Контакт

Забава

Принцезата од Дубаи, која го остави сопругот преку „Инстаграм“, го лансира парфемот „Развод“

Објавено пред

Ќерката на владетелот на Дубаи, Махра Бинт Мохамед Бин Рашид ал-Мактум, во јули го остави својот сопруг Ман ал-Мактум преку „Инстаграм“.

dobivaj vesti na viber

„Драг мажу, бидејќи си преокупиран со други, вака го објавувам нашиот развод. Се разведувам од тебе. Чувај се. Твојата поранешна сопруга“, му напиша и така стана вирална сензација на социјалните мрежи.

Сега таа ги изненади своите следбеници со нов деловен потфат. Имено, таа лансира парфем со соодветното име „Развод“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @mahram1.official

Принцезата од Дубаи им го претстави својот луксузен парфем на стотици илјади следбеници на „Инстаграм“.

Забава

(Видео) Лејди Гага за гласините дека е маж: Еве зошто никогаш не зборував за тоа

Објавено пред

Лејди Гага се појави во втората епизода на Што е следно? Иднина со Бил Гејтс и зборуваше за гласините што ја следеа на почетокот на нејзината кариера. Во тоа време, едно од најчестите тврдења беше дека 38-годишната пејачка всушност е маж.

dobivaj vesti na viber

Во 2011 година, таа изјави за Си-ен-ен: „Зошто, по ѓаволите, ќе го губам своето време испраќајќи соопштенија за печатот за тоа дали имам или немам пенис? На моите обожаватели не им е гајле, а ниту на мене“.

Сега после 13 години повторно ја допре таа тема.

„Кога бев во раните дваесетти, се шушкаше дека сум маж. Отидов низ целиот свет, правев турнеи, промовирав албуми и речиси во секое интервју ми кажуваа дека има гласини дека сум маж и ме праша што имам да кажам за тоа. Причината што не одговорив на прашањето е што не се чувствував како жртва на таа лага“, изјави Гага.

„Но, размислував за тоа. Што е со дете кое е обвинето за такво нешто, кое би помислило дека јавна личност како мене треба да се срами? Имаше фотошопирани фотографии на Интернет и луѓето велеа: „Знаете дека постои гласини дека си маж што имаш да кажеш на тоа?“, се присети Гага.

„Сум била во ситуации кога корегирањето на гласините не било во најдобар интерес – размислував за доброто на другите луѓе. Затоа во тој случај се обидов да бидам провокативна на друг начин. Се обидов да користам дезинформации“, заклучил музичарката.

Прикажи повеќе...

Забава

Џастин Бибер шокиран од обвинувањата против Диди, тврди дека немало да соработуваат доколку тој знаел

Објавено пред

Џастин Бибер жали што соработувал со Шон „Диди“ Комбс пред помалку од една година. Тој тврди дека никогаш не би го направил ова доколку знаел за наводите кои излегоа на виделина, пишува Дејли Мејл.

dobivaj vesti na viber

„Тој беше вклучен на последниот албум на Диди, и ако знаеше нешто од ова, нема шанси да го стори тоа“, тврди изворот. Бибер сè уште бил дете кога се спријателил со Комбс, појавувајќи се на неговиот албум од 2023 година The Love Album: Off the Grid со песната Moments.

По објавувањето на албумот во октомври, Бибер размислуваше за неговата прва средба со Комбс. „Се сеќавам дека отидов во канцеларијата на брат ми Диди за да му пуштам песна што му ја напишав кога имав 14 години“, напиша тој на Инстаграм.

Во март повторно се појавија стари снимки од Бибер и Комбс, набргу откако полицијата упадна во домовите на Комбс во Мајами и Лос Анџелес. Во една од нив, Комбс е виден како стои до 15-годишниот Бибер и вели дека „ќе поминат 48 часа заедно и ќе направат нешто што не може да го открие“.

Видеото објавено на социјалните мрежи оваа година предизвика голем број критики и загрижености.

Прикажи повеќе...

Забава

Меланија Трамп за своите разголени фотографии: Гордо стојам зад нив

Објавено пред

Меланија Трамп наскоро ќе објави мемоари, во кои ќе споделува лични приказни и семејни фотографии. Во оваа прилика таа објави видео на Х и се наврати на нејзините разголени фотографии кои ги направила додека се занимавала со манекенство.

dobivaj vesti na viber

„Зошто гордо стојам зад моите голи фотографии? Мислам дека поважното прашање е зошто медиумите избраа да се фокусираат на тоа. Дали веќе не можеме да ја цениме убавината на човечкото тело? Низ историјата, уметниците го обожаваа човечкото тело , предизвикувајќи длабоки емоции и восхит Треба да го почитуваме нашето тело и да ја прифатиме безвременската традиција на користење на уметноста како моќно средство за самоизразување“, рече сопругата на Доналд Трамп.

Пред помалку од два месеци, никарагванско-американскиот политички стратег и коментатор Ана Наваро објави голи фотографии од Меланија Трамп. Иако Наваро е член на Републиканската партија, таа е гласен критичар на републиканскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Navarro-Cárdenas (@ananavarrofl)

„Некои републиканци дадоа одвратни сексуални коментари за Камала Харис на ТВ и на социјалните мрежи за да ја направат нејзината историја на љубовни врски сомнителна. Само напред. Сакате да го направите сомнително? Еве ви. Никогаш не сум видел голи слики од Камала Харис или нејзиниот сопруг“, напиша Наваро на својот Инстаграм.

