Забава
(Видео) Реклама со Бoрдејн предизвика различни реакции кај луѓето
За време на доделувањето на годинашните награди „Еми“ прикажана е реклама за виски во која се појавува починатиот кулинарски гениј Ентони Бордејн.
И додека некои рекламата со починатиот Бордејн ги воодушеви па дури и предизвика по некоја солза, другите на социјалните мрежи коментираа дека е несоодветно да се пушти ваква реклама по неговата смрт, особено имајќи ја предвид неговата долга борба со зависноста.
who the fuck signed off on profiting off of Anthony Bourdain's death at Balvenie.
— ♿小白兔♿ (@femdigitale) September 18, 2018
So a company that sells an addictive product just did a tribute ad to Anthony Bourdain.
— John Podhoretz (@jpodhoretz) September 18, 2018
„Кој заклучи дека е добра работа да се подигне профитот со смртта на Бордејн?”, „Ова е несоодветно и без вкус”, „Уште една реклама без почит за мртвите”, „Понекогаш се чувствувам депресивно. Можеби треба да се обидам со вискито што ми го продаде духот на Ентони Бордејн”, „Ова речиси не е етички “, беа само некои од огорчените коментари.
Jesus, I'm a sobbing mess with these Emmys tonight.
The Balvenie Honors Anthony Bourdain https://t.co/gbQyw2LiWy via @YouTube
— jax ☘️ (@jaxbra) September 18, 2018
„Господе, плачам како дождлива година на овие ‘Еми'”, „Можеби е лош тајмингот, но тоа ме потсети на неговите емисии”, „ Ве вознемири рекламата со Бордејн? Смирете се”, коментираа други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Стилистот на Меланија Трамп: Модните дизајнери не сакаат да работат со неа, не им се допаѓа
Меланија Трамп за неколку часа и официјално ќе стане прва дама на САД вторпат. И додека многумина се прашуваат каква модна комбинација ќе носи на инаугурацијата, се чини дека повеќето дизајнери не се заинтересирани за соработка со Меланија.
Имено, нејзиниот стилист Ерве Пјер вели дека многу од најпознатите дизајнери не ја сакаат многу идната прва дама.
„Модната индустрија навистина не ја сака г-ѓа Трамп. Тоа не е тајна. Некои се многу отворени и би можеле да направат нешто посебно, но повеќето не се“, коментира Пјер за Women’s Wear Daily.
Тој тврди дека неодамна доживеал прилично непријатна ситуација во дизајнерски бутик на авенијата Медисон. Имено, тој рече дека јасно му ставиле до знаење дека не е добредојден во таа продавница за што Пјер вели дека не е изолиран случај.
Многумина сè уште се сеќаваат на нејзината облека од првата инаугурација на Трамп. Во тоа време таа носеше светлосин фустан на Ралф Лорен со соодветни ракавици. Таа беше впечатлива и на денот на претседателските избори кога носеше две комбинации на Диор – дојде да гласа во црно-бел фустан со точки, а за време на победничкиот говор носеше сив костим на Диор.
По изборната победа на Трамп, голем број луѓе почнаа да го фалат нејзиниот моден израз на социјалните мрежи. „Барем ја добивме оваа дива во следните четири години“, „Таа е икона“, „Дивата од Балканот“, „Таа е единствената причина што сум донекаде во ред со оваа катастрофа“, „Таа е единствената добра работа што излезе од овие ситуации“, „Јас не сум обожавател на Трамп, но живеам за нејзините комбинации“, „Среќен сум што се врати“, напишаа на „Тик ток“.
Забава
Иванка Трамп пристигна на вечерата пред инаугурацијата на татко ѝ во фустан украсен со кристали
Иванка Трамп присуствуваше на вечерта во Националниот музеј за градежништво во Вашингтон, одржана ден пред инаугурацијата на својот татко, Доналд Трамп.
43-годишната Иванка била на вечера со Илон Маск и Џеф Безос. „Дејли мејл“ пишува дека во еден момент ја прегрнала свршеницата на Безос, Лорен Санчез. Иванка за оваа пригода носеше долг фустан од Оскар дела Рента, украсен со многубројни кристали и бисери во облик на цвеќе.
На вечерата бил и братот на Иванка, Доналд Трамп Помладиот, кој дошол со својата девојка Бетина Андерсон. Присутна беше и неговата поранешна свршеница Кимберли Гилфојл. Вечерата не ја пропушти ниту новоизбраниот потпретседател Џеј ди Венс, кој беше придружуван од сопругата.
Забава
Денес е најдепресивниот ден во годината
Третиот понеделник во јануари се смета за најдепресивен ден во годината. Иако нема научни докази за да го поткрепат ова тврдење, таканаречениот син понеделник стана популарна тема во медиумите, а многумина се согласуваат дека овој ден носи одредени предизвици.
Концептот на синиот понеделник го создал британскиот психолог Клиф Арнал во 2005 година користејќи формула што вклучува разни фактори, како што се временските услови, долговите настанати за време на празниците, слабата мотивација по новогодишните одлуки и општо чувството на замор и стагнација.
„Првин од мене беше побарано да дојдам до тоа кој ден мислам дека е најдобриот за да резервирам летен одмор. Кога почнав да размислувам за мотивациите за резервација на одмор, сеќавајќи се што ми кажаа илјадници луѓе за време на работа или на работилници, овие фактори укажаа на тоа дека третиот понеделник во јануари е особено депресивен“, објасни тој за „Дејли телеграф“ во 2013 година.
Формулата на Арнал е [W + (D – d)] x TQ / M x Na. W претставува време, D претставува долгови, d претставува месечна плата, T претставува времето од Божиќ, Q претставува времето кога се откажавме од нашите новогодишни одлуки, M го претставува нивото на мотивација, а Na го претставува чувството дека треба да преземеме некоја акција.
Иако формулата на Арнал често е критикувана поради недостигот на научна основа, таа укажува на комбинација на фактори што може да влијаат на нашето расположение.
Пократки зимски денови со мала сончева светлина, враќање на рутината по празниците и финансиските притисоци може да придонесат за чувство на депресија. Дополнително, јануари е месец кога многумина се чувствуваат како да не ги постигнале своите новогодишни одлуки, што може дополнително да ја намали самодовербата.
Ако се чувствувате очајно, важно е да запомните дека не сте сами и дека постојат едноставни чекори што можете да ги преземете за да ви помогнат да го пребродите овој ден.
Поминете време на свеж воздух: прошетка или која било друга активност на отворено може да ви помогне да се чувствувате подобро. Изложеноста на природна светлина, дури и во облачни денови, може позитивно да влијае на расположението.
Поврзете се со саканите: разговорот со пријателите или семејството може да биде исклучително терапевтски. Споделувањето на чувствата и смеењето со саканите може да ги намали стресот и депресијата.
Поставете мали цели: наместо да се фокусирате на големи обврски, изберете неколку помали задачи што можете да ги постигнете во текот на денот. Чувството на постигнатото, дури и мало, може значително да го подигне вашето расположение.
Разгалете се: денес е вистинско време да направите нешто за себе. Без разлика дали станува збор за топла бања, читање омилена книга или гледање филм, важно е да посветите време на активности што ве прават среќни.
Вежбајте благодарност: одвојте неколку минути за да ги запишете работите за кои сте благодарни. Овој едноставен процес може да ви помогне да го префрлите вашиот фокус од негативните мисли на позитивните аспекти од вашиот живот.
Вежба: докажано е дека физичката активност го зголемува нивото на ендорфин, хормонот на среќа. Дури и 15 минути лесно вежбање може да направи голема разлика.