Забава
Прв истополов брак во кралското семејство
По венчавката на американската актерка Меган Маркл со принцот Хари, во кралското семејство ова лето ќе се случи уште една историска свадба. Лорд Ивар Маунтбатен, братучед на кралицата Елизабета Втора, јавно објави дека е хомосексуалец во 2016 година и стана првиот член на кралското семејство што јавно ја призна својата сексуална ориентација. Тој откри дека е во врска со Џејмс Којл со кого летово ќе прави свадба.
На церемонијата ќе присутвува и поранешната сопруга на Маунтбатен, Пени, со која има три ќерки. „Дејли мејл“ објави дека таа ќе го одведе Маунтбатен до олтарот. „Тоа беше идеја на ќерките“, рекла Пени.

Маунтбатен рекол дека, за жал, никој од кралското семејство нема да присуствува на свадбата. „За жал, тие нема да стигнат на свадбата. Имаат планирани настани и обврски неколку месеци однапред и нема да може да дојдат. Но, тие го обожаваат Џејмс“, рекол тој.
Иако кралицата не ја коментира претстојната свадба на својот роднина, таа лани ги поддржа првата на ЛГБТ-заедницата. „Мојата влада ќе направи понатамошен напредок за справување со родовиот јаз во платите и дискриминацијата врз луѓето врз основа на нивната раса, вера, пол, инвалидитет или сексуална ориентација“, рече кралицата во говорот што го одржа минатата година во британскиот Парламент.
На 19 мај Меган Маркл, војвотката од Сасекс, и сегашна сопруга на принцот Хари, влезе во историјата како прва жена од мешана раса во кралското семејство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

