Забава
По грешка уплатил две исти лото-ливчиња и освои 46,6 милиони долари
Австралиец од Мелбурн уплатил две лото-ливчиња со исти броеви и секое му донело добивка од 23,3 милиони долари.
Австралиецот го уплатил ливчето во Сент Албанс, а потоа случајно, бидејќи мислел дека заборавил, уплатил уште едно ливче со истите броеви на друго место.
Уште еден добитник освои 23,3 милиони, но допрва треба да ја подигне својата добивка.
Во случај мажот да уплател едно ливче добивката би се поделила на двајца и тие би добиле по 35 милиони долари.
Но, бидејќи едниот играч уплатил две ливчиња, наградата е поделена на три дела и на тој начин едниот од добитниците добил две третини од џекпотот, односно 46,6 милиони долари.
Мажот кој уплатил две ливчиња вели дека истите бројки ги игра 30 години и дека е можно сега да се пензионира, да купи нова куќа, а можеби со семејството ќе замине на одмор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Облече најмало бикини и помисли дека никој нема да ја види: папараците ја фатија на покривот на хотел
Популарната пејачка Дуа Липа моментално е во Рио де Жанеиро за нејзината бразилска турнеја „Радикален оптимизам“, а слободното време помеѓу настапите и пробите го искористи за да се опушти.

Сепак, папараците не ја пропуштија иако беше далеку од јавноста, и ја фатија на базенот на покривот од луксузниот хотел каде што престојува.

Во тесно црно-жолто бикини, Дуа Липа го покажа своето витко, тонирано и исончано тело, особено нејзините извајани стомачни мускули кои е невозможно да не се забележат и да не се коментираат, кои не избегаа од објективите.

Снимена е додека се обидува да се завитка во парео со ист дезен како бикинито, а како моден додаток носеше очила за сонце. Долгата коса лежерно паѓаше преку грбот, а очигледно е дека немаше ни трага шминка додека го впиваше витаминот Д.
Забележлив е и нејзиниот скап веренички прстен, со кој британскиот актер Калум Тарнер ја запроси кон крајот на декември минатата година.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Аманда Холден мами воздишки во чипкана креација
Познатата водителка Аманда Холден (54) се појави на добротворна гала вечер и ги воодушеви сите со својот зачудувачки аутфит.
Убавата русокоса често е мета на папараците, па секој нејзин моден изглед е пречекан со лавина од позитивни коментари, а самата водителка понекогаш се обидува да го привлече вниманието кон себе со провокативни објави.

Токму како што диктира гала вечерта, гламурот и луксузот беа насекаде, а Аманда го следеше тоа „правило“.
Водителката се појави во чипкана црна креација украсена со цветни мотиви, со голем шлиц што оди сè до рамената, дискретно нагласувајќи ги нејзините гради.

Едноставни сандали со тенок ремен, обетки и нејзината насмевка – тие беа таму за да го „зачинат“ овој елегантен и провокативен изглед, додека како и обично, имаше силна вечерна шминка за да ги истакне очите.
Тајната на изгледот на Аманда Холден е секогаш тема, со оглед на тоа што таа е една од најзгодните јавни личности иако е во шеесеттите години. Како што еднаш откри, тајната лежи во избалансиран начин на живот, не ограничувајќи се, но ниту претерувајќи.

фото: принтскрин

