Контакт

Забава

Принцот Ендру ги дoби клучевите од Фрогмор, но нема да го напушти својот дом

Објавено пред

Војводата и вовјвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл, примија известување да се иселат од Фрогмор Котиџ претходно оваа година, а упатените открија дека овој кралски имот ќе му биде доделен на принцот Ендру, братот на кралот Чарлс Трети.

dobivaj vesti na viber

Од него се очекува да го напушти својот дом – Ројал Лоџ, кој се наоѓа во големиот парк во Виндзор, и да се пресели во куќата што ја користат принцот Хари и Меган кога престојуваат во Британија.

Но, принцот Ендру нема да го напушти својот сегашен дом, објави австралискиот „Океј магазин“, кој се повикува на извор близок до братот на кралот.

Наводно, на принцот Ендру неодамна му биле дадени клучевите од Фрогмор Котиџ и се очекува преселувањето да се изврши до лето.

Сепак, инсајдерот вели дека тој не ја напушта палатата Ројал Лоџ без борба.

Војводата од Јорк е решен да ја задржи својата вила со 30 соби во големиот парк Виндзор, односно кралските пејзажни градини.

Изворот тврди: „Ендру е категоричен дека останува во Ројал Лоџ до крајот на закупот. Тој нема да се пресели во Фрогмор без борба. Ројал Лоџ е неговиот дом и тој ќе направи сè што е во негова моќ да остане на имотот“.

„Јуџини моментно престојува таму за да помогне да се преселат работите на Хари и Меган, а татк о ѝ се обидува да се задржи во Ројал Лоџ. Примопредавањето се очекува во јули или август, но тој не оди никаде“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија по инцидент што пејачот го предизвикал зад сцената

Објавено пред

Холандскиот пејач Јост Клајн е дисквалификуван од Евровизија по инцидент зад сцената.

dobivaj vesti na viber

Изведувачот нема да пее на денешното финале на Евровизија, откако членка на продуцентската екипа до шведската полицја изнесе наводи за заплашување.

„Не би било соодветно да го продолжи натпреварот додека трае истрагата“, објави Европската радиодифузна унија (ЕБУ), организатор на Евровизија.

„Сакаме јасно да ставиме до знаење дека, спротивно на некои медиумски извештаи и шпекулации на социјалните мрежи, во овој инцидент не се вклучени други изведувачи или членови на делегацијата“, се додава во соопштението.

ЕБУ вели дека инсистира на политика на нулта толеранција за какво било несоодветно однесување и е посветена на безбедна и сигурна работна средина за сите што учествуваат на натпреварот.

Во овој поглед, однесувањето на Јост Клајн кон член на тимот се смета за кршење на правилата на натпреварувањето, додаваат од ЕБУ.

Клајн беше меѓу фаворитите за победа.

Исклучувањето на Холандија значи дека во финалето нема да има 26, туку 25 земји.

 

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Хрватскиот претставник на „Евровизија“ со радост го дочека пласманот на Србија во финалето

Објавено пред

Во моментот кога Србија беше прогласена за финалистка на Евровизија, Теја Дора и нејзиниот тим скокаа и се радуваа, а реакцијата на претставникот на Хрватска, Бејби Лазања го привлече вниманието на многумина, пренесуваат српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Тој беше пред нашата претставничка во бекстејџот, а кога слушна дека Србија оди во финале почна да се радува и удира со рака на подот, а потоа се поздравија со Теја Дора“, пишува „Сити магазин“.

Во големото финале на Евровизија, пласман од земјите од регионот обезбедија Србија, Хрватска и Словенија.

Прикажи повеќе...

Забава

Хороскопски знаци кои ги очекува голем прилив на пари до крајот на следната недела

Објавено пред

ОВЕН

dobivaj vesti na viber

Пред вас е уште една успешна недела за пари. Парите се лепат за вас, a покрај пари ќе добиете и вредни подароци.

