Забава
Престолнината на Виетнам бара од граѓаните да не јадат кучешко месо за да се подобри имиџот на градот

Властите во Ханој, главниот град на Виетнам, побараа од граѓаните да престанат со јадење кучешко месо бидејќи тоа му штети на имиџот на градот, а неправилното одгледување и убивање животни би можело да прошири беснило и други заразни болести.
За многу Виетнамци кучешкото месо е деликатес за кој се верува дека ја зголемува издржливоста, пренесува агенцијата АП.
Заменик-градоначалникот на Ханој, Нгуен Ван Су, на веб-страницата на градот појасни дека убивањето и јадењето месо од кучиња и мачки ги вознемирува странците и негативно влијае врз сликата на цивилизирана и модерна престолнина.
Тој им наложи на локалните власти да ја зголемат свеста за ризикот од појава на беснило при размножување на кучињата и мачките. Кампањата е дел од националната програма за искоренување на беснилото до 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Од секси долна облека во елегантен фустан: Ирина Шајк ги засени сите во своето најубаво издание

Познатата Ирина Шајк е една од супермоделите кои неодамна блеснаа на годишната ревија на Victoria’s Secret, а ниту овој пат не разочара. Освен што е една од најбараните модели, таа ја носи и титулата една од најголемите модни икони на денешницата.
Покрај тоа што ги импресионираше сите на пистата, таа шармираше со својот моден избор на забавата по Victoria’s Secret Fashion Show 2025, организирана во познат клуб во Њујорк.
Ирина се пресоблече од својата секси долна облека во елегантен фустан кој совршено ѝ прилегаше на фигурата. Фустанот, изработен од сатен во шампањ боја, нежно паѓаше сè до подот, а е уште позаводлив поради фактот што Ирина не носеше градник.
Минималистичкиот фустан е вистинско освежување за Ирина Шајк и совршено одговара за оваа или слична пригода. Го комбинираше со сребрени сандали со ремени и ефектни метални нараквици и прстени.
Интересно е што немаше лак за нокти, докажувајќи уште еднаш дека го сака природниот изглед.
Покрај тоа, таа избра потемна шминка и соодветна фризура – нејзината „мокра“ коса даваше впечаток на опуштеност и го врамуваше нејзиното лице, а целата комбинација дополнително ја збогати со бела чанта преку рамо.
Со овој моден избор, Ирина Шајк уште еднаш докажа дека едноставноста е всушност најубавиот украс.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) По скандалозниот развод од актерот, поранешната сопруга на Кевин Костнер се омажи

Кристин Баумгартнер, поранешната сопруга на Кевин Костнер, минатиот викенд ја официјализираше својата љубовна врска со милионерот и инвеститор Џошуа Конор. Церемонијата се одржа на приватен ранч во Санта Барбара, во срцето на Калифорнија, каде што невестата го поминала детството.
Една од гостите ексклузивно ги откри деталите од церемонијата за „Пипл“. Како што вели таа, атмосферата била семејна и исполнета со топлина.
„Атмосферата беше прекрасна, но она што навистина го одбележа денот беше интимноста. Не беше некоја голема продукција. Сè беше искрено, емотивно и целосно во нивниот дух. Секој се чувствуваше како да е сведок на нешто многу вредно. А за време на самата церемонија? Немаше такви што не заплака“, додаде изворот.
Споменатото списание направи и ексклузивни фотографии од свадбата, па имавме можност да го видиме изданието на невестата.
Кристин за церемонијата носеше прекрасна, уникатна венчаница од израелската дизајнерка по име Мира Цвилингер. Беше украсена со рачно везени цвеќиња и деколте во форма на срце.
Својот стил го комплетираше со брановидна коса што се спушташе по грбот, а кога стануваше збор за шминката, се одлучи за нежни нијанси на кафеава боја што ги истакнуваа нејзините природни црти на лицето.
Венчавката се случува помалку од две години откако Кристин го финализираше разводот од Кевин Костнер, со кого има три деца. Тие беа во брак 18 години.
Џош исто така има три деца од претходен брак.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Рита Ора секој ден покажува дека за неа нема граници кога станува збор за провокација

Пејачката Рита Ора блесна на забавата по гала вечерата на Academy Museum одржана во Лос Анџелес, а овој пат го направи тоа на свој начин.
Иако не и е непознато разголувањето, нешто слично направи неколку дена претходно кога ги почасти своите обожаватели со топлес фотографија, а овој пат ги шокираше уште повеќе.
Rita Ora lets her lace lingerie play peekaboo in sheer white dress https://t.co/YL0fZS3blh pic.twitter.com/L3xOXMcsTP
— Page Six (@PageSix) October 20, 2025
Рита се појави во целосно проѕирен бел фустан, под кој едвај ѝ се гледаше долната облека. Својот моден аутфит, кој наликуваше на завеса, го комплетираше со зелен шал и бели сандали, додека нејзиниот сопруг беше во елегантен костум и цело време ѝ правеше друштво на пејачката.
Сексапилната пејачка неодамна покажа серија заводливи модни аутфити на Неделата на модата во Париз, каде што од првите редови гледаше неколку ревии.
Сите се согласни дека провокативните аутфити ѝ стојат подобро од сè друго, и се чини дека никогаш нема да се откаже од тоа.
фото: принтскрин