Забава
Принцот Хари и Меган поканети на јубилејот на кралицата, но нема да имаат централна улога
Кралицата Елизабета Втора ги поканила војводата и војвотката од Сасекс да му се придружат на кралското семејство на балконот на Бакингемската палата на парадата Trooping the Color во јуни по повод нејзиниот роденден, тврдат извори блиски до палатата.
Но, неработните членови на палатата, или фирмата, како што ја нарекуваат британските медиуми, не можат да учествуваат во парадата или да имаат некоја централна улога во јубилејни настани.
Ова ја прави многу мала веројатноста дека парот ќе има улога во прославата на кралицата по повод 70 години на тронот.
Се разбира дека најголема желба на нејзиното височество е да го види своето семејство повторно обединето на балконот за време на четиридневната прослава, пишува „Експрес“. Но, извори блиски до палатата рекоа дека овие тврдења се шпекулации и дека Бакингемската палата одбила да ги коментира.
Хари и Меган се сретнаа со Чарлс, Камила и кралицата во замокот Виндзор во четвртокот за време на нивната прва средба лице в лице по повеќе од две години. Војводата од Сасекс му понуди „маслиново гранче“ на својот татко пред тој и Меган да пристигнат на тајни разговори, објавија британски медиуми. Тие цитираат инсајдер во врска со посетата на Обединетото Кралство во четвртокот. „Хари го контактираше својот татко и тој изјави желба да се сретнат,“ вели изворот близок до палатата.

Наводно, Хари и Меган ѝ ветиле на кралицата дека ќе ги прегрне своите правнуци Арчи и Лилибет во блиска иднина.
Блескавата двојка следниот ден пристигна во Холандија за да се сретне со натпреварувачите на игрите „Инвиктус“ – нивно прво појавување заедно во Европа по ‘Мегзитот’ пред две години.
А што се однесува до претстојната роденденска прослава на Елизабета Втора, палатата стравува дека појавувањето на Хари и Меган може да го засени јубилејот на кралицата.
Според кралскиот автор Фил Дампиер, ќе бидат потребни детални преговори и балансирање за да се избегне двојката да го засени настанот.
„Ќе мора однапред да се знае на кои настани ќе бидат видени и да биде договорено сите да пеат од истиот лист песни“, изјави тој за „Мејл онлајн“.
Кралицата во јуни ќе слави седум децении владеење. Платинестиот јубилеј ќе се прославува во целата земја со продолжен празничен викенд од 2 до 5 јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Девојка постави билборди дека бара сопруг – 4.000 мажи ѝ се јавиле
Во денешно време не е лесно да се пронајде вистинската личност, па една жена се одлучила на прилично необичен потег. Лиса Каталано (42) од Сан Франциско вложила илјадници долари во џамбо билборди и реклами на такси возила со пораката „Ожени ме“, а на нејзиниот повик се јавиле повеќе од 4.000 мажи, наведува „Kалифорнија пост“.
„Луѓето ќе бидат шокирани колку потрошив. Сигурно ќе објавам преглед на трошоците кога сè ќе заврши и кога ќе се верам“, рекла Каталано.
Илјадници долари за реклами низ градот
Како што вели, најголемиот дел од парите отишле за џамбо билборди покрај автопатот 101 меѓу Санта Клара и Јужен Сан Франциско. Бидејќи во самиот Сан Франциско нема такви билборди, таму се одлучила за дигитални екрани на такси возила, кои во еден момент биле околу дваесет. Со рекламите на такси возилата престанала на 1 јануари, а огласите се прикажувале во циклуси од околу триесет секунди.
@marrylisaofficial I’m trying to find a husband, and I’m doing it by renting billboard space on highway 101 in the #sanfrancisco Bay Area! 😱 #moderndating #lookingforlove #highway101 #siliconvalley ♬ original sound – Lisa
На почетокот кампањата опфаќала десетина локации за билборди, но околу октомври бројот се намалил на шест до осум. За Денот на вљубените, на два дена поставила 14 специјални билборди со порака за празникот.
Сопствена веб-страница и рачна обработка на пријавите
Освен рекламирањето, Лиса вложила и во домен и хостинг за интернет-страница што самата ја изработила, како и во промотивни материјали како визит-картички, флаери и беџови. Купила и печатач и ги покрила трошоците за хартија и мастило за самата да ги испечати и рачно да ги прегледа илјадниците пријави.
„Сè правев рачно, сама, без ничија помош“, рекла Лиса, која со години работела во технолошката индустрија, а денес работи како фриленсерка и се занимава со препродажба на винтиџ облека. Во заливската област околу Сан Франциско, каде трошоците за живот и рекламирање се многу високи, целиот потфат, како што вели, ја чинел илјадници долари.
