Забава
Продадени предметите од личната колекција на Хефнер
Предмети од личната колекција на основачот на „Плејбој“, Хју Хефнер, од неговата машина за пишување до првиот број на „Плејбој“ со Мерилин Монро на насловната страница, се продадени на дводневната аукција во Лос Анџелес.
Обожавателите на Хефнер, човекот постојано облечен во свилена наметка, кој е познат по забавите опкружен со голем број пријателки, платија скапо за да имаат дел од тој мит. Машината за пишување на која Хефнер го состави првото издание на „Плејбој“ во 1953 година беше продадена 162.500 долари, а неговиот личен примерок од првото издание на списанието 31.250 долари, според аукциската куќа „Џулиен“, која ја организира продажбата.

Една од неговите наметки од црвена свила правена по мерка се продаде 41.600 долари, а вијагра-прстенот од 14-каратно злато, во кој било скриено мало сино апче, е продаден 22.400 долари.
Листата на понудени предмети беше долга, јакни за мотоциклисти, лимузини, џубокс, маса за билијард од палатата на замокот, па дури и неговата ѕвезда на холивудската Патека на славните.
Американскиот актер Џим Белуши плати 3.125 долари за да добие копија од сценариото на епизодата на култната телевизиска емисија „Сабота вечер во живо“ кога Хефнер беше водител во 1977 година.
Приходите од аукциската продажба ќе одат во Фондацијата „Хефнер“, која ги штити граѓанските права, а особено слободата на изразување за што Хефнер особено се залагаше.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

