Забава
Ромео Бекам личи на тато на насловната страница на L’Uomo Vogue
Синот на Викторија и Дејвид Бекам е веќе доволно возрасен за да влезе во светот на моделите и да биде новото лице на насловната страница на познатото модно списание L’Uomo Vogue.
Ромео, 18-годишниот син на Викторија (46) и Дејвид Бекам (45), веќе го имаше своето деби на машката модна сцена како манекен, а сега ја краси насловната на најновото издание на списанието, кое треба да излезе на киосците на 22 јануари.
Зад објективот стоеше славното фотографско дуо Мерт Алас и Маркус Пигот.
Русокосиот Ромео на својот инстаграм-профил ја покажа својата прва голема фотосесија и напиша: „Возбуден што ја споделувам мојата прва насловна страница за L’Uomo Vogue“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Синди Крафорд се колне во овој моќен шејк: го консумира секое утро, без исклучок
Иконата Синди Крафорд сега е зрела жена која подеднакво плени со својата убавина, а судејќи по естетиката на нејзиното лице – дивата претпочита да старее природно и естетската хирургија не и е „рака за помош“.
Еднаш изјавила дека не сака да изгледа како да има уште 25 години од едноставна причина – „Јас немам 25 години“.
Иако фините линии на нејзиното лице покажуваат знаци на старост, нејзината виткост останува непроменета низ децениите.
Манекенката неодамна беше прашана што јаде за појадок.
– Ако сум дома – малку сум на фастинг, што значи појадувам само околу десет. Тренирам пред тоа. Сама си правам шејк со кокосово млеко, четвртина банана, нема повеќе бидејќи тоа е премногу шеќер, грст спанаќ, нане, а потоа додавам колаген, протеин во прав, какао, семе од коноп и лен.
Синди потоа се осврнала на храната што не ја консумира, а тоа е главно глутен – затоа што поради тоа се чувствува лошо.
– Мислам, гледај, сакам чинија тестенини, кога ги јадам во Европа се чувствувам добро, ако ја јадам овде ми е лошо, додаде таа.
Крафорд истакна дека за ручек јаде протеинска салата и за вечера протеини со зеленчук.
Забава
Најсреќните луѓе се родени во три хороскопски знаци
Среќата често е поврзана со нашиот личен поглед на животот, начинот на кој се справуваме со предизвиците и енергијата што ја внесуваме во секојдневните ситуации. Се чини дека некои луѓе природно зрачат со оптимизам и леснотија, а астрологијата сугерира дека нивниот хороскопски знак може да игра важна улога. Во продолжение откријте кои хороскопски знаци се сметаат за најсреќни и најпозитивни.
Стрелец
Стрелците се родени оптимисти. Нивното мото е „Сè ќе биде добро!“, а животот секогаш изгледа ја потврдува таа филозофија. Овие авантуристи не се плашат да скокнат во непознатото, без разлика дали станува збор за спонтани патувања или донесување големи одлуки. Среќата ги следи затоа што знаат да уживаат во моментот.
Лав
Лавовите не се потпираат само на ѕвездите – тие знаат да блеснат и да привлечат среќа како магнет. Нивната самодоверба и енергија едноставно плени, а луѓето со задоволство ги поддржуваат во сè што прават. Нивната тајна? Верување во сопствената вредност. Лавовите веруваат дека го заслужуваат најдоброто и некако најдоброто секогаш го наоѓа патот до нив. Освен тоа, нивниот топол и дарежлив дух често им отвора врати кои остануваат затворени за другите.
Риби
Рибите можеби изгледаат повлечено, но нивната внатрешна среќа е неисцрпна. Овој воден знак знае да најде убавина во малите нешта – звукот на дождот, мирисот на морето или нечија насмевка. Рибите не ја бркаат среќата на големата сцена; тие го создаваат со свои раце, во нивниот магичен свет на имагинација. Нивната поврзаност со интуицијата често ги води до вистинските места и луѓе, па изгледа дека среќата им е на дофат во секое време.
Забава
Мадона го критикуваше Доналд Трамп: „Тој ја уништува слободата за која се боревме со години“
Мадона, која ја поддржуваше Камала Харис во претседателската кампања, сега јавно го критикуваше Доналд Трамп, кој сака да воведе забрана за трансродовите лица да служат во американската војска.
„Тажно е да се гледа дека нашата нова влада полека ја урива сета слобода за која се боревме и ја постигнавме низ годините“, напиша пејачката на Икс, додавајќи емотикон со срце и ЛГБТК знаме.
It’s so sad to watch our new Government slowly dismantling all the Freedoms we have been fighting for and WON over the years. 🏳️🌈💔
Don’t give up the Fight! pic.twitter.com/6FiziYa2zM— Madonna (@Madonna) January 28, 2025
„Не се откажувајте од борбата“, напиша таа подолу.
Во коментарите под нејзината објава, набрзо избувна огромна дебата меѓу луѓето кои ги поддржуваат нејзините ставови и оние кои се на страната на Доналд Трамп.