Од 4.000 пријави до првите состаноци
Откако добила повеќе од 4.000 пријави, Лиса секоја ја прочитала и изборот го стеснила на 50 мажи, потоа на 20, па договорила пет први состаноци. Вели и дека секој кандидат со кој излегува мора да потпише договор за доверливост, за да се заштити и себе и неа.
Иако сè уште не е во ексклузивна врска, 42-годишната жена вели дека ужива во состаноците и запознавањето нови луѓе. Денот на вљубените го поминала со маж со кој се гледа околу еден месец.
Забава
Ќерката на Деми Мур и Брус Вилис: Работам на четири места за да го издржувам своето дете
Румер Вилис, ќерка на холивудските актери Брус Вилис и Деми Мур, одлучи да одговори на коментарите на социјалните мрежи, појаснувајќи дека самата ја издржува својата ќерка Луета без никаква финансиска помош од своите славни родители.
Откако во понеделникот на својот Инстаграм објави видео за мајчинските обврски, како подготовка на оброци и вежбање, Румер Вилс се соочи со несакани коментари. Подоцна се огласи преку Инстаграм, посочувајќи на авторите на коментарите поради, како што рече, неинформираност и безобразлук.
Самохраната мајка, која ќерката ја има со поранешниот партнер Дерек Ричард Томас, откри дека работи повеќе работи за да се издржува и нагласи дека не добива финансиска помош од родителите.
„Работам четири различни работи за да ја издржувам својата ќерка. Јас сум нејзиниот единствен старател. Не живеам од семеен фонд ниту добивам пари од родителите. Поголемиот дел од времето немам никаква помош околу неа“, порача таа. „Затоа, што велите да застанете малку пред да почнете да осудувате и да носите претпоставки.“
Бидејќи коментарите продолжиле, Вилис се осврна и на конкретна забелешка од корисник дека, во случај на нужда, секогаш може да се потпре на „грбот“ што ѝ го обезбедува семејството. Во нова објава на Инстаграм дополнително го појасни својот став за претпоставките што луѓето ги имаат за неа како мајка и како личност.
„Многу сум свесна дека во животот имам привилегии што многумина ги немаат и не го земам тоа здраво за готово“, рече таа. „Знам дека постојат реалности што никогаш нема целосно да ги искусам и тоа го почитувам. Но оваа објава не се однесуваше на привилегии или споредување на животни околности, а изгледа дека луѓето претпоставуваат дека сум го занемарила тоа, иако тоа не беше темата за која сакав да зборувам.“
Дополнително објасни дека своето славно семејство никогаш не го сметала за резервен план и дека е горда што може сама да ја издржува својата ќерка. Изјавата ја заврши со зборовите дека секој „се соочува со различни животни околности“ и лични борби.
Како и нејзините родители, и Румер Вилис е актерка. Се појави во филмовите, „Sorority Row“ и Once Upon a Time in Hollywood, глумеше во серијата Empire, а дебитираше и на Бродвеј.
Забава
Кои хороскопски знаци се најстроги родители
Астрологијата сугерира дека одредени хороскопски знаци во улогата на родители не отстапуваат од своите принципи и воспитуваат со дисциплина, јасни правила и високи очекувања.
Јарец
Јарците се симбол на дисциплина. Под влијание на Сатурн, воспитувањето го сфаќаат како сериозна животна мисија. Очекуваат ред, одговорност и исполнување на обврските без изговори. Иако делуваат строги, нивната љубов се изразува преку стабилност и учење на вредноста на трудот и упорноста.
Девица
Перфекционистите на зодијакот поставуваат високи стандарди. Домот им е организиран, а од децата се очекува дисциплина, добри навики и посветеност. Критиките не им се злонамерни – целта е детето да го достигне својот целосен потенцијал.
Лав
Лавовите имаат големи очекувања од своите деца и ги поттикнуваат да блескаат. Иако се топли и дарежливи, бараат почит и одговорност. Веруваат во исклучителноста на своите деца и ги туркаат напред за да успеат.
Овен
Како родени лидери, Овните ги воспитуваат децата да бидат храбри, самостојни и борбени. Не толерираат откажување и ги учат директно да се соочуваат со предизвиците.
Шкорпија
Интензивни и заштитнички настроени, Шкорпиите бараат искреност и емоционална сила. Веруваат дека карактерот се гради преку соочување со тешкотии, па воспитуваат психолошки издржливи личности.

