Забава
Прекрасната ќерка на Антонио Бандерас и Мелани Грифит го привлече вниманието на фудбалски натпревар
Антонио Бандерас и Мелани Грифит се разведоа во 2014 година по 18 години брак, а нивната ќерка порасна во вистинска убавица.
22-годишната Стела Бандерас со татко ѝ отиде на натпревар во Лос Анџелес. Заедно позираа пред да заминат, а навиваа за американскиот универзитетски фудбалски тим USC Trojans.
Стела тргна по стапките на нејзините родители – студира на престижна филмска академија и сака да биде актерка, а за тоа има максимална поддршка од нејзините родители.
Инаку, 58-годишниот Бандерас моментно е во врска со 20 години помладата холандска инвестициска експертка Никол Кимпел, во која се заљуби кратко време по разводот од Мелани Грифит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Тие знаат што сакаш: хороскопските мајстори за подароци
Некои луѓе во божиќното дарување вложуваат посебно внимание и труд, а според астрологијата, одредени хороскопски знаци особено се издвојуваат по тоа што даваат одлични подароци – не затоа што се скапи, туку затоа што се внимателно избрани.
Лав – подарува со ентузијазам и сака да остави силен впечаток. За него подарокот е искуство, а не само предмет.
Девица – избира практични и корисни подароци, внимателно слуша и памети што му треба на другиот.
Рак – подарува од срце, со емотивни и персонализирани подароци кои имаат симболично значење.
Бик – се води од квалитет и естетика, подарува убави, трајни и пријатни работи што долго се паметат.
Овие знаци, според хороскопот, најдобро ги разбираат желбите на другите кога станува збор за божиќни подароци.
Фото: pexels
Забава
(Видео) Златан Ибрахимовиќ на плажа во Дубаи покажа што сè умее со топката
Легендарниот Златан Ибрахимовиќ објави видео од плажа во Дубаи на кое изведува фристајл трикови со топка.
Иако ја заврши кариерата, Ибрахимовиќ уште еднаш покажа дека е во врвна форма.
View this post on Instagram
Забава
Не е алкохол, ниту дрога: Пејачката Лили Ален призна зависност што малкумина ја очекуваа
Лили Ален откри дека се бори со зависност од компулсивно купување, поради што побарала стручна помош. За проблемот зборувала во подкастот Miss Me?, кој го води со пријателката од детството Миквита Оливер.
Пејачката изјави дека редовно оди на терапија и смета дека коренот на зависноста е поврзан со ниското самопочитување.
„Мислам дека се обидувам да се ослободам од парите затоа што мислам дека не ги заслужувам“, искрено признала.
Ален користи терапија наречена EMDR, за која вели дека ѝ го променила животот, но нагласува дека не е лекар и дека зборува само од лично искуство.
Според Кливленд клиник, EMDR терапијата помага мозокот повторно да ги обработи вознемирувачките искуства и да го продолжи природниот процес на заздравување.
depositphotos