БИК

Планетите во вашиот знак ви даваат одлични можности на сите полиња од животот. Моментално сте еден од најмоќните знаци на Зодијакот, па ќе имате и многу пари.

ЈАРЕЦ

Со помош на креативна енергија и уникатни идеи, можете да заработите пари на основа на големи проекти.

СТРЕЛЕЦ

Добрите аспекти на Сатурн ќе поттикнат да ги добиете парите што сте ги заработиле со напорна работа. Тоа може да биде работа што ја работите од дома, како и дополнителен проект со скратено работно време.

Хороскопскиот знак кој треба да игра игри на среќа е Риби.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

„Договорени се општите начела за идната Влада“ – заврши средбата на ВМРО-ДПМНЕ со Влен

Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски,...

Македонија4 часа

Мицотакис ја повика новата Влада да го почитува преспанскиот договор: „Ако не се случи тоа, ќе имаме проблем“

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, во интервју за грчката телевија „Алфа“ повика на почитување на Преспаснкиот договор, од страна на новата...

Македонија5 часа

Силјановска на нејзиниот роденден го доби уверението за претседател, ДИК и’ посака успешен мандат

Државната изборна комисија и’ го издаде уверението за избран претседател на Гордана Силјановска Давкова, која денес го прославува својот 71....

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да нè поколебаат тактики или закани за поделби

„ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. Македонскиот народ се изјасни низ...

Македонија6 часа

Силјановска Давкова ќе биде шестиот претседател на Македонија – ДИК објави конечни резултати од гласањето

Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од гласањето на претседателските избори на 8 мај, констатирајќи дека за претседател е...

Свет6 часа

Израел ги повика Палестинците од централниот дел на Рафа да се евакуираат, повеќе од 150.000 луѓе веќе го напуштиле градот

Израелската армија утринава ги повика жителите на населбата во централниот дел на градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа...

Спорт7 часа

„Тоа беше несреќа“ – Новак Ѓоковиќ проговори и откри како се чувствува по инцидентот со шишето

Новак Ѓоковиќ се огласи по непријатноста што ја доживеа кога го напушташе теренот во Рим, и потпишувајќи автограми случајно беше удрен...

Свет8 часа

ОН го предупредија Израел да не го напаѓа Рафа: Тоа би предизвикало епска хуманитарна катастрофа

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ја предупреди израелската армија да не го шири нападот врз градот Рафа во...

Свет8 часа

САД: Можно е Израел да го прекршил меѓународното право со нашето оружје

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден вчера објави дека Израел можеби користел оружје добиено од САД со кршење на меѓународното...

Македонија23 часа

ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат

Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува...

Македонија1 ден

Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“. Беше констатирано...

Македонија1 ден

Пеевски до Мицкоски: Од вас се очекува правилно да го исполните договорот, Бугарија направи голема работа

Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешнополитички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан...

Македонија1 ден

Главчев: Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи европската перспектива, повеќе нема да правиме отстапки

Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива. Од наша страна, немаме каде да правиме повеќе отстапки....

Македонија1 ден

Џафери не кажа дали е подготвен да оди во опозиција: Тоа е прашање што зависи од исходот на преговорите за состав на нова влада

По отчетот за 100-те дена техничка Влада, техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е фокусиран на обврските од сегашната Влада,...

Македонија1 ден

(Видео) Првиот премиер Албанец на Македонија: Со мирна совест можам да кажам дека она што го најавив пред сто дена и го спроведов

Претседателот на Владата, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека се обврзал пред граѓаните оти ќе овозможи слободно изразување на...

Македонија1 ден

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за...

Скопје1 ден

Падна дрво во населбата Автокоманда во Скопје

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“...

Европа1 ден

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот...

Свет1 ден

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни...

Свет1 ден

Орбан по средбата со кинескиот претседател: Ја прошируваме соработката и во нуклеарната индустрија

Кина и Унгарија ќе тргнат на „златно патување“ во билатералните односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со унгарскиот...