Забава
Принцот Хари и Меган објавија последна порака како членови на кралското семејство
Принцот Хари и неговата сопруга Меган ја објавија својата последна порака како членови на британското кралско семејство, а својата кариера ја продолжуваат без титулите ваше височество, објави „Ројтерс“.
Според договорот постигнат со британската кралица (93), одлуката ќе биде валидна од 1 април.
Меган Маркл (38) и принц Хари (35) неодамна ја напуштија Велика Британија, првин се преселија во нВанкувер, а потоа во Лос Анџелес. Британските медиуми пишуваат дека таму Маркл ќе се обиде да ја обнови актерската кариера, од која се откажа поради кралската фамилија.

Од утре и официјално престануваат да бидат дел на монархијата со сите титули, но и должности. За Меган и Хари, почнува нов живот, финансиски независен, а на тој пат тие се простија и од популарниот кралски профил на „Инстаграм“, каде што ги следеа повеќе од 11 милиони луѓе.
„Ние вртиме ново поглавје во нашите животи и сакаме да придонесеме за светот на поинаков начин. Иако можеби нема да нè видите повторно тука, нашата работа продолжува. Ние веруваме дека секоја личност на овој свет има потенцијал да направи разлика. Ви благодариме за поддршката, инспирацијата и ангажманот за да го направиме светот подобро место за живеење. Со нетрпение очекуваме некоја нова можност, вие бевте одлични. Дотогаш внимавајте на себе и на вашите најблиски“, напишаа Меган и Хари во прошталната објава на својата страница „Сасекс ројал Инстаграм“.
Тие од денес ќе мора самите да се финансираат и повеќе нема да користат кралски титули. Веќе е познато дека нема да може да го користат зборот кралски за своите брендови.
Кога војводата и војвотката од Сасекс објавија дека ќе се откажат од своите улоги во монархијата за да станат финансиски независни, тоа беше шок за британскиот естаблишмент и тема на интензивна дебата во целата земја и пошироко.
Без оглед на сите главоболки што ѝ ги предизвикаа, кралицата истакна дека тие секогаш ќе бидат сакани членови на семејството и дека ќе продолжат да присуствуваат како гости на поголемите кралски настани.

<> on July 10, 2018 in London, England.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Меланија Трамп ја украси Белата куќа за Ноќта на вештерките
Меѓу контроверзиите околу градежните работи во Белата куќа, Меланија Трамп ги покажа своите декорации за Ноќта на вештерките, подготвувајќи се за традиционалната прослава што ќе се одржи недалеку од срушеното Источно крило.
Нејзината канцеларија објави фотографии од подготовките со порака: „Белата куќа се подготвува за Ноќта на вештерките 🎃“.
The @whitehouse is getting ready for Halloween 🎃 pic.twitter.com/J7LAs6hqfl
— Office of the First Lady (@FirstLadyOffice) October 28, 2025
Есенска атмосфера и многу тикви
За разлика од претходните години, Меланија се чини дека се одлучила за поедноставна декорација за претстојната Ноќ на вештерките. Задниот влез и скалите се покриени со тикви, додека шарени лисја ги красат столбовите на тремот. Целокупниот впечаток повеќе потсетува на есенска тема отколку на Ноќта на вештерките, што можеби била намерна одлука за да не се исплашат најмладите гости кои доаѓаат на традиционалното собирање слатки.
Забава
Меган Фокс за мајчинството: Не сум спиела седум месеци
Американската актерка Меган Фокс (39) искрено проговори за предизвиците на мајчинството по раѓањето на ќерката Сага, која ја доби со свршеникот Колсон Бејкер.
На проекција на филмот Jennifer’s Body во Лос Анџелес, Фокс откри дека по породувањето, се соочува со силна исцрпеност.
„Само што родив бебе и страдам. Не сум спиела седум месеци“, изјавила таа објаснувајќи дека има тешкотии со концентрацијата и со меморијата.
Актерката додала дека по породувањето, се споредила со трансформацијата на својот лик во чудовиште од филмот, алудирајќи на психолошките промени што ги чувствува.
Иако постојат шпекулации за развод, таа и сопругот останале заедно и по тешкиот период, вклучувајќи го губењето на бременоста во 2023 година, што Меган го опиша како длабоко емотивно и болно искуство.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон во спектакуларен фустан: актерката во креација на „Валентино“ по шест години
Популарната актерка Дакота Џонсон блесна на настанот Vogue World 2025: Hollywood кога се појави во спектакуларен фустан од модната куќа „Валентино“ и покажа зошто е една од најзаводливите холивудски ѕвезди.
Интересно е што таа не ги носела креациите на оваа престижна италијанска модна куќа на црвениот тепих веќе шест години, но соработката е обновена и сигурно ќе уживаме во нејзините спектакуларни изданија и во наредниот период.
@dakotajohnsonarg this cutieeeee!!! 💗🤏🏻🥹 #dakotajohnson #VogueWorld #vogue #voguemagazine #hollywood ♬ what is love haddaway – whitelinesprettybabyy
Дакота, во соработка со стилистката Кејт Јанг, избра многу впечатлива креација од колекцијата пролет 2026, фустан украсен со мониста во нежни, пастелни бои по целата должина.
Инспириран е од 20-тите, а е посебен поради везот на деколтето и делумно проѕирниот дел од тил во нежно розова боја. Друг интересен детаљ е високата јака, која исто така е изработена од тил, но во друга боја. Со овој фантастичен фустан Дакота избра нежно розови чевли од „Валентино“, како и дискретен накит.
@gbr.mag me encontro obcecada pelo look da dakota johnson no vogue world 🥹🤍 #tiktokfashion #dakotajohnson #vogueworld #fashion #moda ♬ original sound – lana del rey ୨୧
Провокативната и ефектна комбинација ја комплетира со црна чанта, а додека фотографите ја фотографираа, таа не можеше да ја тргне насмевката од лицето.
фото: принтскрин

