Забава
Ријана ќе ѝ го позајми гласот на Штрумфета во претстојниот филм
Ријана ќе ѝ го позајми гласот на Штрумфета во новиот анимиран филм „Штрумфовите“.
Поп-дивата, која го очекува второто дете со раперот Асап Роки, се појави на презентацијатата на ‘Синема-кон’ на „Парамаунт пикчрс“ во Лас Вегас во четвртокот за да открие дека ќе биде сино лошо суштество во комичната музичка авантура што излегува во февруари 2025 година.
Таа се пошегува: „Се обидов да ја добијам улогата на Папа Штрумфот, но не успеа“.
Ријана исто така ќе го продуцира филмот во режија на Крис Милер и Мет Лендон, а обезбедува и авторски песни.
Меѓу другите продуценти се Рајан Харис, Лоренс (Џеј) Браун и Тајран (Тај-Тај) Смит, а Пем Брејди напиша сценарио инспирирано од ликовите и делата на Пијо.
Колешката поп-ѕвезда Кети Пери претходно ѝ даде глас на Штрумфета во 2011 година во првиот и во вториот дел (2013), а Деми Ловато ја презеде улогата во „Штрумфови: Скриеното село“ од 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Џејми Ли Кертис позираше без шминка: „Го поддржувам трендот на Памела Андерсон“
Џејми Ли Кертис на Инстаграм објави фотографија на која позира без шминка.
„Селфито „штотуку излезено од туширање“. Навивам за трендот на Памела Андерсон. Само што забележав дека изгледа како да имам маскара, но едноставно не можев да ја тргнам како што треба“, 66-годишната актерката напиша во објавата.
Имено, Памела веќе некое време во јавноста се појавува без шминка и стана заштитно лице на движењето природен изглед. Таа претходно изјави за Elle дека престанала да се шминка откако нејзината долгогодишна шминкерка и пријателкаАлексис Вогел почина од рак на дојка во 2019 година.
Кертис долго време е поддржувач на Памела и претходно изразуваше восхит за нејзината храброст. Актерките работеа заедно на филмот The Last Showgirl, во кој главната улога ја има Памела.
Филмот е сместен во блескавиот свет на Лас Вегас и ја следи Шели, искусна и гламурозна танчерка која мора да планира за иднината кога нејзиното шоу ненадејно ќе се затвори по 30 години настапи. Кертис игра келнерка и посветен пријател на Шели.
Како што пренесува Variety, филмот доби многу позитивни критики во Торонто, а некои критичари сметаат дека Андерсон треба да биде кандидат за Оскар за најдобра актерка. Премиерата на филмот е закажана во Лос Анџелес на 13 декември. The Last Showgirl ќе започне да се прикажува во кината низ САД во јануари 2025 година.
Забава
Американскиот култен рок бенд Guns N’ Roses најави голема европска турнеја
Американскиот култен рок бенд Guns N’ Roses најави голема европска турнеја за 2025 година.
Иако членовите и претставниците на бендот се уште немаат дадено официјална изјава, Live Nation го објавија нивниот распоред на концерти, истакнувајќи дека датумите се уште не се потврдени.
Според овој распоред, популарната рок група ќе одржи 21 настап низ европските градови. Групата треба да настапи, според планираното и во Белград на 18 јули.
Guns N’ Roses е основана од Ексл Роуз во 1984 година. Еден е од најуспешните бендови на сите времиња. Тие оставија неизбришлива трага во музичката историја со хитовите како Sweet Child O’ Mine, November Rain, Welcome to the Jungle, Paradise City и многу други.
Забава
(Видео) Елена Ристеска настапи на црногорскиот Избор на песна за Евровизија
Поп пејачката Елена Ристеска вчера настапи на црногорскиот Избор на песна за Евровизија, „Монтенегро сонг 2024“.
Таа настапи како гостинка со песната „Мука ми је“ која е препев од македонски јазик на песната „Ме боли за сѐ“.
За песната е снимен и видео запис.
Елена беше македонска претставничка на Евровизија 2006 во Атина, со песната „Нинанајна“.