Фотографијата на голата Меланија е направена во јануари 2000 година за магазинот GQ. Словенката е сликана како лежи на крзнениот тепих облечена во дијамантски ѓердан, нараквици и црни потпетици додека е врзана со лисици на актовката на Доналд Трамп во неговиот приватен авион.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Очигледно раководството на Северна Македонија не сака да продолжи по патот на европската интеграција па ја обвинува Бугарија, вели Ковачев

Во Република Северна Македонија немаат желба за европска интеграција и бараат изговор зошто тоа не може да се случи. Вака...

Македонија14 часа

Мицкоски од Брисел: Бевме понижувани многупати, ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми

Денеска до сега, до овој момент имав две значајни средби. Првата беше работниот ручек кој што го организираше старо-новата претседателка...

Македонија15 часа

Од пазарот се повлекуваат бисквити поради можност од присуство на надворешно тело, соопшти АХВ

Од македонскиот пазар се повлекуват производите на „Атлантик Штарк“: Кексичи како перелив 220 гр. серија 1507482842 и Најлепше жеље кукис...

Македонија19 часа

Мажот од Кочани, кој почина од западнонилска треска, дал податок дека не патувал никаде

Мажот од Чешиново-Облешево, кој почина од западнонилска треска во Македонија, до Инситутот за јавно здравје (ИЈЗ) дал податок дека претходно...

Македонија20 часа

Маж од Кочанско почина на Инфективната клиника поради компликации од западнонилска треска

78-годишен маж од општината Чешиново-Облешево, Кочани, почина на 16 септември на Клиниката за инфективни болести поради компликации од вирусот на...

Македонија21 час

Бугарија лута по изјавите на Александар Николоски: „Тој провоцира, ги известивме партнерите“

Лавина реакции во Бугарија предизвикаа изјавите на македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски, кој ја нарече земјата „нецивилизиран...

Европа23 часа

„Путин знае дека НАТО е најсилниот воен сојуз во светот, затоа и не влегува во конфликт, алијансата нема да биде вовлечена во војна“

Генералниот секретар на НАТО во заминување Јенс Столтенберг ги отфрли како „лажни“ тврдењата дека одлуката на сојузниците да и дозволат...

Свет23 часа

(Видео) Неверојатна снимка токму во моментот на нападот: како изгледаше Бејрут кога се активирале пејџерите

Меѓународната новинска агенција Ројтерс снимаше директен пренос од панорамата на Бејрут, главниот град на Либан, кога точно во 15 часот...

Европа24 часа

(Видео) Поплави на северот на Италија: „Ситуацијата е многу драматична“

Домовите се евакуирани во северниот италијански регион Емилија-Ромања бидејќи бурата Борис, која од минатата недела однесе најмалку 24 животи во...

Свет24 часа

Јапонската компанија: Овие воки-токи не сме ги произведувале од 2014 година

Јапонскиот ИКОМ соопшти дека моделот на нивните воки-токи поврзани со експлозиите во Либан бил прекинат пред една деценија и дека...

Свет24 часа

Блискиот Исток се соочува со најголемата војна во последните 50 години, предупредува саудискиот амбасадор

Блискиот исток е најблиску до регионална војна во последните 50 години, предупреди саудискиот амбасадор во Велика Британија. Принцот Калид бин...

Свет1 ден

„Ирански хакери краделе информации за кампањата на Трамп и ги испраќале до луѓето на Бајден“

Ирански сајбер актери испратија е-пошта во текот на летото до луѓе вклучени во тогашната кампањата за реизбор на американскиот претседател...

Македонија1 ден

Од денеска нема да има загарантирани работни места на Албанците и другите немнозински заедници, честито Таравари, велат од Алијанса за Албанците

По предупредувањата на претставниците на моноетничката Влада, Мицкоски, Димитриевски, Таравари, денеска Уставниот суд направи голем чекор од проектот за деалбанизација...

Македонија1 ден

„Вреди“за „балансерот“: Одлуката нема да смени ништо за правата на Албанците, но е инспирирана од криминалните структури на претходната власт за создавање дестабилизација

„Вреди“ остро реагира на одлуката на Уставниот суд за покренување на постапка за оценување на уставноста и замрзнување на т.н....

Македонија2 дена

Уставниот суд поведе постапка за „балансерот“

Уставниот суд денеска поведе постапка за одредби од Законот за вработени во јавен сектор, Законот за административни службеници, Правилникот за...

Свет2 дена

(Видео) Нови експлозии во Либан: експлодирале воки-токи

Воки-токи користени од либанската група Хезболах експлодирале во средата доцна попладне во јужниот дел на земјата и во јужните предградија...

Македонија2 дена

Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во УЈП

И покрај поднесениот обвинителен акт за предметот познат во јавноста како „Синџир“, предметниот јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за...

Топ2 дена

Кривични против осум лица и три фирми по несреќата на автопатот Скопје – Куманово кога загинаа татко и син

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против Д.Д.(40), Д.М.(59), П.Г.(42), П.М.(56), С.С.(39) и...

Македонија2 дена

Мицкоски патува во Брисел: Ќе ја пренесам фрустрацијата на народот, пречките за ЕУ се вештачки наметнати

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани,...

Свет2 дена

Будимпешта се подготвува за поплави – се поставуваат бариери пред куќите и брани околу Дунав, за викендов најавена опасноста

Во градовите северно од Будимпешта властите поставија мобилни брани за да ги ограничат поплавите од Дунав. Будимпешта се подготвува за...