Забава
Развод на хоризонтот: Џенифер Лопез ужива во Италија додека Бен го поминува времето со својот син

Додека светските медиуми не престанат да пишуваат за нејзиниот наводен неодамнешен развод, пејачката Џенифер Лопез реши да отпатува во Италија со своите пријатели, оставајќи го дома својот нерасположен сопруг Бен Афлек.
Афлек е фотографиран од папараците како оди без бурма на раката и го поминува слободното време во Лос Анџелес дружејќи се со својот син Семјуел, кого го однел на возење со електричен мотор.
За тоа време Џеј Ло ужива со пријателите во Позитано, Италија, каде е фотографирана како се релаксира на јахта во светло жолт комбинезон.
„На Џени и е доста од се и навистина се обидуваше околу бракот, но не може повеќе. Не станува ништо подобро, само се влошува. Бен е секогаш мрзлив и несреќен, едноставно е невозможно да се живее со него“, рече извор од музичката индустрија за Дејли Мејл и откри дека се откажала од својата турнеја за да го спаси бракот.
Сепак, бракот очигледно не се подобрува, а сега е предоцна за турнејата, па Џеј Ло реши деновите да ги помине во друштво на луѓе кои ќе и го подигнат расположението.
„Тоа е најпаметното нешто што можела да го направи“, „Нејзините постапки треба да ни бидат пример на сите. Таа не треба да трпи никого, дури ни со сопругот“, „Уживајте, кралице“, „Значи, вака изгледа тоа нејзиното ‘ќе поминувам повеќе време со семејството’“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џон Крајер откри колку заработувал во „Два и пол мажи“

Актерот Џон Крајер, кој го играше ликот на Алан, изјави дека неговата плата во хит-серијата „Два и пол мажи“ била далеку помала од онаа на Чарли Шин.
Додека Шин добивал речиси 2 милиони долари по епизода во последната година пред отказот во 2011, Крајер земал околу една третина од таа сума. Неговата заработка пораснала на 620.000 долари дури по заминувањето на Шин, кога во серијата се приклучи Ештон Кучер.
Откритието стана актуелно преку новиот документарец на „Нетфликс“ „aka Charlie Sheen“, кој ги прикажува бурната кариера и приватниот живот на Шин. Во документарецот Крајер го споредува Шин со диктаторот Ким Џонг-II, поради тоа што, како што вели, неговото „лудо однесување“ му носело се поголеми хонорари.
Се спомнуваат и анегдоти од снимањата, како и изјави од блиски луѓе на Шин, меѓу кои и поранешната сопруга Дениз Ричардс.
Забава
Познат готвач уапсен за три банкарски грабежи во еден ден

Полицијата во Сан Франциско го уапси 62-годишниот готвач Валентино Лучин, осомничен дека истиот ден ограбил три банки во централниот дел на градот. Според извештаите, тој на банкарите им давал ливче со закана да му дадат пари и секојпат успевал да избега со готовина.
Лучин е идентификуван со помош на дојави и приведен без инциденти. Неговата кауција е одредена на 200.000 долари.
Ова не е првпат тој да се соочи со вакви обвиненија – во 2018 година признал грабеж на банка во Калифорнија кога украл над 15.000 долари.
Лучин бил ценет готвач, познат по италијанската кујна и менаџирање ресторани.
Забава
Се огласи израелската телевизија по заканата на одредени земји дека ќе ја бојкотираат Евровизија поради Израел

„Нема причина Израел да не продолжи да биде важен дел од овој културен настан, кој не смее да стане политички“, изјави Голан Јохпаз, главен извршен директор на израелската телевизија „Кан“, која го претставува Израел на Евровизија, објавија многубројни израелски медиуми во понеделникот.
Некои земји објавија бојкот
Ова е првата реакција на најавите на неколку земји дека нема да учествуваат на Евровизија доколку Израел биде дел од натпреварот. Радиодифузерите од Ирска иа Холандија неодамна се заканија со бојкот во овој случај. Тие јасно ставија до знаење дека ќе учествуваат само доколку Израел биде изоставен од списокот на учесници. Словенија исто така посочи дека ќе се повлече од натпреварот доколку израелскиот претставник биде присутен.
Други земји учеснички на Евровизија исто така критички го набљудуваат учеството на Израел, вклучувајќи ги и Шпанија и Белгија. Белгија има два јавни радиодифузера, кои ја емитуваат Евровизија. Францускиот радиодифузер РТБФ, кој е задолжен за испраќање претставници, ја информира агенцијата ДПА дека подготовките се во тек, но дека конечната одлука ќе биде донесена во декември по Генералното собрание на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), главниот организатор на Евровизија.
Фламанскиот радиодифузер ВРТ, кој ја емитува програмата на холандски јазик, објави дека „ВРТ го дели и поддржува ставот на земјите што се повлекуваат од Евровизија“. Тие исто така изјавија дека очекуваат јасен став од организаторите и дека го задржуваат правото да не го емитуваат натпреварот во иднина, се наведува во нивното соопштение.
Фото: принтскрин