Забава
Робин Рајт првпат проговори за Спејси: Јас не го познавав
Шестата и последна сезона на „Куќа од карти” ќе се емитува во втората половина на годината, но кампањата веќе почна. Во почетокот на јули првите фотографии беа земени од сетот, а пред неколку дена Робин Рајт првпат јавно проговори за заминувањето на колегата Кевин Спејси.
Кевин Спејси, кој пет сезони го толкуваше ликот на бескомпромисен политичар, американскиот претседател Френк Андервуд, беше отстранет од серијата на почетокот на снимањето на шестата сезона, кога во јавноста беа објавени голем број обвинувања за сексуално малтретирање на малолетници. Продуцентите одлучија да не ја прекинат серијата, а Робин Рајт, која ја играше Клер Андервуд, сопругата на Франк и потпретседателка на САД, на крајот од петтата сезона стана врховен командант на САД.
Снимањето на серијата е завршено, а во интервјуто за „Ен-би-си њуз“ Робин изјави дека не го познавала Спејси надвор од снимањето. Таа додаде дека тој бил многу внимателен и прекрасен со неа, и дека има право да зборува само за тоа. Кога дознаа за обвиненијата против Кевин, сите од тимот беа изненадени и тажни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејти Пери со роденденската торта предизвика бес кај фановите: „Ова е патетично“
Пејачката Кејти Пери го прослави 41. роденден на својата турнеја, но наместо честитки, доби лавина критики поради еден потег што го сподели на социјалните мрежи.
На видеото од прославата се гледа како Пери ги дува свеќичките, а потоа ја фаќа тортата и ја фрла кон еден член од тимот, кој во последен момент ја избегна. Тортата заврши на земи, а некои од танчерите потоа јадеа парчиња од подот.
View this post on Instagram
Фановите ја осудија сцената, нарекувајќи го однесувањето на пејачката „незрело и без почит“. „Тимот ѝ подготви торта со љубов, а таа ја фрли на под – патетично“, напишал еден корисник. Друг додал дека Пери „треба да се спушти на земја“.
Забава
Кендал Џенер: Бев многу љубоморна на сестра ми Кајли
Манекенката Кендал Џенер во новата епизода на реалити-серијата The Kardashians откри дека како тинејџерка била љубоморна на својата помлада сестра Кајли, затоа што родителите имале многу полабав однос кон неа.
„Кајли пушеше трева пред мене, и јас се налутив. ѝ реков: ‘Ти си дегенерик!’“, раскажа Кендал, додавајќи дека вистинската причина била љубомората — „бев љубоморна што не бев толку слободоумна како неа“.
На крај, призна дека и самата им се придружила и дека „си поминале супер“. Според неа, тогаш имале само 16 и 14 години.
Кајли потврди дека, како најмладо дете, успевала да избегне многу родителски правила. „Мама беше построга со постарите, а со мене веќе беше поопуштена,“ рече таа, додавајќи низ смеа дека Кендал во тие години била „вистински хејтер“.
Забава
(Видео) Колин Фарел: Бев мамурен на снимање со Том Круз, сцената ја повторивме 46 пати
Ирскиот актер Колин Фарел раскажа анегдота за еден од најлошите денови во својата кариера — снимањето на филмот Minority Report во 2002 година со Том Круз.
Во гостување кај Стивен Колбер, Фарел рече дека снимале токму на неговиот роденден, откако претходната ноќ ја поминал славејќи. „Во шест наутро дојде возачот, а јас едвај што легнав. Бев ужасно мамурен“, призна актерот, додавајќи дека како „лек“ побарал шест пива и пакла цигари.
Поради мамурлак, сцената со Круз морале да ја повторуваат дури 46 пати. „Не можев да ја изговорам реченицата. Том, кого многу го почитувам, не беше баш среќен“, изјави Фарел.
Актерот потсети дека две години подоцна отишол на одвикнување од алкохол и дрога и од 2005 година е трезен, а неговата кариера повторно заблескала, што го потврди и номинацијата за „Оскар“ во 2023 година.

