Забава
Принцот Хари одговори во врска со негативните коментари на Британците

Принцот Хари возврати на тврдењата дека британската јавност сака тој да замолчи навестувајќи дека не планира да престане да ја споделува својата страна на приказната.
„Има многу луѓе во Британија што ве поддржуваат, има многу луѓе во Британија што се лути на вас и посакуваат да замолчите и да престанете да зборувате за тоа“, рече Том Бредби од Ај-ти-ви во ексклузивно интервју со војводата од Сасекс.
Како одговор, принцот Хари праша: „Да престанам да зборувам за што?“
„На прашањата што ги инициравте во текот на ова интервју не зборувавте за вашето семејство, не зборувавте за печатот, за многу други работи… и мислам дека има луѓе што слушаат и си велат: троши многу време гледајќи назад, а не гледајќи напред“, му рече Том на Хари. Водителот нагласи дека војводата сакал да го напушти кралското семејство и да почне нов живот.
„Постои опасност дека премногу гледате наназад“, продолжи новинарот. „Дали се грижите за себе поради тоа“?
Во одговорот принцот Хари нагласи дека изнесувањето на неговата верзија на настаните било клучно и дека очекува реакција од јавноста за тоа.
„Јас и Меган отсекогаш знаевме дека овие два проекта и документарниот филм за „Нетфликс“ и книгата – едниот е нашата приказна, вториот главно е мојата приказна – се проекти за поглед назад“, објасни Хари.
„Тие беа неопходни, тие беа од суштинско значење за историските факти“, продолжи војводата. „Не сакам моите деца или другите луѓе на таа возраст да растат мислејќи: леле, ова се случило… не, ова не се случило…“
„Ова што го кажувам навистина се случи“.
„Секоја приказна има две страни. Тоа беше болен процес, понекогаш катарзичен, но враќањето на минатото за да може да се направат овие проекти како што треба одзеде многу енергија. И сега има големо олеснување кога двата проекта се завршени, а сега можеме да се фокусираме на гледање напред и возбуден сум поради тоа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.
Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.