Забава
Прв фестивал за миленици – „Скопје пет фест“

На 17 септември во Градскиот парк во Скопје првпат ќе се одржи „Скопје пет фест“ – најголемиот регионален настан за сите љубители на животните.
Фестивалот е замислен како семеен настан за деца, возрасни и за нашите крзнени пријатели, со богата едукативна и забавна содржина – едукативни работилници за деца, маскоти со омилените ликови од анимираните филмови, едукативни и интерактивни предавања за одговорно сопствеништво, сведоштва за удомени миленици, документарен филм за дивиот животински свет, кинопроекција, музика и многу забава за сите посетители.
Целта на фестивалот е да се подигне јавната свест за чување миленик, како и од најмали децата да имаат повеќе љубов и емпатија кон животните.
Почетокот на „Скопје пет фест“ е од 11 ч, а ќе трае до вечерните часови. Локацијата е во стариот дел на Градскиот парк на летната сцена „Лепеза“, а влезот е бесплатен за сите посетители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Дури и во наједноставната облека, таа ги засени сите други

Холивудската актерка Анџелина Џоли (50) позираше на црвениот тепих за време на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан и повторно ја покажа целата своја моќ.
Сè повеќе ја гледаме Анџелина во едноставни, но моќни креации кои ве оставаат без здив, а се чини дека црната е нејзината омилена боја.
Актерката позираше во долг црн фустан кој „зрачи“ со елеганција, додека V-деколтето придонесе целиот нејзин аутфит да биде погламурозен. Нејзината моќ лежи во едноставноста, па Анџелина на сè додаде само еден пар обетки и впечатлив прстен.
Црните салонки со светки околу работ беа малку видливи под фустанот, а како и обично, нејзината шминка беше речиси невидлива. Анџелина се одлучи за неутрални тонови на очите и усните, а косата ја остави лежерно спуштена.
Ова нејзино појавување доаѓа и по веста дека актерката планира да ја продаде својата куќа во Лос Анџелес и што поскоро да се пресели на друга адреса.
Очигледно, никогаш не ѝ се допаднало да живее во тој град, но морала поради заедничкото старателство над нејзините деца со Бред Пит.
фото: принтскрин
Забава
Луѓето родени на овие три датуми се предодредени за неверојатен успех

Според астролозите, постојат три датуми кои носат неверојатна енергија, а луѓето родени на тие датуми имаат најголема шанса да постигнат голем успех.
Некои датуми во астрологијата се сметаат за енергетски портали, бидејќи отвораат врата кон нови можности и носат силен поттик за успех. Оние кои ги слават своите родендени на тие датуми, особено до 2031 година, би можеле да доживеат извонредни промени и напредок.
8 август
Датумот 8 август симболизира бесконечност и моќ, и доаѓа во знакот на Лав, што претставува самодоверба и креативност. Оние родени на тој ден имаат природен дар за истакнување и тенденција да бидат во центарот на вниманието.
Пред нив е период на поголемо признание и смели кариерни чекори. Во љубовта, тие ќе најдат партнер кој ги гледа и цени такви какви што се.
11 ноември
Комбинацијата 11/11 е поврзана со синхроницитет и брза реализација на намерите. Луѓето родени на тој датум често доживуваат ненадејни можности кои го менуваат правецот на нивниот живот.
До 2031 година, тие можат да очекуваат пресвртници во нивната работа и приватни односи, со важно правило – јасно дефинирани цели и внимателен избор на луѓе на кои им веруваат.
12 декември
Датумот 12.12. означува затворање на старите циклуси и влез во нова фаза од животот. Оние што се родени на овој ден честопати чувствуваат дека важните промени се случуваат во фази за нив.
До 2031 година, тие би можеле да ги завршат долгорочните обврски и да преминат во постабилен, побезбеден период. Тие ќе постигнат најголем напредок кога ќе го остават зад себе она што ги исцрпува и ќе влезат во нови можности.
Луѓето родени на овие датуми ќе доживеат најголем успех кога јавно ќе ги покажат своите таленти – преку презентации, аудиции или испити. Нивната мисија не е да се кријат, туку храбро да излезат пред светот, бидејќи тогаш ја отвораат вратата кон сопствениот успех.
фотo: принтскрин
Забава
Софија Лорен го прослави својот 91-ви роденден

Легендарната актерка Софија Лорен неодамна го прослави својот 91-ви роденден, а прославата се одржа во семејниот круг во Женева.
На прославата присуствуваа нејзините деца – синовите Едоардо и Карло Понти, како и нејзината снаа Саша Александар (вистинско име Сузана Дробњаковиќ) – холивудска актерка со српско потекло која е во брак со Едоардо.
Таа објави фотографии од прославата на роденденот на Инстаграм, со зборовите:
„Среќен роденден, Софија! Те сакаме“, напиша кратко.
Друга фотографија, исто така, привлече големо внимание – фотографија со Добрила Дробњаковиќ (89), мајката на Сузана Дробњаковиќ.
Едната има 89 години, а другата штотуку наполни 91 година, и може да се каже дека ја воодушевија јавноста со својот изглед.
И да не зборуваме за стилизирање – тие се доказ дека модата и стилот не познаваат возраст!
фото: принтскрин