Забава
Принцот Вилијам за Денот на вљубените бил со својата љубовница
Во продолжение на скандалите во британското кралско семејство, набргу откако принцот Хари ги објави своите мемоари, во кои разоткри доста непријатни работи за семејството, неколку портали и весници во Британија се осврнаа на нов скандал поврзан со принцот од Велс, Вилијам, кој воедно е и престолонаследник, тврдејќи дека Денот на вљубените го поминал со наводната љубовница, поранешна најдобра пријателка на сопругата Кејт Мидлтон.
И шпанскиот весник „Марка“ пренесува некои изненадувачки тврдења за личниот живот на принцот Вилијам, постариот син на британскиот крал Чарлс Трети. Весникот се повикува на британски портали, кои откриваат дека уште еден проблем создава клин меѓу Вилијам и Кејт во нивниот брак.
Според истите извори, Вилијам својот Валентајн го поминал со Роуз Ханбери. Тие биле видени како уживаат во романтична вечера заедно.
„Дејли мејл“ пред неколку недели објави дека Кејт била слушната како вели дека не очекува Вилијам да ѝ подари цвеќе на Денот на вљубените бидејќи тоа веќе не е традиционално за нив.
Оваа приказна потекнува од средината на 2019 година кога се појавија фотографии од Вилијам на вечерна средба со Ханбери, која до тој момент била најдобрата пријателка на Кејт. Фотографиите покажаа дека се многу блиски, па дури и се бакнуваат, што предизвика сугестии дека имаат афера.

Ханбери претходно работела како модел во истата агенција како Кејт Мос и сега има 35 години.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Без филтри, шминка и апликации за разубавување – Адријана Лима го покажа своето вистинско лице
Адријана Лима се смета за една од најубавите жени во светот. Нејзината убавина и заводлив поглед ги освоија луѓето ширум светот, особено познатите дизајнери и модни куќи за кои таа е вечна инспирација и муза.
Често ја гледаме во гламурозни стајлинзи кои привлекуваат воздишки и погледи, но многу ретко во лежерни комбинации. Сепак, сега таа одлучи да нè изненади сите и да ни покаже сосема природен изглед.
Адријана Лима неодамна беше фотографирана на аеродромот во Буенос Аирес, а ги пречека фотографите на странските медиуми со широка насмевка. Познатата Бразилка носеше лежерна комбинација за оваа пригода – широки фармерки и најобична бела маица, кои ја истакнуваа нејзината фигура слична на модел.
Додаде црни очила за да го скрие погледот од љубопитните фотографи, но оваа намера не успеа. Косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за ниска пунџа која го откриваше нејзиното лице.
New : Adriana Lima at the airport in Buenos Aires pic.twitter.com/HysmUyZs9U
— Victoria’s Secret Actu (@vsactu) February 7, 2026
Со овој изглед, Лима докажа дека не ѝ треба скапа шминка или апликации за убавина за да изгледа беспрекорно.
Затоа, меѓу другото, таа е најбараниот ангел на „Викторијас Сикрет“!
Забава
„Невидливи“ процедури: Прекрасното лице на Мишел Фајфер на 67 години не е дар од природата
Познатата актерка Мишел Фајфер (67), иако одамна е во седмата деценија од животот, воодушевува со својот изглед на секој чекор. На нејзиното последно појавување, таа шармираше со лежерно модно издание, меѓутоа, многу повеќе се зборуваше за нејзиното прекрасно лице.
Познато е дека Мишел изгледа младешки, но со голо око не можете да видите никакви козметички процедури на нејзиното лице и речиси е невозможно да се утврди дали и што точно си направила.
Според естетскиот хирург д-р Пол Банвел, сјајот и убавината на Мишел Фајфер лежат во внимателното одржување, а не во магијата. Сепак, јасно е дека актерката не сака да ги избрише своите години.

