Забава
Почина Хелен Реди, позната по хитот I Am Woman, кој стана феминистичка химна
Австралиската пејачка Хелен Реди, чиј хит од 1972 година I Am Woman стана глобална феминистичка химна, почина вчера во Лос Анџелес на 79-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство.
„Нашите срца се скршени, но нè теши фактот што знаеме дека нејзиниот глас ќе живее вечно“, напишаа членовите на семејството на Реди на нејзиниот официјален профил на „Фејсбук“.
Реди, родена во Австралија, победи на натпревар за таленти како млада жена, а потоа се пресели во САД, и покрај успешната пејачка кариера, еднаш имаше и свое телевизиско шоу и глумеше во холивудски филмови.
„Ројтерс“ наведува дека таа била најтиражната пејачка на светската музичка сцена во 1973 и 1974 година, од која официјално се пензионирала во 2002 година кога нејзината кариера била во опаѓање од 80-тите, а во 2015 година ѝ била дијагностицирана деменција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

