Забава
Рики Мартин ги покажа стомачните мускули

Рики Мартин се чини дека ужива во својот престој во Кан.
Порториканскиот поп-пејач (50) познат по хитот Livin ‘La Vida Loca беше фотографиран додека го впива сонцето на балконот од хотелот во кој престојува.
Рики на себе има кратки шорцови во цветен принт и авијатичарски очила.
Добитникот на „Греми“ треба да настапи заедно со Кристина Агилера на галата на Американската фондација за истражување СИДА в четврток во Кан.
75. филмски фестивал во Кан треба да заврши в сабота, 28 мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Четири хороскопски знаци без влакна на јазикот

Сите знаеме луѓе кои секогаш се насмевнуваат и ја држат вратата отворена. Сепак, има и такви кои немаат трпение за љубезни фрази, а хороскопот може да открие кои се тие.
Некои се брутално искрени, други немаат нерви за туѓите емоции, а трети едноставно мислат дека љубезноста е преценета. Ако сте почувствувале ладен туш додека разговарате со некого, можно е тој да припаѓа на еден од овие четири знаци.
Овен
Овните немаат време за ситни пријатности. Секогаш се во движење, а нивната директност понекогаш се граничи со грубост. Ако нешто им пречи, тоа ќе го кажат без бирање зборови, без разлика дали тоа ги повредува вашите чувства. Не очекувајте да се сетат да ви честитаат роденден или да ви понудат утешен збор ако се жалите.
Девица
Девиците се интелигентни, аналитички и… ужасно критични. Ако не сте ги измиле рацете пред да го допрете нивниот кујнски пулт, ќе добиете предавање за хигиена. Ако носите нешто што не одговара на вашиот тип на тело, Девицата тоа ќе ви го каже – „со најдобра намера“, се разбира. Нивната добрина секогаш доаѓа со доза на сарказам и неизбежна критика.
Јарец
Јарците не се нељубезни во класична смисла, но се толку воздржани и сериозни што често оставаат впечаток дека се ладни. Тие не ја гледаат поентата во празниот разговор и не сакаат да се преправаат дека им е грижа ако не го прават тоа. Ако ги прашате како им е, ќе добиете краток, информативен одговор – без емоции. И ако ги прекинете додека работат, тие само ќе ве погледнат од под веѓите и ќе речат: „Што ви треба?“
Шкорпија
Шкорпиите не се познати по споделување комплименти или насмевки доколку тоа не им користи. Тие имаат продорен поглед кој може да направи да се чувствувате како да сте под рендген, а доколку ги иритирате, тие се подготвени за вербален отров кој ја погодува точно целта. Ако чувствувате напнатост во воздухот додека разговарате со некој кој зјапа во вас без навестување на насмевка – честитки, разговарате со Шкорпија.
Забава
„Изгледа како воздушно перниче“ – фустанот на Сара Полсон ги привлече погледите на забавата по Оскарите

Холивудската актерка, Сара Полсон, се појави на забавата на „Венити Фер“ по доделувањето на Оскарите во Беверли Хилс и веднаш го привлече вниманието со својот необичен моден избор.
Облечена во црвен фустан со предимензионирани ракави и здолниште со волумен, таа според многумина изгледаше како летечки балон.
„О, боже, што е ова?“, „Изгледа како воздушно перниче“, „Ова е чудно“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Инаку, Полсон е во врска со актерката Холанд Тејлор (81). Минатата година Полсон откри дека тајната на нивната трајна љубов е живеењето во посебни домови.
„Не живееме заедно. Тоа е тајнат. Холанд и јас поминуваме многу време заедно, но не живееме во иста куќа”, изјави Полсон.
View this post on Instagram
Полсон и Тејлор се запознале во 2005 година, кога и двете биле гости на вечера. Во тоа време и двете биле во врска. Десет години подоцна, тие почнале да се следат меѓусебно на социјалните мрежи и Тејлор ја контактирал Полсон. На крајот на 2015 година, нивната врска беше потврдена.
И покрај нивната долгогодишна врска, Тејлор изјави дека нема да се омажи.
„Никогаш не зборувавме за тоа како да сме заинтересирани“, рече таа и нагласи дека е загрижена за нивната разлика во годините.
„Нештата низ кои таа минува, кои се емотивно важни, ги поминав пред 30 или 40 години“, додаде таа.
Забава
Софија Вергара (52) блесна на забавата по Оскарите во заводлив фустан

Актерката Софија Вергара (52) блесна во заводлива облека на гламурозната забава организирана од „Венити фер“ по 97-то доделување на Оскарите.
Таа избра впечатлива креација на дизајнерката Селија Критариоти со длабоко деколте и стратешки шлицови кои дополнително ја истакнаа нејзината фигура. Целокупниот изглед го комплетираше со стилизирана фризура, елегантна шминка и одбран накит. На настанот таа се дружеше со нејзината долгогодишна пријателка и колешка од „Америка има талент“, Хајди Клум.
Меѓу многуте познати гости беа Рики Мартин, Сиднеј Свини, Џесика Алба, Џеф Безос и Лорен Санчез. Првата забава за Оскар на „Венити фер“ се одржа во 1994 година и со текот на времето стана еден од најпрестижните настани во Холивуд.
Вергара неодамна поттикна гласини за романса со Луис Хамилтон, но извори блиски до актерката тврдат дека таа нема намера да стапи во врска со него, пред се поради разликата во години – таа има 52, а тој 40. По
Во јули 2023 година, таа официјално се разведе од актерот Џо Манганиело, наведувајќи ги непомирливите разлики како причина.