Забава
Принцот Хари и Меган заедно промовираат онлајн-безбедност
Принцот Хари и Меган помагаат да се финансираат проекти за безбедност на интернет за млади луѓе, лично телефонирајќи им на некои од примателите.
Ова е нивното прво заедничко појавување во јавност по церемонијата на доделување награди и хаотичната бркотница со автомобили во Њујорк во мај.
Тие беа прикажани рамо до рамо, наведени во видео како „Хари и Меган“, без никаква референција на нивните кралски титули.
Фондацијата „Арчивел“ на двојката е една од 14-те групи и добротворни организации, кои донираат вкупно 2 милиона долари (1,56 милион фунти).
По низата шпекулации за иднината на парот, видеото на принцот и неговата сопруга ги прикажува како контактираат со некои од 26-те проекти, кои добиваат финансирање од Фондот за одговорна технологија за млади.
Целта е да се поддржи поправедна и поинклузивна технологија и да се изнајдат начини да се направи животот на интернет помалку токсичен за младите луѓе.
Меган, која говори за притисокот од соочување со непријателски коментари на интернет, го пофали големиот ефект што може да се постигне во справувањето со штетните аспекти на социјалните мрежи и дезинформациите на интернет.
Износот дониран од „Арчивел“ не е наведен, но Триша Прабху рече дека нејзиниот проект за сајбер-булинг, ReThink Citizens, добил 50.000 долари (39.000 фунти) од фондацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Претставничката на Израел по Евровизија: Би било лага ако кажам дека беше лесно
Еден Голан, претставничката на Израел на овогодишниот избор за песна на Евровизија, се огласи на „Инстаграм“ по завршувањето на натпреварот.
„Од каде да почнам? Прво би сакала да кажам дека сум горда на тоа колку далеку стигнавме. Благодарна сум за привилегијата да ја претставувам мојата земја, особено во овие тешки времиња. Од моментот кога го почнавме ова патување, нашата цел отсекогаш беше да го споделиме силниот глас на Израел на една од најголемите сцени. Би било лага ако кажам дека беше лесно, но вашата поддршка и љубов ми дадоа сила да продолжам и да ја дадам најдобрата изведба што можеше“, напиша таа.
„Би сакала да им се заблагодарам на сите што ме поддржаа од целиот свет, на мојата земја, на членовите на делегацијата и на моето семејство, кои едвај чекам да ги видам и гушнам. И секако, благодарам на сите што гласаа бидејќи Благодарение на вас, моето учество на натпреварот за песна на Евровизија го посветувам на гласовите што не можеме да ги слушнеме – киднапираните. Очајнички чекаме да се вратите дома“, рече таа.
За потсетување, Израел на овогодинешниот Евросонг заврши на петтото место со 375 гласови, од кои 323 од публиката. Учесничката се соочи со свирежи за време на нејзиниот настап поради војната во Газа, а непосредно пред одржувањето на натпреварот пред арената имаше големи пропалестински протести.
Забава
Илјадници луѓе го пречекаа Бејби Лазања на плоштадот во Загреб, тој се расплака
По историскиот успех на Евровизија, односно второто место, Бејби Лазања денеска се врати дома.
Тој беше пречекан од илјадници луѓе на плоштадот во Загреб.
Пејачот двапати ја испеа Рим Тим Таги Дим за публиката, а присутните пееја и танцуваа со него. Меѓу нив беше и градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ. Во еден момент, Лазања заплака на сцената.
„Лесно ми е мене, важно е луѓето да се среќни“, скромно рече тој, пренесува хрватски „Индекс“:
Тој призна дека не очекувал толку голем одѕив на дочекот.
„Очекував можеби сто луѓе“, додаде.
Бејби Лазања по излегувањето на сцената покрај хрватската делегација изјави дека сè направил сам со тимот, а медиумот потсетува дека Лазања беше резервен избор на ХРТ за Евровизија.
Според гласовите на публиката, хрватскиот претставник победи во Малме.
Забава
(Видео) Koj е Немо – победникот на Евровизија
Благодарение на гласовите од жири комисијата Немо од Шварцарија победи на изборот за песна на Евровизија со песната „Код“.
Немо се опишува себе си како небинарна личност, што значи дека не се декларира како маж или жена, туку како „тие“.
Немо (25) е рапер, пејач и музичар кој свири виолина, пијано и тапани. Досега имаат издадено три албуми, а песната „Du“ беше четврта на швајцарските топ листи во 2017 година.
Швајцарија немаше конкурс за песната да ја испрати на Евросонг, но интерно ја избраа песната ‘Код’. За изборот се пријавиле 472 песни, а жирито го сочинувале најмалку 240 меѓународни членови од публиката и 30 членови на стручно жири од 20 земји.
Критиките по финалето и неговата победа се поделени, а немалку коментираат дека се изненадени од победата и дека повторно жири комисијата ја надгласала публиката која ја избра Хрватска – некрунисаниот морален победник, но има и коментари дека е направен вистински избор, додека хрватската песна е копија на оние на „Рамштајн“.
„Кодот е за патување започнато со сознанието дека не сум ниту маж ниту жена. Пронаоѓањето на себеси беше долг и често тежок процес за мене. Но, ништо не е подобро од слободата што дојде со сознанието дека сум небинарна личност“, вели Немо.