Забава
Ријана позира во фустан од нејзината колекција лансирана за Денот на вљубените
Ријана (36) објави нови заводливи фотографии за да ја прикаже најновата колекција од нејзиниот бренд Savage X Fenty, која беше лансирана по повод прославата на претстојниот Ден на вљубените.
Таа позираше во долг розов фустан со длабоко деколте, а го надополни со потпетици во иста боја, едноставна шминка, соодветен накит, а косата и беше крената во пунџа.
Нејзината објава воодушеви многумина, особено нејзините следбеници кои рекоа дека фустанот навистина им се допаднал и морале да го купат. „На моето момче му испратив линк за да не се грижи дали ќе најде подарок за Денот на вљубените“, напиша една од нив.
„Ријана секогаш те остава без здив“, „Го сакам овој фустан веднаш“, „Совршен е“, беа коментарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Лејди Гага размислува да има семејство со свршеникот: „Подготвена сум за деца“
Американската мегаѕвезда Лејди Гага откри неколку интересни детали во ново интервју.
Таа за магазинот „Ел“ изјави дека сериозно размислува да основа семејство со нејзиниот свршеник, бизнисменот Мајкл Полански.
„Семејство – тоа е како корените на дрвото. Расте многу, понекогаш е деформирано, понекогаш е полно со вода, а понекогаш е жедно. Семејството ве прави тоа што сте и ја дефинира вашата потреба за промена“, истакна Гага.
На прашањето дали планира да има деца, пејачката одговори кратко и јасно: „Подготвена сум“.
Таа се осврна и на својот живот во центарот на вниманието и вели дека ќе им дозволи на децата да формираат свое мислење за тоа.
„Би сакала моите деца да разберат дека зависи од нив што значи мојата уметност за нив. Никогаш не би сакала да ги обликувам нивните мислења или да им кажам како да размислуваат за мене. Тоа е нешто за што Мајкл и јас разговаравме многу – да дозволиме нашите деца да бидат свои“, заклучи Гага.
Лејди Гага и Полански ја почнаа својата врска непосредно пред почетокот на пандемијата на коронавирусот. Својата врска, па дури и свршувачката, ја чуваа во целосна тајна до Венецискиот филмски фестивал. Таму прошетаа на црвениот тепих држејќи се за раце, а Лејди Гага го покажа дијамантскиот свршенички прстен.
Пејачката еднаш откри дека Полански ја побарал за жена во април. За нивната свршувачка имаше шпекулации подолго време. Лејди Гага го нарече свој свршеник кога го запозна францускиот премиер Габриел Атал, а подоцна беше фотографирана како го носи свршеничкиот прстен во неколку наврати.
Кон крајот на минатата година таа во ток-шоуто на Џими Кимел рече дека таа и Мајкл имале неколку идеи за нивната венчавка: „Всушност, зборуваме да одиме во матичар само ние двајца и да нарачаме кинеска храна. Но, знаејќи ме, тоа може да стане како циркус со еднорози“.
Забава
(Видео) Соборен рекордот за највисоко одење по жица: „Беше страшно“
Двајца врвни спортисти го соборија рекордот за највисоко одење по жица. Нивниот потфат се одржа на надморска височина од 2.500 метри. Тие го изведоа овој трик на небото над Ридеринг на 9 ноември минатата година – соборувајќи го претходниот рекорд од 1.901 метар поставен три години претходно. Сега рекордот е објавен од Гинисовата книга на рекордите.
Германците Фриди Куне и Лукас Ирмлер претходно постигнаа успеси и соборија рекорди во оваа дисциплина. Во 2017 година Кине постави рекорд за одење по 110 метри долга жица, закачена на висина од 250 метри. Во 2019 година Ирмлер постави рекорд за должината на жицата по која ја одеше, а тоа беше два километра.
Во врска со овој предизвик дуото се соочи со одредени тешкотии, а проблемите ги надминаа со обиди и грешки. На пример, Лукас паднал од јажето двапати пред да стигне до вториот балон. Секој пад значеше дека обидот беше поништен, па тој мораше да почне од почеток.
„Главниот обид за соборување на светскиот рекорд беше доста тежок за мене. Притисокот беше огромен. На крајот, почувствував големо олеснување, а моментот беше прекрасен“, изјави Лукас.
Малку подоцна, Фриди, кој го следеше секој обид на Лукас, исто така се осмели да премине.
„Гледањето како се бори Лукас беше многу страшно“, рече тој.
Забава
Мерил Стрип преживеала драма додека бегала од пожарот во Лос Анџелес: морала да пресече дупка во оградата на соседот
Мерил Стрип мораше да ги преземе работите во свои раце кога се евакуираше од пожар во Лос Анџелес на почетокот на овој месец, а тоа вклучуваше и сечење на оградата на соседот за да избега.
Имено, нејзиниот внук Ејб Стрип, кој исто така е соработник на „Њујорк Магазин“, во приказна објавена во вторникот напиша дека на оскаровката добила наредба да се евакуира на 8 јануари, ден по избувнувањето на пожарот во населбите Палисадес и Итон.
Кога Стрип се обидела да замине, открила дека големо дрво паднало на нејзиниот пат, блокирајќи и го единствениот излез.
So, don't mess with Meryl Streep https://t.co/cptD53tVm1 pic.twitter.com/45YZv6iMkO
— Lauren Milberger (@LaurenMilberger) January 28, 2025
„Одлучна да побегне, позајмила режачи за жица од соседот и на оградата што ја делела со соседите од другата страна направила дупка со големина на автомобил и поминала низ нивниот двор за да избега“, се вели во приказната.
Пожарите во Палисадес и Итон се сметаат за најразорните пожари во историјата на Лос Анџелес. Жителите во овие области продолжуваат да се борат со штетите и траумите предизвикани од пожарите.
Иако официјалните проценки на штетите се уште се во тек, Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари проценува дека повеќе од 16.200 објекти се оштетени или уништени во пожарите.