Забава
Принцот Вилијам: Ова веројатно беше најтешката година во мојот живот, беше страшно
Принцот Вилијам изјави дека 2024 година е најтешката година во неговиот живот. Во интервјуто што го даде за време на посетата на Кејп Таун изјави дека изминатите неколку месеци му биле многу тешки, пишува „Дејли мејл“.
Тој додаде дека, без оглед на тоа, многу се гордее на својата сопруга Кејт и на таткото Чарлс, кои „достоинствено и храбро се справуваат со здравствените битки“.
„Искрено? Беше ужасно. Ова беше веројатно најтешката година во мојот живот. Навистина тешко беше да се обидам да пребродам сè и да одржувам сè на вистинскиот пат. Но, јас многу се гордеам со мојата сопруга, се гордеам и со мојот татко за сето она со кое тие се справија. Од лична семејна гледна точка, да, беше брутално“, рече Вилијам.
На прашањето како е неговата сопруга, тој одговорил: „Добро“.
За потсетување, на Кејт Мидлтон ѝ беше дијагностициран рак во февруари. На крајот на септември таа сподели во трогателно видео дека завршила со хемотерапија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Огромниот дијамантски ѓердан на Марија Антоанета продаден 4,5 милиони евра, поврзан е со скандалот поради кој заврши на гилотина
Ѓердан обложен со дијаманти, за кој се верува дека е поврзан со скандалот што го забрза падот на последната француска кралица Марија Антоанета во 18 век и доведе до нејзиниот трагичен крај, вчера беше продаден на аукција во Женева за 4,26 милиони швајцарски франци (околу 4,55 милиони евра).
Ѓерданот, во кој се вградени 300-каратни дијаманти, пред аукцијата се проценуваше на приближно 2,13 милиона евра, објави претходно аукциската куќа „Сотби“, пренесува „Ројтерс“.
Парчето накит беше во центарот на скандалот во 1780 година, познат како „Аферата на дијамантскиот ѓердан“, во кој благородничката Жана дела Моте, преправајќи се дека е француската кралица Марија Антоанета, зела ѓердан од златарница во име на кралицата, без да плати за тоа.
Судењето ја прогласи кралицата за невина, но скандалот ги подгреа шпекулациите за екстравагантноста на Марија Антоанета, што, меѓу другото, ги поттикна француските револуционерни власти да ја осудат на гилотина.
Забава
Една поинаква Нова година со Иван Босиљчиќ во Македонската опера и Балет
Почнете ја новата 2025 година ексклузивно, со енергија, стил и уникатно искуство, кое ќе ги надмине сите новогодишни прослави досега! Оваа година Македонската опера и Балет и „Прагма продукција“ ви нудат пречек, кој е сѐ, само обичен не. Новогодишна ноќ под знакот на музиката, хуморот и незаборавната забава, со специјалното музичко кабаре-шоу на Иван Босиљчиќ, проследено со „афтер парти“, што ќе трае до изгрејсонце.
Замислете, новогодишна ноќ исполнета со луксузна атмосфера, раскошно кабаре и стендап-хумор, што ќе ви измами искрена насмевка. Иван Босиљчиќ, човекот чија харизма, едноставно, хипнотизира, ќе ви понуди уникатно шоу, полно со хитови, хумор и искрени емоции. Тој ќе ве води низ една магична ноќ, во која секоја нота и секоја шега ќе создадат атмосфера на интимност и гламур носејќи ве на патување низ најдобрите песни и приказни.
Но, тоа не е сè! Тука магијата не завршува! По шоуто, сè уште нема да биде време за спиење – вистинската забава дури тогаш почнува! Eксклузивна ретро „афтер парти“ во малата сала на Македонската опера и Балет, каде што Вера Јанковиќ ќе го одржи пулсот на вечерта со својата енергија и безвременски ретро хитови. Оваа ретро вечер ќе биде вистинско враќање во времето кога музиката зборуваше сама за себе.
Забава
Новогодишно музичко шоу со кабарето „Еуфорија“ на 30 декември во Македонската опера и Балет
На 30 декември Македонската опера и Балет ќе блесне како никогаш досега бидејќи доаѓа кабарето „Еуфорија“ – спектакл што ќе ги помести границите на забавата и уметноста. Ова не е само обично шоу – тоа е брилијантна фузија на уметност, гламур и страст, што ги обединува сите генерации.
Овој уникатен настан носи повеќе од 30 артисти – танчари, акробати, балерини, вокалисти и актери, една нова генерација креативци, кои со својот талент, иновативни идеи и страст го претвораат секој момент во жива уметничка сцена. Со над 130 спектакуларни костими, танцувајќи во експлозивен ритам, изведувачите ќе ви раскажат една исклучителна приказна – приказна што ги спојува стилот, танцот и музиката во три сегменти. Првиот дел – класичното кабаре, кое ќе ве пренесе во светот на елеганцијата и ретро гламурот. Вториот дел – модерното кабаре, кое оживува со смели движења, акробации и моќна енергија, што го истакнува современиот дух на сцената. Финалето ќе ве понесе со најголемите балкански и светски хитови претворајќи ја сцената во еуфорична забава.
Секој момент е прецизно осмислен за да создаде незаборавно искуство. На 30 декември ќе ве потсетиме зошто уметноста не треба само да се гледа, туку и да се почувствува. Затоа, подгответе се за вечер што ќе го разбуди секое ваше сетило и придружете ни се.