидејќи беше вклучен во бројни написи и стотици ученици го гледаа во текот на годините”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

