Забава
Роналдо гради хациенда од 28 милиони фунти во близина на Лисабон, соседите се жалат
Кристијано Роналдо, ѕвездата на „Ал Наср“, предизвикува вознемиреност кај идните соседи поради долготрајните градежни работи на својата импресивна палата во близина на Лисабон.
Според португалски медиуми, изградбата на хациендата со големина на болница доцни една година, а идните соседи на фудбалската суперѕвезда се гневни, не го сакаат ниту него ниту неговата партнерка.
Како што објави магазинот Look, Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез ги налутиле соседите со обемните градежни работи на имотот вреден 28 милиони фунти, кои траат повеќе од три години и ќе траат уште најмалку 12 месеци.

Гневот наводно се зголемил кога дознале дека изградбата не е завршена. Улицата веќе долго време е затворена, а најмногу им пречи прашината.
Видео од минатиот месец покажува дека има уште многу работа на куќата, која локалното население со омаловажување ја нарекува „пирамида на фараонот Роналдо“. Кога било снимено видеото, објектот потсетувал на градилиште.
Поради популарноста на Роналдо, неколку медиуми и јутјубери креираа содржина за куќата, што значи дека нејзината локација ѝ е позната на португалската јавност.
Се предвидува дека, кога ќе се повлече од фудбалот, Роналдо и неговото семејство ќе го поминуваат времето помеѓу Мадрид – домот на неговиот поранешен клуб „Реал Мадрид“ – и во близина на брегот во Лисабон.
Но, се разбира дека соседите се заситени од тековниот проект, некои велат: „Тие градат три години. Куќата е толку голема што изгледа како болница“.

„Мојата улица е затворена со месеци, мојата градина е полна со прашина. Сè поради пирамидата на фараонот Роналдо“.
Во меѓувреме, трошоците растат. Проектот првично се очекуваше да чини 10 милиони фунти пред цената дополнително да се зголеми на 17 милиони фунти, а сега на 28 милиони фунти.
Зградата на голф-клубот во близина на куќата морала да се пресели, што е еден фактор за зголемените трошоци. Роналдо се обидел да го купи голф-теренот за да осигури поголема безбедност и интимност, но неговата понуда била одбиена.
Импресивната палата ќе има огромен стаклен базен со подводна патека. 38-годишникот сака главна спална соба со големина од 1.000 квадратни метри. Според познавачите, ова е најскапиот имот во Португалија.

Соседите исто така наводно се загрижени дека имотот ќе има поглед во нивните градини, а постојат сомнежи дали Роналдо, кој сега игра во Саудиска Арабија, воопшто некогаш ќе се всели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

