Забава
Префинет гламур на црвениот тепих на „Оскарите“
Повеќето свечени церемонии на доделување награди поминаа без црвен тепих изминатава година од сосема разбирлива причина што нема да има гости да одат по него.
Но, тогаш дојдоа „Оскарите“ – врв на сезоната на награди, најголемата ноќ во забавниот календар – каде што номинираните беа охрабрени да се појават лично доколку можат наместо виртуелно од својот дом.
Еден од најзначајните сегменти од оскаровското шоу, црвениот тепих, донесе елеганција, раскош и експлозија на бои. Светските шоубиз-медиуми ги издвоија најдобро облечените од 93. доделување „Оскари“.

Номинираната за најдобра споредна улога, Аманда Сејфрид, блеска во црвено на церемонијата во Лос Анџелес.

Реџина Кинг се појави на „Оскарите“ не како актерка, туку како режисер на „Една ноќ во Мајами“, кој имаше три номинации.

Британската режисерка Емералд Фенел го снимаше „Надежна млада жена“ додека беше во седмиот месец од бременоста. Филмот, кој доби пет номинации за „Оскар“, беше снимен за 23 дена во 2019 година.

Марија Бакалова знае како да спроведе социјално дистанцирање. Ѕвездата на Borat Subsequent Moviefilm покажа како на најлесен начин можете да се придржувате на правилото за два метра дистанца: облечете фустан широк шест метри. Марија, номинирана за најдобра споредна актерка, изгледа неверојатно во креација на Луј Витон.

Како една од минатогодишните победници, Лора Дерн се врати оваа година за да ја претстави категоријата најдобра споредна улога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Домашен лек кој прави чуда за болното грло
Засипнатост, печење и болка при голтање се најчестите знаци на грип, особено во зимските месеци.
Пред да посегнете по лекови, можеби веќе го имате решението во вашата кујна. Топла комбинација од мед, лимон и ѓумбир може да ја смири иритацијата и да го намали воспалението.
Медот допира до слузницата и ја смирува иритацијата, лимонот е богат со витамин Ц, додека ѓумбирот има антиинфламаторно дејство.
Во чаша топла (не врела) вода, додадете сок од половина лимон, лажица мед и неколку парчиња свеж ѓумбир. Оставете да отстои неколку минути и пијте полека, во голтки.
Експертите советуваат и пиење доволно течности и избегнување ладни пијалоци. Доколку болката трае подолго од неколку дена или ако имате висока температура, треба да се консултирате со лекар.
фото/Depositphotos
Забава
(Фото) Облините се тука, но тука е и нејзиното „старо“ лице: Дали убавицата ги отстрани филерите?
Парот кој сигурно привлече најголемо внимание уште од првиот ден од нивната врска – Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, се појавија заедно на доделувањето на наградите БАФТА, а риалити убавицата се држеше до своето „правило“ и не сакаше да привлекува внимание кон себе кога беше во негово друштво.
Сакала или не, новинарите повторно ја бараат и секогаш кога се појавува со Тимоти, нивната врска станува главна тема.
Kylie Jenner and Timothée Chalamet win cutest couple at the EE BAFTA Film Awards 🥹 pic.twitter.com/FiDr0oXtlO
— Chicks in the Office (@ChicksInTheOff) February 22, 2026
На доделувањето на наградите БАФТА, Кајли блесна во црна елегантна тоалета украсена со големи циркони, меѓутоа, тоа не е она што им го привлече вниманието на сите. Нејзиниот природен изглед стана предмет на коментари, а многумина шпекулираа дека ги отстранила филерите од усните.
„Изгледа како порано“, „Изгледа помлада, но поприродна“, „Многу е поубава вака, како помлада верзија од себе“, беа некои од коментарите.
Timothée Chalamet and Kylie Jenner attend the EE BAFTA Film Awards. pic.twitter.com/z7hRoCYBjT
— 📸 (@metgalacrave) February 22, 2026
Кајли и претходно беше мета на коментари поради козметички корекции, а како што самата призна, почнала да прави корекции на усните како тинејџерка бидејќи била несигурна. Пред осум години таа тврдеше дека ги отстранила филери, но во меѓувреме се појавија сомнежи дека ги вратила.
Во секој случај, сега навистина изгледа дека филерите се отстранети и, судејќи според коментарите, конечно ја воодушеви публиката.
Забава
(Видео) Нова песна на Сара Мејс – „Не ме сакаш“
Македонската пејачка Сара Мејс го објави новиот сингл „Не ме сакаш“, придружен со видеоспот во кој глуми и познатиот актер Стефан Николовски.
Музиката и текстот се на Сара Мејс, а аранжманот, снимањето, миксот и мастерингот се изработени во JustRBProduction.