Michelle Pfeiffer arrives at the 49th Annual AFI (American Film Institute) Lifetime Achievement Award Gala Tribute Celebrating Nicole Kidman held at the Dolby Theatre on April 27, 2024 in Hollywood, Los Angeles, California, United States. (Photo by Xavier Collin/Image Press Agency)
Според докторот, можно е актерката да имала конзервативен лифтинг на лицето и лифтинг на вратот, заедно со лифтинг на веѓите и очните капаци, пишува Дејли меил.
Со оглед на тоа што Мишел има одличен тен, д-р Банвел тврди дека хемискиот пилинг и ласерските третмани се одговорни за ова.
Едно е сигурно, ова не е резултат на еден третман, туку на повеќе години инвестирање, со мали количини на ботокс инјектирани за да се спречи нејзиното лице да изгуби движење.
Според д-р Пол Банвел, „импресивно острата дефиниција по должината на вилицата и вратот е веднаш забележлива“.

Michelle Pfeiffer attends the Los Angeles Premiere of “Stardust” held at the Paramount Pictures Studios in Hollywood, California, on July 29, 2007. Copyright 2007 by Popular Images
„Иако добрата нега на кожата и здравиот начин на живот сигурно играат улога, ова ниво на структурна поддршка често укажува дека таа можеби имала корист од внимателно осмислено хируршко одржување во одреден момент“, објасни хирургот.
Важно е што сè изгледа беспрекорно, а Мишел Фајфер не добила „ново лице“, туку само подобра верзија од нејзиното „старо лице“.
Забава
Без опрема или гладување: Предизвикот од 4 минути и 28 дена ќе го доведе вашето тело до совршенство
Дали сакате предизвици? Прифатете го овој предизвик и доведете го вашето тело во врвна форма.
Планкот е една од најефикасните вежби за тонирање на телото. Оваа вежба ќе ви помогне да ги стопите мастите и да ги зајакнете мускулите на грбот, стомакот, задникот, рацете и нозете.
Планкот го препорачуваат многу тренери, но многу е важно да бидете упорни и дефинитивно ќе видите резултати за еден месец. Ако сакате да имате тело на супермодел, тогаш ви предлагаме да го прифатите овој предизвик!
Треба да ја правите оваа вежба секој ден во текот на 4 недели или 28 дена. Прво, започнувате со 20 секунди, а до крајот на следната недела, треба да можете да ја држите цели 4 минути.
Најважно при изведување на оваа вежба е да се заземе вистинската положба. Треба да го држите телото во права линија, „како даска“ ако сакате да видите резултати. Дишете длабоко додека го правите планкот и фокусирајте се на тоа да го држите телото во права линија.
Откако ќе се најдете во вистинската положба, подготвени сте да се соочите со „Предизвикот со планк“!

Ден 1 – 20 секунди
Ден 2 – 20 секунди
Ден 3 – 30 секунди
Ден 4 – 30 секунди
Ден 5 – 40 секунди
Ден 6 – Одмор
Ден 7 – 45 секунди
Ден 8 – 45 секунди
Ден 9 – 60 секунди
Ден 10 – 60 секунди
Ден 11 – 60 секунди
Ден 12 – 90 секунди
Ден 13 – Одмор
Ден 14 – 90 секунди
Ден 15 – 90 секунди
Ден 16 – 120 секунди
Ден 17 – 120 секунди
Ден 18 – 150 секунди
Ден 19 – Одмор
Ден 20 – 150 секунди
Ден 21 – 150 секунди
Ден 22 – 180 секунди
Ден 23 – 180 секунди
Ден 24 – 210 секунди
Ден 25 – Одмор
Ден 26 – 210 секунди
Ден 27 – 240 секунди
Ден 28 – Колку што можете да издржите
Иако на прв поглед вежбата може да изгледа како лесна задача, откако ќе почнете да вежбате ќе ја видите вистинската сериозност на оваа вежба. „Планкот“ ги топи салото на стомакот, ги затегнува мускулите на стомакот и задникот, а исто така влијае и на обликувањето на мускулите на рацете, нозете и рамената.
Значи, сè што ни треба. За 28 дена ќе видите резултати што ќе ве воодушеват.

