Забава
Роби Вилијамс повторно со „Тејк дет“ на заеднички онлајн-концерт
 
																								
												
												
											Роби Вилијамс ќе им се придружи на своите поранешни колеги од познатиот британски бенд „Тејк дет“ и тие ќе настапат заедно на онлајн-концерт за добротворни цели.
Поп-ѕвездата (46) и бендот од врвот на топ-листата, во кој се Гери Барлоу, Хауард Доналд и Марк Овен, се подготвуваат за својот прв заеднички настап по две години среде пандемија на Ковид-19.
„Навистина се радувам за повторниот настап со момците – тоа секогаш е задоволство“, рече Роби.
Свирката е закажана за 29 мај и ќе се емитува во живо на „Јутјуб“ (Meerkat Music) и на „Фејсбук лајв“.
Групата, од удобноста на своите домови, ќе изведе некои од своите најпознати хитови.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Забава
(Фото) Згодниот Италијанец по кого жените ширум светот полудеа се вери – и скрши многу срца
 
														Харизматичниот Дамијано Давид, кој ги освои женските срца на Евровизија 2021, повеќе не е сам – вест што ќе ги растажи милиони негови обожаватели низ целиот свет. По две години врска, тој ѝ предложи брак на актерката и пејач Дејв Камерон, а двојката ја потврди среќната вест со најновите фотографии.
Тие моментално живеат во Сиднеј, каде што покажаа колку уживаат во својата врска и колку се вљубени еден во друг, а Дејв гордо го покажа големиот дијамантски прстен на фотографиите.
Веста за свршувачката беше објавена кратко откако ја прославија втората годишнина со емотивна објава на Инстаграм, во која рекоа дека нивната љубов е посилна од сè и дека двајцата ја пронашле својата сродна душа.
Иако сè уште не коментирале на темата за свршувачката, фотографиите на кои се фатени како шетаат низ Сиднеј ја потврдија оваа добра вест.
Дејв и Дамијано се запознаа во 2022 година на доделувањето на MTV Video Music Awards и се чини дека тоа била судбоносна средба. Тие веднаш останаа во контакт, а гласините за романтична врска започнаа кон крајот на 2023 година, откако беа фатени заедно неколку пати.
🚨Dove Cameron & Damiano David are engaged, TMZ reports. pic.twitter.com/9oT67hSdUq
— Pop Crave (@PopCrave) October 29, 2025
Дури на почетокот на 2024 година се појавија јавно заедно, на црвениот тепих во Лос Анџелес, потврдувајќи го она што се шпекулираше со месеци.
Иако се обидуваат да го сокријат својот приватен живот, што е речиси невозможно бидејќи двајцата се јавни личности и се занимаваат со музика, тие рекоа дека за нив е важно во нивната врска секој да има свој простор и да го одржува своето темпо.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Интернетот „гори“ поради фотографија од Викторија Бекам и нејзината лажна чанта
 
														Стара фотографија од Викторија и Дејвид Бекам стана вирална. Познатата модна дизајнерка откри во подкастот „Call Her Daddy“ дека чантата што ја носела на почетокот на 2000-тите не била оригиналната.
Коментирајќи ги старите фотографии, Викторија одвои еден момент детално да објасни една конкретна облека што ја носела на почетокот на 2000-тите.
На фотографијата таа носи монохроматски фустан и чанта од Луј Витон што совршено одговараат на стилот.
@callherdaddy They almost had me fooled 🤣
Сепак…
„Не беше вистинска чанта од Луј Витон“, призна таа, додавајќи. „Пазаревме на улицата Бонд и беше лажна.“
„Марк Џејкобс, кој во тоа време беше креативен директор на куќата, ме контактираше откако ја виде фотографијата. Рече: Ќе ти ја пратам вистинската“, кажа Викторија низ смеа.
Нејзиното искрено признание предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.
„Ова е толку искрено од нејзина страна!“, „После ова признание, ми се допаѓа уште повеќе“, „Ако Викторија Бекам носи лажна облека, зошто да не и јас? Хаха“, „Таа е толку неверојатна“, „Кралица“, се само некои од коментарите.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Никол Шерцингер во гламурозна креација мами воздишки
 
														Настанот, наречен „Variety Power of Women“, се одржува секоја година во чест на силните жени кои успеале да направат значајна промена преку нивниот општествен ангажман.
За разлика од Сидни Свини и Шерон Стоун, кои беа синоним за чист сексапил, Никол Шерцингер покажа чист гламур на црвениот тепих.
NICOLE SCHERZINGER at Variety 2025 Power of Women in Beverly Hills 10/29/2025
Click to watch more: https://t.co/SDPkdokr6p pic.twitter.com/UXqHxoCyRE— I am watching u 🙂 (@netiblogpro) October 30, 2025
Пејачката, која стана позната по улогата на Норма Дезмонд во мјузиклот „Sunset Boulevard“, носеше виолетова тоалета која го прегрнуваше нејзиното витко тело.
Креацијата е потпишана од индискиот дизајнер Гаурав Гупта, а е украсена со длабок шлиц кој открива витки нозе, како и деколте кое ги нагласува нејзините гради и рамена.
Својот стил го комплетираше со шминка во природни тонови, а кога станува збор за фризурата, избра висока пунџа која ги истакнуваше нејзините природно убави црти на лицето.
фото: принтскрин


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											