Забава
Ретка глетка: Вечерва целосно затемнување на Месечината

Вечерва ќе имаме можност да бидеме сведоци на многу редок астрономски настан – целосно затемнување на Месечината. Скопското астрономско друштво за оваа цел ќе постави телескопи на плоштадот Македонија во Скопје преку кои сите заинтересирани ќе може да уживаат во овој единствен настан. Освен затемнување на Месечината, вечерва ќе се случи уште еден редок астрономски настан – Марс ќе биде најблиску до Земјата во последните 15 години.
„Овој 27 јули ќе биде многу интересен ден за набљудување на ноќното небо. Во текот на истата вечер ќе имаме можност да набљудуваме два исклучително ретки астрономски настана: целосно затемнување на Месечината и опозиција на Марс – Црвената Планета на овој датум ќе биде најблиску до Земјата во последните 15 години, а со тоа и ќе се гледа најсјајно на ноќното небо“, велат од Скопското астрономско друштво.
Од таму ги покануваат сите заинтересирани да пристигнат во 20.30 часот на плоштадот. Ова ќе биде најдолгата крвава Месечина во 21 век. Затемнувањето ќе трае 1 час и 43 минути, а ќе почне од 21 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech
Прекин на WhatsApp: корисниците ширум светот пријавуваат проблеми

Популарната апликација за пораки WhatsApp денеска се соочи со сериозен прекин, оставајќи илјадници корисници оневозможени да се поврзат, да испраќаат пораки или да остваруваат повици, и преку мобилната апликација и преку веб-верзијата.
Социјалните мрежи се преплавени со извештаи за корисници кои пријавиле тешкотии со WhatsApp. Најчесто се пријавуваат проблеми со испраќање пораки, неуспешно воспоставување врска, како и нефункционални повици.
Според веб-страницата Downdetector, која го следи статусот на дигиталните услуги, забележано е нагло зголемување на поплаките од корисниците.
На глобално ниво, околу 1.000 корисници пријавиле проблеми – 91% од нив навеле тешкотии со испраќање пораки, 6% со функционирањето на самата апликација, додека 3% од корисниците изјавиле дека не можат да примаат пораки.
Компанијата Мета, која е сопственик на WhatsApp, се уште нема објавено официјално соопштение во врска со суспензијата на услугата.
Забава
Мик Џегер (81) се сврши со неговата 44 години помлада девојка

Поранешната балерина Мелани Хемрик (37) конечно ја потврди свршувачката со рокерот Мик Џегер (81), фронтмен на групата „Ролинг Стоунс“. Зошто конечно?
View this post on Instagram
Затоа што Мик Џегер и Мелани Хемрик се свршија пред две-три години, а веста за свршувачката беше случајно откриена во неодамнешното интервју за „Paris Match“, пишува „TMZ“.
И покрај ова, Мелани тогаш рече дека не брзаат да се подготват за венчавката.
„Можеби ќе се венчаме еден ден, можеби не. Толку сме среќни со животот што го имаме во моментов што не сакаме ништо да промениме“, рече таа во интервју за „Paris Match“.
Тие се запознале во 2014 година на концерт на групата „Ролинг Стоунс“ во Токио, каде Мелани била танчерка.
Забава
Почина 27-годишна австралиска манекенка со хрватско потекло: од неа се прости и Донатела Версаче

Австралискиот модел со хрватско потекло Луси Марковиќ почина синоќа на 27-годишна возраст, објавија австралиските медиуми. Веста за нејзината смрт беше објавена на нејзиниот инстаграм-профил.
Луси Марковиќ беше добро познато лице на австралиската и на меѓународната модна сцена, соработуваше со престижната агенција Elite NYC, беше модел за Версаче и работеше на кампањите на Викторија Бекам. Учествувала и во популарното телевизиско шоу Australia’s Next Top Model.
Со години таа храбро се бореше со сериозна болест – артериовенска малформација (АВМ), заплеткување на крвните садови во мозокот, што може сериозно да ја загрози функцијата на мозокот.
„Почитувани пријатели и семејство, со жалење мораме да ве информираме дека Луси почина. Таа почина мирно. Јас, мајка ѝ и мајка ми бевме со неа. Во овие моменти ве молиме да ни дадете простор, Луси нека почива во мир“, порачаа членовите на нејзиното семејство.
Од неа се простија и модната агенција на Луси и познатата дизајнерка Донатела Версаче. „Таа беше како светкава светлина, со одлична смисла за хумор. Сакаше да се смее и да танцува и многу ќе ни недостига“, се вели во соопштението на Elite NYC. „Многу ми е жал за Луси Марковиќ. Почивај во мир, прекрасна девојко“, напиша Донатела Версаче.
Марковиќ минатиот месец на социјалните мрежи ја сподели веста дека оди на операција на почетокот на април. Тоа беше едно од нејзините последни јавни настапи.