Забава
„Пријатели“ ги канат фановите на дружба
Актерскиот тим на хит-комедијата „Пријатели“ во вторникот им понуди на шест фанови можност да им се придружат во претстојната двочасовна специјална епизода во рамки на кампањата „Сите вклучени“, пренесува „Ројтерс“.
Ѕвездите на една од најпопуларните ТВ-серии на сите времиња повторно ќе се најдат пред камерите во обид да соберат финансиски средства за луѓето најтешко погодени од епидемијата на коронавирус.

Емисијата со наслов „Тука ќе се сретнете со целиот тим на Пријатели“ е дел од кампањата #AllInChallenge („Сите вклучени во предизвик“) која има за цел да им се помогне на сиромашните во САД и да се спречи појава на масовно гладување поради корона-кризата. Кампањата за помош во храна за луѓето под најголем ризик поради пандемијата е поддржана од многу американски познати личности.
Ѕвездите Џенифер Анистон, Лиза Кудро, Кортни Кокс, Дејвид Швимер, Мет Лебланк и Метју Пери го објавија натпреварот на своите платформи на социјалните мрежи.
„Бидете наши лични гости во публика за снимање на нашата повторна дружба на @HBOMAX, додека се потсетуваме на серијата и ја славиме целата забава што ја имавме … и стекнете го ВИП-искуството на ‘Пријатели’ во тура низ студиото Ворнер Брос“, напиша Анистон.
„Се надеваме дека ова ќе донесе малку радост и нешто на кое се радуваме“, додаде таа.
Наградната игра вклучува кафе со актерската екипа во Централ Парк, Лос Анџелес – омиленото кафуле на „пријателите“ – на датум што треба да се одреди.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Мисицата од Брегот на Слоновата Коска упадна во претставувањето на хрватската претставничка на Мис Универзум
Хрватската претставничка Лаура Гњатовиќ се пласираше меѓу првите 30 на 74-от избор за Мис Универзум во Тајланд. Сепак, на самиот почеток, пред да се претстави на сцената, кандидатката пред неа имаше мали проблеми.
Пред Лаура, се претстави девојката од Брегот на Слоновата Коска, Оливија Јејс, која го кажа своето име и презиме, но потоа направи пауза и го повтори, што се поклопи со претставувањето на хрватската претставничка.
Por demorona, la representante de Cote D’ Ivoire que además es de las favoritas, no pudo presentarse por completo. #MissUniverso. #MissUniverse #MissUniverse2025 pic.twitter.com/T5PWPhbEiA
— Ric La Torre (@RicLaTorreZ) November 21, 2025
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
View this post on Instagram
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
View this post on Instagram
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
View this post on Instagram
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Облече најмало бикини и помисли дека никој нема да ја види: папараците ја фатија на покривот на хотел
Популарната пејачка Дуа Липа моментално е во Рио де Жанеиро за нејзината бразилска турнеја „Радикален оптимизам“, а слободното време помеѓу настапите и пробите го искористи за да се опушти.

Сепак, папараците не ја пропуштија иако беше далеку од јавноста, и ја фатија на базенот на покривот од луксузниот хотел каде што престојува.

Во тесно црно-жолто бикини, Дуа Липа го покажа своето витко, тонирано и исончано тело, особено нејзините извајани стомачни мускули кои е невозможно да не се забележат и да не се коментираат, кои не избегаа од објективите.

Снимена е додека се обидува да се завитка во парео со ист дезен како бикинито, а како моден додаток носеше очила за сонце. Долгата коса лежерно паѓаше преку грбот, а очигледно е дека немаше ни трага шминка додека го впиваше витаминот Д.
Забележлив е и нејзиниот скап веренички прстен, со кој британскиот актер Калум Тарнер ја запроси кон крајот на декември минатата година.
фото: принтскрин

