Забава
Примери што покажуваат колку се привилегирани познатите личности
Богатството и славата понекогаш носат привилегии, кои обичните луѓе никогаш не ги искусиле. Многу познати ја игнорираат својата слава и се однесуваат нормално, а таблоидите укажаа на неколку примери кога и самите тие покажуваат дека се привилегирани.
Во 2020 година Мајли Сајрус во интервју за „Волстрит џурнал“ изјави: „Знам дека сум во посебна позиција, моето искуство со пандемијата не е како искуството на другите луѓе од мојата земја или од целиот свет.
Манекенките Хејли Бибер и Кендал Џенер минатата година беа уловени како со недели непрописно ги оставаат своите автомобили на паркинг-места пред студио за пилатес. ТМЗ објави дека сопственикот на студиото им рекол да паркираат таму, иако тие места ги делат сите компании на плацот.
Џастин Бибер доби подарок мајмунче во 2013 година од семеен пријател. Потоа, иако сите го советувале да не го прави тоа, го однел животното во Германија, каде што било запленето и ставено во карантин. Откако го пропуштил рокот за враќање на животното, германската влада го преселила во локалната зоолошка градина и побарала од пејачот да плати осум илјади долари.

Кога во 2013 година тогашниот сопруг на Рис Витерспун, Џим Тот, бил сопрен поради возење во пијана состојба, таа излегла од автомобилот и го прашала полицаецот: „Дали знаете која сум јас? Дали знаете како се викам?“ Полицаецот ѝ рекол дека не знае која е.
Според полицискиот извештај, актерката тогаш изјавила дека е американски државјанин и дека има право да стои на американска почва. Тот бил уапсен поради возење во пијана состојба, а Витерспун поради непристојно однесување. „Бев поднапиена и многу ми е срам поради работите што ги кажав. Ситуацијата беше непријатна и се плашев за мојот сопруг, но тоа не е оправдување. Не го почитував полицаецот, кој само си ја вршеше работата. Многу ми е жал за моето однесување“, наведе актерката во своето извинување.

Во екот на јавната дебата за еколошката штета од приватните авиони, Кајли Џенер објави, а потоа избриша фотографија на „Инстаграм“ од неа и тогашниот партнер Тревис Скот со нивните приватни авиони. Во описот на објавата напиша: „Ќе одиме со мојот или со твојот?“
Ребел Вилсон и нејзината свршеница Рамона Агрим присуствуваа на отворањето луксузен хотел во Дубаи претходно оваа година. Тие беа на удар на критики за промовирање на Обединетите Арапски Емирати, каде што хомосексуалноста сè уште се смета за кривично дело казниво со смрт.

Кристијано Роналдо и неговото семејство неодамна се преселија во Саудиска Арабија, каде што живеат според нови правила. Фудбалерот и неговата свршеница Георгина Родригез добија специјална дозвола од саудиската влада за заеднички живот, иако заедничкиот живот на двајца невенчани лица инаку е забранет со државните закони на Саудиска Арабија, кои се тесно поврзани со исламската вера.

