Забава
Ријана се прошета во Беверли Хилс, нејзиниот избор на обувки не им се допадна на многумина
Ријана и нејзиниот долгогодишен партнер АСАП Роки беа фотографирани во Беверли Хилс за време на празничниот шопинг, а облеката на пејачката го привлече вниманието на многумина.
Таа комбинира дуксер, долга бунда, шорцеви, долги бели чорапи, а она што предизвика најмногу коментари – обувки со циркони, кои се дел од колекцијата на брендот Simone Roche и чија цена е 166 евра.
Поради нејзината облека, на социјалните мрежи почна дискусија. Некои напишаа дека „може да носи што сака бидејќи сè и одговара“, а други дека таа „непријатно ги изненадила“ со својот моден избор.
„Инаку, ја обожавам, но крокс и бунда?“, „Може и многу подобро“, беа само дел од коментарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Адел се соочува со тужба, бразилскиот хит наводно ја инспирирал нејзината песна
Бразилски судија и нареди на британската поп-ѕвезда Адел (36) да ја повлече песната „Пред милиони години“ поради наводите за плагијат на бразилскиот композитор Тонињо Гераес.
Издавачките куќи на Адел, „Сони мјузик Ентертајмент“ и „Универзал мјузик“, се соочуваат со можна казна од 8.000 долари.
Прелиминарната забрана беше издадена од судијата Виктор Торес во петокот во судот во Рио де Жанеиро, додека судската постапка се очекува да продолжи. Пресудата, објавена од АФП, им наредува на издавачите „веднаш и глобално да ја прекинат употребата, репродукцијата, уредувањето, дистрибуцијата или комерцијализацијата на песната „Пред милиони години“ во која било форма – физичка или дигитална, вклучително и платформите за стриминг“.
„Ова е важен момент за бразилската музика, која често служи како инспирација за меѓународните хитови“, изјави Фердимио Трота, адвокатот на Тонињо Гераес.
Герес тврди дека песната на Адел е плагијат на неговата самба класика Mulheres, која ја снимил познатиот бразилски уметник Мартињо да Вила на успешен албум од 1995 година.
Композиторот бара компензација за изгубените авторски права, 160.000 долари морална отштета и признавање како автор на песната. Адел и нејзините издавачки куќи се уште не коментирале, додека адвокатот Трота нагласува дека оваа забрана може да послужи како предупредување за меѓународните изведувачи и издавачките куќи да не ја злоупотребуваат бразилската музика.
Во 2015 година Адел беше обвинета и за плагијат на песна на починатиот курдско-турски уметник Ахмет Каја.
Забава
(Тест) Што видовте прво – столбови или луѓе
Мозокот се смета за моќен компјутер на телото, но и покрај ова, понекогаш е лесно да се измами. Мора да признаете дека безброј пати сте паднале на разни оптички илузии.
Овој тест ја открива суштината на вашата личност.
Што беше првото нешто што го видовте на оваа слика? Подолу можете да прочитате што тоа вели за вас.
Антички столбови: Можеби ќе ви биде малку тешко да излезете од вашата комфорна зона. Веројатно често сте тивки и се плашите од мислења и ставови кои се разликуваат од вашите. Опуштете се, можете да постигнете повеќе отколку што мислите.
Луѓе: Вие сте самоуверена личност, јасно знаете како треба да изгледа совршениот живот и правите се за да го постигнете тоа. Не размислувате премногу за работите и секогаш сте тука за да им помогнете на другите.
Забава
(Видео) Бени Бланко покажа како изгледала свршувачката со Селена Гомез
Бени Бланко сподели нови видеа од запросувањето на Селена Гомез во текот на викендот.
Запросувањето се случило на вештачки уреден сет кој личел на парк, откри тој на социјалните мрежи во саботата.
Behind the scenes look of the studio where Benny Blanco recreated a date to propose to Selena Gomez pic.twitter.com/b6jJmL5190
— Selena Gomez News (@SELENAT0RSARMY) December 14, 2024
Во саботата, продуцентот објави и видео на кое Селена се смее и наздравува со шампањ додека го носи нејзиниот прстен.
„Многу сум среќна за вас двајца“, напиша Парис Хилтон во коментарот, додека Тејлор Лотнер додаде дека „не може да биде посреќен“. По запросувањето, парот го прослави овој посебен момент со интимна забава во друштво на пријателите и семејството.