Забава
Принцот Џорџ ќе го чуваат далеку од светлото на рефлекторите по критиките на социјалните мрежи
Кралски биограф тврди дека принцот Џорџ најверојатно ќе биде тргнат од очите на јавноста откако на Твитер се појавија недолични коментари за фотографиите на кои е прикажан како го гледа финалето на ЕВРО 2020.
Малиот принц ќе биде задржан далеку од светлото на рефлекторите по низата злоупотреби на социјалните мрежи насочени кон него, според кралскиот експерт Роберт Џобсон, коавтор на „Дијана: строго чувана тајна“.
Џобсон за ТВ-емисијата „Санрајс“ во Австралија изјави дека младиот принц бил исмејуван затоа што носел костум и вратоврска во ВИП-ложата на финалето на Англија против Италија на ЕВРО 2020 во неделата (11 јули).
Седумгодишното момче го следеше натпреварот со неговиот, татко принцот Вилијам, и мајка Кејт Мидлтон покрај него, и беше снимен како навива кога Англичанецот Лук Шо го постигна првиот гол на стадионот Вембли.
За жал, некои луѓе решија да упатат критики кон малото момче и, според кралскиот експерт, некое време ќе биде подалеку од очите на јавноста.

„Џорџ привлече доста големо внимание на социјалните мрежи“, рече Џобсон и додаде: „Некои беа критични кон него дека носи кошула и вратоврска како неговиот татко, што сметам дека е многу грубо. Тој беше многу популарен, но мислам дека ќе се обидат да го задржат подалеку од јавноста. Тие се свесни за тоа, иако фотографиите со татко му, принцот Вилијам, кога славеа за тој премногу краток момент беа одлични “.

А на Твитер се појавија недолични коментари за малиот Џорџ и за реакциите на татко му.
Некои ја коментираа вратоврската на малиот принц, очигледно сметајќи дека требало да го облечат во поспортска комбинација или во дрес на англиската репрезентација.
А други коментираа: „Оваа излезност на кралското семејзтво би требало да ја натера Шкотска да сака да остане во ЕУ? Апсолутно не“.
„Зошто кисели лица, ова е само игра“, напиша друг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

