Забава
„Ролинг Стоунс“ се заканија со тужба за Трамп
„Ролинг Стоунс“ преземаат понатамошни чекори за да го спречат Доналд Трамп да користи нивна музика на митинзи откако кампањата на претседателот ги игнорираше претходните писма да прекине со ваквата пракса, изјави претставник на бендот и додаде: „Ова може да е последен пат Трамп да користи песни на Џегер/Ричардс на своите кампањи.“
Во изјава за медиумите во саботата, легендарниот бенд објави дека нивниот правен тим и организацијата за авторски права (БМИ) испратиле уште едно предупредување до кампањата на Трамп дека, доколку претседателот продолжи да ја користи музиката на групата, тој ќе се соочи со тужба.
„БМИ ја извести кампањата на Трамп во име на „Стоунс“ дека неовластената употреба на нивните песни претставува кршење на договорот за лиценца,“ додаде претставникот на бендот. „Ако Доналд Трамп не го почитува предупредувањто , тој ќе се соочи со тужба за кршење на ембаргото и пуштање музика за која нема дозвола.“
Трамп ја пушти You Can’t Always Get What You Want на 20 јуни на митингот во Тулса, Оклахома, во рамки на претседателската кампања.
Многу музичари и групи, меѓу кои Принс, Ријана, Том Пети, „Ролинг Стоунс“, „Паника во диско“… го предупредија Трамп дека не сакаат нивни песни да бидат дел од неговата кампања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Никол Шерцингер позираше во бикини и ја покажа својата завидна фигура
Никол Шерцингер отпатува на Хаваи.
46-годишната пејачка на Инстаграм сподели неколку фотографии од плажа, каде позира во црни бикини, во комбинација со парео со дезен. Таа напиша емотивна порака во описот на објавата.
„Нема ништо помоќно од љубовта, поврзаноста и благодарноста. Благодарна сум што успеав да ја направам мојата прва пауза од Бродвеј за да ги наполнам батериите“, напишала Никол, која е родена на Хаваи.
Забава
Меланија Трамп на инаугурацијата носеше дизајнерско палто од 4.000 евра
Меланија Трамп на инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп се појави во интересна облека која привлече внимание.
Меланија, инаку позната по својот елегантен изглед, се појави во темно сино палто дизајнирано од американскиот дизајнер Адам Липес. Цената на капутот, според официјалниот сајт на брендот, е околу 4.186 евра.
Меланија го комплетираше изгледот со впечатлива шапка од американскиот дизајнер Ерик Џавитс, црни кожени ракавици и темно сини велур потпетици, кои одговараа со палтото на нејзиниот сопруг.
Првата дама ги поддржа американските дизајнери со нејзиниот моден избор за инаугурацијата, додека за првата инаугурација на Трамп во 2017 година избра креација на Ралф Лорен, оддавајќи почит на Џеки Кенеди.
Забава
(Фото) Очите на Марк Цукерберг залутаа додека седеше до свршеницата на Безос во Капитол
Лорен Санчез, 55-годишната свршеница на милијардерот Џеф Безос, предизвика бурни реакции поради изданието во кое таа се појави на инаугурацијата на Трамп во Капитол.
Санчез го украде шоуто во бел костим под кој се гледаше бел градник од тантела, а гледачите коментираа дека нејзината облека е несоодветна за таков настан.
eyes up zuck ❤️ pic.twitter.com/OXHcdL9aVx
— ce n'est pas erica (@sourhoestarter) January 20, 2025
Свршеницата на Безос го привлече вниманието и на Марк Цукерберг, кој седеше до неа, со својот аутфит, а гледачите забележаа дека во еден момент неговиот поглед залута кон нејзиното деколте, што беше доволно за да започне виралното исмејување.
„Цукерберг фатен како гледа во деколтето на свршеницата на Безос на директен пренос“, „Погледни горе, Цук“, „Можеби Цукерберг сепак е човек?“, „Тој е спремен да ризикува сè“, „И на човекот зад нив погледна“, се само дел од коментарите на Икс.