Во екот на пандемијата Рита Ора, која требаше да се самоизолира по патувањето во Египет во 2021 година, подмитила ресторан во Лондон со 5.000 фунти за да ги прекрши правилата за карантин и таму да го прослави својот 30. роденден. Нејзините телохранители наводно побарале да се исклучат камерите.
По објавувањето на своите мемоари, Paris: The Memoir, во 2023 година, Парис Хилтон се соочи со бурни реакции затоа што не презема одговорност за својата историја на антигеј и расистички коментари.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Вирално видео: Џејсон Момоа ѝ зеде од тестенините на гостинка во ресторан и си замина насмеан
Снимка на која актерот Џејсон Момоа ѝ зема тестенини на непозната жена во ресторан стана вирален хит откако беше објавена на Тик-Ток. Во видеото, Момоа ѝ приоѓа одзади, ѝ ја зема вилушката, зема голем залак и потоа се оддалечува насмеан, оставајќи ја жената насмеана и изненадена.
Видеото го објави корисничката на ТикТок @maceyw_x и ја прикажува нејзината мајка како седи во ресторан, кога Момоа ѝ приоѓа одзади. Тој ја зема вилушката од нејзината чинија, зема тестенини, се насмевнува и си заминува. Во позадина се слуша смеа од личноста што снима, додека жената останува збунета, обидувајќи се да разбере што точно се случи.
@maceyw_x Fork’s on eBay as we speak x #jasonmamoa #aquaman #fyp #foryoupagе #gameofthrones ♬ original sound – JT 🦋
Во описот на видеото стои: „Џејсон Момоа ја ‘ограби’ мајка ти“. Кратката, духовита ситуација брзо се прошири по социјалните мрежи, а многумина ја протолкуваа како уште еден доказ за смислата за хумор и лежерноста на актерот.
Реакциите беа претежно позитивни и забавни. Наместо негодување, коментаторите се шегуваа и пишуваа дека би му простиле сè. „Јас би му дозволила сè“, напиша една корисничка.
Друга се пошегува: „Јас ќе ја задржев вилушката.“ Трет се надоврза со прашање: „Зошто не те нахрани лично?“
Целата ситуација совршено се вклопува во јавниот имиџ на Момоа како пристапна и опуштена личност која не се плаши од шега. Во интервју за Men’s Health, тој го опиша својот однос кон храната со зборовите: „Имам два пристапа – ‘валкан’ појадок за мамурлук и ‘чист’ појадок“, со што, според магазинот, дополнително го нагласил својот лежерен став.
Говорејќи за една од омилените комбинации, Момоа изјавил: „Голема порција шпагети, пола путер, многу морска сол, пржено јајце и конзерва кавијар.“ И додал: „Ние го викаме тоа ‘јајца на јајца’. Вистинска работа.“
Забава
„Глечерот на судниот ден“ се топи побргу од очекуваното, со ѕид ќе се одвојува од топлите океански води
Глобална група научници, инженери и експерти за политика открија амбициозен план за изградба на ѕид долж „Глечерот на судниот ден“, бидејќи стравот од поплави продолжува да расте.
Сместен на Западниот антарктички леден покрив, глечерот Твејтс го добива своето апокалиптично име поради неговото потенцијално влијание врз нивото на морето. Покривајќи огромни 192.000 км², што го прави споредлив по големина со Велика Британија, глечерот се топи со невидена брзина поради климатските промени предизвикани од човекот. Веќе, четири проценти од годишното зголемување на нивото на морето во светот се должи на континуираното губење на мразот Твејтс, бидејќи гасовите што ја задржуваат топлината продолжуваат да ја пржат планетата.
Доколку целосно се сруши, нивото на морето би можело да се зголеми за неверојатни 65 см.
За секој сантиметар зголемување на нивото на морето, околу шест милиони луѓе на планетата се изложени на крајбрежни поплави.
Проектот „Закотвена завеса на морското дно“ има за цел да го ограничи зголемувањето на нивото на морето со создавање физички бариери што би ги заштитиле ледените покривки од топлите океански води што течат под околните ледени гребени.
Се тврди дека самото намалување на стакленичките гасови нема да биде доволно за стабилизирање на ледената покривка. Истражувачи и инженери од Универзитетот во Кембриџ, Универзитетот во Чикаго, Институтот Алфред Вегенер, Универзитетот во Њујорк, колеџот Дартмут, NIVA, Aker Solutions и Арктичкиот центар на Универзитетот во Лапонија ги здружуваат силите за да дизајнираат завеса висока околу 152 метри и долга 80 километри.
Тоа е смел план чие завршување ќе трае со години, ако некогаш се реализира. Тимот постави план кој вклучува тригодишна истражувачка програма за дизајнирање на завесите и прицврстувачите, одлучување за тоа кои материјали би можеле да се користат и изградба и тестирање на технологијата за да се осигури дека може да ги ограничи топлите струи.
Податоците за прицврстувачите веќе се собираат од глечерот Твејтс, додека кампањата за собирање средства има за цел да собере 10 милиони долари (околу 8,4 милиони евра).
Фото: Депозитотос
Забава
Американска блогерка и авторка издвои десет особини на жените со кои e невозможен брак
Популарната американска блогерка и авторка Сузана Б. Луис изводи десет знаци по кои може да се препознаат незрели жени со кои е тешко да се биде во брак. Инспирирната од објаснувањето дека „бракот е тешка работа“ таа наведува десет особини на жените со кои е тешко да се биде во брак иако смета дека и мажите знаат да ја направат врската тешка за одржување.
- Сакаат да прават драми
Луис верува дека претераното реагирање и лутење поради мали нешта, како што е облеката оставена на подот, создаваат непотребна тензија.
„Важно е во бракот да ги изберете вашите битки и да не ја претворате секоја мала работа во драма бидејќи таквото однесување е исцрпувачко за сите вклучени на долг рок“, вели таа за „Јуартанго“.
- Не простуваат
Грешките се неизбежни во долгорочна врска, но постојаното повторно навраќање на старите проблеми откако веќе е кажано простувањето ја продлабочува фрустрацијата.
Простувањето без вистинско отпуштање на минатото, Луис верува, дека ја напрега врската.
- Наредби
Луис смета дека потребата од постојана контрола и управување со партнерот ја нарушува рамнотежата во бракот.
На возрасните партнери не им треба надзор или постојани инструкции за тоа како да направат нешто.
- Несигурност и откривање на приватни работи
Споделувањето на приватните проблеми на партнерот со други или на социјалните мрежи, според Луис, претставува сериозно кршење на довербата.
Таквото однесување создава нови конфликти и отуѓување на долг рок.
- Постојано жалење
Постојаните критики и додевања, дури и кога започнуваат како добронамерно потсетување, брзо стануваат заморни.
Овој начин на комуникација, Луис вели дека создава отпор наместо разбирање.
- Потребата секогаш да се биде во право
Отфрлањето на мислењата на партнерот и верувањето дека сопствените идеи се секогаш најдобри покажува затвореност, смета Луис.
Бракот бара компромис и подготвеност да се почитува туѓата перспектива.
- Лоша комуникација на потребите и желбите
Очекувањето партнерот да „знае“ што сака или што ѝ треба на другата страна честопати води до разочарување.
Јасната и директна комуникација, според Луис, е основа на здрава врска.
- Одбивање да се извините
Непризнавањето на вашите грешки и избегнувањето на извинувањата создава чувство на супериорност и неправда.
„Ако знаете како да се извините, тоа е знак на емоционална зрелост“, вели авторката.
- Прекумерна контрола врз вашиот партнер
Иако е нормално да се грижите за вашиот партнер, Луис предупредува дека постојаното следење, испрашувањето и потребата да се гледа секој потег на вашиот партнер може да стане товар и да го направи бракот потежок отколку што треба да биде.
- Незрелост
На крајот на краиштата, Луис вели дека испадите на бес, тврдоглавоста, одбивањето да се извините, недостатокот на комуникација и потребата да се контролира сè укажуваат на незрелост.
„Лошите бракови не секогаш се резултат на големи престапи, туку често затоа што врската станува премногу тешка – понекогаш токму поради однесувањето на партнерите“, заклучува таа.

