Забава
Роузи Хантингтон никој ја нема видено топлес, а сега објави таква фотографија на „Инстаграм“

Манекенката Роузи Хантингтон Вајтли ги поминува деновите во изолација со сопругот и синот, притоа времето го скратува со социјалните мрежи и виртуелна комуникација со пријателите и обожавателите.
Таа е позната по тоа што честопати ги споделува своите шик модни изданија на „Инстаграм“, а жените обожаваат фотографии од нејзината гардероба, каде што убавата русокоса ги покажува трендовски парчиња што ги носи.
Сега поголемиот дел од времето го поминува во тренирки, па објави фотографија на која носи сива удобна тренирка, а горе не носи ништо!
Таа позира во огледалото истакнувајќи ги своите совршено обликувани стомачни мускули, а бујните гради ги криеше со рацете. Фотографијата има над 300.000 допаѓања и многу комплименти.
Роуз редовно објавува фотографии без шминка во карантин докажувајќи дека воопшто не ѝ е потребна и ги повика луѓето да останат поврзани и во овие времиња и дека се надева оти ќе се приспособат на животот дома, без да мора да излезат надвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Вечерва завршува AERO Street Food Festival

По три дена исполнети со рекордна посетеност, одлична атмосфера и незаборавни гастрономски искуства, денеска во парк „Авионче“ – Општина Аеродром ќе се одржи последниот ден од првото издание на AERO Street Food Festival.
Во изминатите три дена, илјадници посетители уживаа во специјалитети од најпознатите брендови за улична храна, во музички настапи и забавни предизвици кои го раздвижија Скопје. Фестивалот се покажа како вистинска атракција за сите генерации и потврди дека ваков настан одамна му недостасуваше на овој дел од Скопје, велат од општина Аеродром.
Денеска сите љубители на добрата храна и урбаната забава имаат уште една можност да бидат дел од овој единствен гастро спектакл.
Програмата, празнично ќе кулминира со настапи на Southpark, Dj Foodieman, Dj Ficho и други активности што ќе го заокружат фестивалот на најдобар можен начин. Фестивалот се реалзиира со поддршка на општина Аеродром.
Забава
Познатиот актер конечно призна дека имал афера: го чинеше скапо – беа уништени два брака

Џон Малкович конечно призна дека имал афера со актерката Мишел Фајфер. Но, тоа го чинеше скапо, вели тој.
Сè се случило за време на снимањето на филмот „Опасни врски“, каде што Џон Малкович го играше шармантниот Валмон, а Мишел Фајфер ја играше Мадам де Турвел. Хемијата меѓу нив беше забележителна, но никој не можеше да верува дека нивните емоции се вистински.
Малкович во тоа време беше во брак со актерката Глен Хедли, додека Фајфер беше во брак и со актерот Питер Хортон. Славниот актер сега, по толку години, призна во подкастот „Fashion Neurosis“ дека аферата го чинела скапо.
„Тоа не е тема за која некогаш сум зборувал. Во овој бизнис, брзо формирате емоционални врски со луѓето, а понекогаш тие прераснуваат во нешто повеќе. Имав врска со Мишел која беше длабока и посебна, но не бев фер. Изгубив одличен колега“, рече актерот, според Дејли Меил.
„Научив дека е потешко да се најде одличен колега од сè друго. Откако таа врска ќе стане повеќе од само пријателство, тешко е некогаш да се врати.“
Малкович се разведе од Глен Хедли истата година кога филмот беше објавен, во 1988 година. Денес, Џон живее со италијанската продуцентка Николета Пејран, со која има две деца.
По разводот од Хортон, Мишел Фајфер се омажи за телевизискиот продуцент Дејвид Е. Кели во 1990 година, со кого има две деца.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Тотална доминација на српската манекенка: „Не ми е добро колку си убава“

Познатата српска манекенка Софија Милошевиќ сè уште ужива во својот одмор, од каде што дојдоа и најновите фотографии кои кренаа прашина на социјалните мрежи.
Вистина е дека Софија е една од најубавите Србинки и секогаш се обидува да ги оправда сите епитети. Нејзините фотографии во бикини се секогаш главна тема, а со снимките од јахтата веќе излуди многумина и токму кога помисливме дека не може да биде подобро… демантира!
„Зелената е мојата омилена боја“, напиша Софија во описот на објавата.
Згодната манекенка позираше во зелено бикини кое уште еднаш совршено ги истакна сите нејзини облини, а коментарите под објавата се нижеа.
Таа позираше и и црно-бел костим за капење, во кој изгледаше можеби уште подобро, ако тоа е воопшто можно.
„Одлично“, „Каква убавица“, „Ти си авион“, „Сакам да имам жена како тебе“, „Не ми е добро колку си убава“, „Совршена си“, беа некои од коментарите.
фото: принтскрин