Забава
Продуцентите на Бонд сè уште не почнале да работат на 007 по ерата на Даниел Крег
Фановите на Бонд ќе мора да се стрпат и да чекаат официјална објава кој ќе биде следниот Џејмс Бонд, според продуцентката на серијалот 007, Барбара Броколи.
Во интервју за „Гардијан“, Броколи откри дека раководителите сè уште не почнале да го планираат следното поглавје од долгогодишната сага, што вклучува модернизирање на серијата.
Таа додаде дека претстои долг пат пред култниот лик на Џејмс Бонд да се осмисли за следното поглавје. Тимот е свесен дека следната инкарнација на 007 ќе мора да одрази како се променил светот 20 години откако Даниел Крег ја презеде улогата.
„Не е време за умирање“ означи крај на ерата на Крег како Џејмс Бонд. Во него Бонд не успева да излезе жив по лансирањето проектил.
Првиот ангажман на британскиот актер во смокингот на познатиот шпион беше во 2006 година во Casino Royale („Казино Ројал“). По него, следуваа Quantum of Solace („Трошка утеха“) – 2008 година , Skyfall (2012), Spectre (2015) и No Time to Die (2021).
Голем број актери се појавија на листата со можни наследници на Крег, но сето тоа се сведе на шпекулации на медиумите.
Броколи, која го води серијалот со својот полубрат Мајкл Г. Вилсон, се воздржа од каква било најава или сугестија за потенцијалниот наследник и го пофали она што Крег му го донесе на ликот.
„Даниел ни даде можност да го истражиме емотивниот живот на ликот… а и светот беше подготвен за тоа“, рече таа додавајќи со Крег сакала да се фокусира на тоа како би изгледал херој од 21 век.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Прашањето што ја збуни Израелката на прес-конференцијата по Евровизија: „Не мора да одговарате ако не сакате“
Откако беше објавено кои десет земји одат во финалето на Евровизија, се одржа прес-конференција на која беа поставувани прашања и за Израелката Еден Голан, која во финалето отиде со песната „Ураган“.
Новинар од Полска доби шанса да и постави прашање на претставничката на Израел – „Дали некогаш сте помислиле дека бидејќи сте тука ги загрозувате другите учесници и јавноста?
Водителот на прес-конференцијата веднаш рече дека „не мора да одговара ако не сака“.
„А зошто да не“, искоментираа неколку новинари.
Еден Голан прво застана, а потоа одлучи да одговори на прашањето.
„Мислам дека сите сме тука поради една причина, ЕБУ ги презеде сите мерки да го направи ова натпреварување безбедно за сите нас. Мислам дека е безбедно за сите, инаку немаше да бидеме тука“, изјави Еден Голан на прес-конференцијата.
Забава
(Видео) Никол Кидман блесна во божествена креација на Мет Гала: 800 часа работа се потрошени само за рачно везење
Мет Гала 2024 се одржа во Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк, а овогодинешната тема беше „Заспаните убавици: повторното будење на модата“.
Гостите мораа да се придржуваат до кодексот на облекување наречен „Градината на времето“, чија тема е именувана по приказната за еден гроф кој, за да ја одбрани лутата толпа што се приближува до неговиот замок, сече роза од неговата градина за да го забави времето додека не остане ниту еден цвет.
Дамите беа доста креативни во изборот на стајлинг, а една од најзабележителните беше актерката Никол Кидман која блесна во црно-бела креација. Овој фустан е омаж на креација од пролетната колекција на Баленсијага од 1951 година.
View this post on Instagram
Во тоа време славната Доријан Ли носеше необичен црно-бел фустан, а фотографијата што тогаш ја направи Ричард Аведон стана легендарна. Кидман изјави дека и самата сакала да соработува со овој фотограф, но „не успеале да се вклопат“.
Според Vogue, фустанот што го носела Никол Кидман барал 800 часа за рачен вез и внимателно шиење на 3.000 пердуви на 150 метри свила. Дополнително, во ателјето биле потрошени уште 400 часа за да се спојат двете одделни парчиња во едноделен фустан.
View this post on Instagram
„Фустанот претставува природен момент од целосниот круг на времето – тоа е прослава на делото на Ричард што ќе живее, но и почит на уметничката визија на Баленсијага која продолжува беспрекорно да ја комбинира илузијата на минатото, сегашноста и иднината“, изјави актерката.
Забава
(Видео) Ирска со сатанистички обред на Евровизија: „Јас сум посебна оти сум квир и вештерка“
Ирската претставничка го привлече вниманието и згрози дел од јавноста со сатанистички настап на годинешното издание на Евровизија.
Ирската претставничка Bambie Thug се пласира во финалето, а на прес-конференцијата разговараше со новинарите и беше прашана што ја прави посебна.
„Тоа што сум квир и вештерка ме прави посебна“, изјавила Бамби.