Забава
Почина Робин Паркинсон, актерот од култната серија „Ало, ало!“
Британскиот актер Робин Паркинсон, најпознат по улогата на Леклер во култната хумористична серија „Ало, ало!“, почина на 92-годишна возраст.
Паркинсон беше добро познато лице на англиската комедија во седумдесттите и осумдесеттите години на минатиот век. Тој глумеше и во комедите The Young Ones, Dad’s Army, The Two Ronnies и други.
Во соопштението објавено во име на неговото семејство се наведува: „Робин Паркинсон, актер познат по Allo! Allo! и како глас од детската серија Button Moon, почина мирно на 92-годишна возраст. Покрај него беа сопругата и ќерките“.
Неговата кариера траеше повеќе од четири децении во филмот, театарот и телевизијата, вклучително и многубројни ТВ-серии – Girls About Town, The Many Wives Of Patrick, The Young Ones и Rising Damp.
Фановите ќе го паметат по улогата на Ернест Леклер и познатата реплика: It is I, Leclerc!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кузмановиќ по победата истрча до својата девојка и страсно ја бакна
По блескавата игра и победата над Франција, хрватскиот голман Доминик Кузмановиќ притрча до својата девојка и страсно ја бакна.
Двојката не можеше да ги сокрие емоциите откако Хрватска се пласираше во финалето на Светското првенство во ракомет.
И на претходните мечеви девојката од трибините му даваше поддршка на Кузмановиќ.
А тој по пласманот во четвртфиналето на Светското првенство истрча до својата девојка која беше на трибините.
И победата над Словенија ја прослави со бакнеж. Истото го направи откако ги победија Унгарците. Убавата бринета која го заведе Доминик по професија е економист, а Доминик нема фотографии со неа на својот Инстаграм профил, па не се знае многу за неа, пренесуваат хрватските медиуми.
Забава
Ричард Гир неодамна се пресели во Шпанија, сега таму ќе добие филмска награда
На американскиот актер Ричард Гир, кој неодамна се пресели во Шпанија, ќе му биде врачена Меѓународната награда на најважната церемонија на доделување филмски награди во земјата, „Гоја“ наградите, следниот месец, објави Шпанската филмска академија.
Актерот ќе ја добие меѓународната награда на церемонијата во Гренада што ќе се емитува на националната телевизија на 8 февруари, се вели во соопштението.
Академијата го пофали Гир за неговиот „извонреден придонес во кинематската уметност, глумејќи во некои од најлегендарните филмови во историјата на кинематографијата“.
Таа, исто така, ја пофали „општествената посветеност што ја покажал и лично и професионално“ за различни цели, како што е помошта на бегалците и бездомниците. Академијата го истакна „интензивниот активизам на Гир во име на тибетската автономија и зачувувањето на тибетската култура“.
Ричард Гир (75) и неговата сопруга Алехандра Силва (41) минатата година се преселиле во Мадрид со двата сина.
„Посреќни сме од кога било“, изјави актерот во интервју за шпанското издание на магазинот Elle на прашањето за нивниот нов живот во Шпанија.
Забава
(Видео) Позната актерка: Сите ги коментираа моите гради кога имав 16 години
Актерката Џенифер Лав Хјуит гостуваше во поткаст во кој присети на времето кога била сексуализирана во медиумите како тинејџерка.
„Кога имав 16 години, возрасните зборуваа за моите гради на ток-шоуа и луѓето ми се смееја. Тоа беше целосно прифатена култура, но кога ќе седнете и ќе погледнете каде сме сега во споредба со местото каде што бевме тогаш, навистина е зачудувачки“, опиша Џенифер.
„Гледајќи наназад, мислам дека беше навистина чудно да се стане секс симбол пред да знам што значи тоа. Не знаев што значи да се биде секси“, истакна таа. Рекла и дека добила непријатни коментари за појавувањето на насловната страница на магазинот „Максим“ на 17 години, истакнувајќи дека тоа и било „малку одвратно“.
Оваа 45-годишна актерка е најпозната по улогите во серијалот филмови I Know What You Did Last Summer. Откако се појави во нив, таа вели дека добивала шеги како „Знам што правеа твоите гради минатото лето“.