Забава
Расел Кроу покажа како му изгледал имотот во Австралија по пожарот, а како по дождот
Мојот имот пред 10 недели кога го погоди пожарот и утрово кога целиот викенд врнеше дожд, напиша актерот Расел Кроу на „Фејсбук“ со фотографијата што ја објави.
На фотографијата тој покажа како изгледал неговиот имот по пожарот што го погодил, а како по дождот. Може да се види целосна трансформација, од целосно изгорена земја и шума до прекрасна зелена површина, која почнала повторно да буи по дождот.
Неговата инспиративна фотографија собра над 25.000 лајка и речиси 2.000 коментари.
Многумина му напишале дека му се благодарни на Бога за дождот и дека се воодушевени што Австралија почнала да закрепнува од пожарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Настап на Скопски Брас Квинтет во Загреб и Риека со музика од Тоше Проески
Скопскиот Брас Квинтет, во соработка со Скопскиот Брас Фестивал, ќе одржи два концерта во Хрватска, по повод 17-годишнината од смртта на Тоше Проески.
Концертите ќе бидат одржани во македонската православна црква Св. Злата Мегленска во Загреб (16.10) и ХКД на Шушак, Риека (18.10).
Концертот, инаку насловен „Брас Фантазија за Тоше“, беше одржан во Скопје на 25.12.2023 пред исполнетата Мала Сала на Н.У. Филхармонија, а со план потоа да биде изведен низ поранешните југословенски републики каде и ден денес одѕвонуваат рефрените на Тоше Проески.
Аранжманите на песните ги направија познатите македонски џез музичари и аранжери Трајко Велков и Зоран Костадиновски, а македонската публика навистина позитивно ги прифати истите, поздравувајќи ги авторите на овие аранжмани со бурни аплаузи при концертот во Скопје.
„Сакаме да изразиме огромна благодарност до МПЦО Св. Злата Мегленска, Советот на македонското национално малцинство на Град Загреб, Македонското културно друштво “Илинден” и Министерството за култура на Македонија, кои помогнаа овој проект да се оствари и да биде изведен пред хрватската публика“, се наведува во соопштението
Забава
„Нејзината мајка е најпосакуваната жена на светот, а таа изгледа вака“: коментарите за ќерката на Џеј Ло се безмилосни
Секогаш кога Џенифер Лопез се фотографира со нејзината ќерка Ема (16), грдите коментари на нејзината сметка не престануваат да се нижат.
На ќерка и и се замерува што не тргнала по стапките на својата мајка и што изгледа „несредено“, „валкано“, „мажествено“ и „неуредно“.
Ема и претходно беше мета на критики токму поради тоа што има свој личен стил и не се облекува како нејзината привлечна мајка. Овој пат Ема го привлече вниманието со интересна фризура и автентичен стил, типичен за тинејџерите. Сепак, иако Џенифер Лопез се труди да ја држи подалеку од очите на јавноста, на Ема не и е лесно да порасне со товарот на популарноста.
Џенифер Лопез е мајка на близнаците Макс и Ема, кои ги имаше во бракот со поранешниот сопруг Марк Ентони. Иако Макс ретко се гледа во јавноста, Еме често се појавува со нејзината мајка додека заедно пазаруваат или одат на часови по танц.
Ема, 16-годишна тинејџерка, моментално е окупирана со полагање на последниот испит во автошкола. Позната по своите лежерни комбинации на аутфит, овој пат остана доследна на својот стил – црни фармерки и маица и разбушавена фризура.
Иако нејзината мајка е симбол на стандардите за убавина, Ема за себе избира поинаков пат.
Забава
Брус Вилис снимен во автомобил, новите фотографии ги растажија фановите
Брус Вилис ретко се појавуваше во јавноста откако му беше дијагностицирана афазија, јазично нарушување, во 2022 година, а потоа премина во фронтотемпорална деменција.
Единствениот пат кога обожавателите можат да го видат е кога папараците ќе го фатат додека се вози низ Калифорнија. Деновиве тој се релаксираше со својот телохранител на возење низ Лос Анџелес.
Брус седеше на совозачкото седиште и имаше тажен израз на лицето.
Секоја нова фотографија на познатиот актер ги растажува неговите обожаватели бидејќи се навикнати да го гледаат насмеан.