Забава
Русин што со мачка нападнал полицаец осуден на пет години затвор

Жител на Москва е осуден на пет години затвор зашто наводно користел мачка во напад врз полицаец, јавија руските медиуми.
Осомничениот Генади Шчербаков ја вознемирил мачката со тресење и ја фрлил кон полицаецот кога тој му се приближил на улица.
Полицаецот што се појавил кога сосед пријавил врева добил сериозни гребнатини на лицето.
Шчербаков добил кривична пријава за напад врз службено лице. Случајот стигнал на суд по една година од инцидентот, пренесоа локалните медиуми.
Руската телевизија „Рен“ објави дека на 4 октомври 2018 година Шчербаков седел на влезот од една зграда во Москва. Тој наводно бил пијан. Соседите пријавиле дека некој прави врева, а кога пристигнал полицаецот, Шчербаков не сакал да соработува или да одговара на прашањата.
Обвинет е дека грабнал мачка и ја фрлил кон полицаецот. Животното ги зарило канџите во неговото лице и побегнало.
Шчербаков негира дека ја користел мачката како оружје и тврди дека животното самото скокнало.
Не е познато зошто судскиот процес е одржан дури по една година од настанот ниту, пак, што се слуичило со мачката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Убавицата го покажа својот нов имиџ: сега е јасно зошто е вечен секс симбол

Некогашната секс бомба Памела Андерсон и претходно беше фотографирана со новата боја на коса. Најпознатата русокоса повеќе не е русокоса, туку сега има црвена боја на косата.
Таа се појави на Неделата на модата во Париз и стана главна тема со својот нов изглед.
Памела присуствуваше на ревијата на Том Форд и за таа пригода блескаше во долг црн фустан со набори на градите. Црни чевли и црно сако придонесоа на нејзината елеганција, а очилата во иста боја ја правеа уште помистериозна.
Познатата убавица повторно беше без ни грам шминка, што секако не е изненадување, а луѓето се воодушевени од тоа колку помлада изгледа со новата боја на косата.
Интересно е што првиот пат се појави без шминка на Неделата на модата во Париз пред две години, а сега ја промовира својата нова боја на коса на истото место. Таа е вечен секс симбол, а тоа е поради нејзината храброст да направи таква промена.
фото: принтскрин
Забава
Бојана Скендеровски го најавува својот прв солистички концерт „Бесмртна“

По повеќе од две децении музичка посветеност, искрени емоции и безвременски хитови, Бојана Скендеровски заокружува едно важно поглавје од својата кариера со својот прв солистички концерт, насловен „Бесмртна“ — како симбол на сите чувства, песни и моменти што живеат вечно во нејзината и во нашата душа.
Во магичната атмосфера на Филхармонија, на 13 декември со почеток од 20:00 часот, публиката ќе има ретка можност да ја доживее Бојана во едно ново светло — интимно, моќно и вистинито.
Концертот се најавува не само како музички настап, туку и приказна за љубовта, зрелоста и патувањето низ животот и уметноста.
„Овој концерт е мојата благодарност – кон публиката, кон музиката и кон сите моменти што ме обликуваа како уметник и човек. Ќе пеам со срце, ќе ве водам низ мојата приказна. Ветувам многу љубов и вистински емоции“, вели Бојана.
Забава
Атрактивната пејачка Симона Поповска со слика на хаотична убавина, живот обоен од емоции и страсти го промовираше видео спотот за „Бели ноќи“

Симона Поповска ја претставува својата нова песна „Бели ноќи“, која преку моќна лирика и впечатлив визуелен концепт ја раскажува приказната за љубовта, искушенијата и трансформацијата на човековата душа.
„Бели ноќи“ носи урбан поп звук и текст кој отвора прашања: „Кој е тој што нема тајна, нема рана? Ти си мојот порок, моја мана.“ Текстот, чиј автор е Робин Зимбаков, е приказ на човечката слабост, но и на силата да се прифати сопствената автентичност. Музиката и аранжманот се со потписот на Панче Касапски, мастеринг Дулелуд , додека зад видеото стојат Крсте Шупев и Стефан Петровски.
Видеото започнува со апсолутна белина како симбол на почеток и невиност, но постепено се преобликува во маслинестозелена боја која носи двојна симболика – раст и обнова, но и хаос, несовршеност и непредвидливост. Во финалето, белината исчезнува, оставајќи ја сликата на хаотична убавина – живот обоен од искуства, емоции и страсти. И тогаш доаѓа дождот како прочистувачка сила што го симболизира новото раѓање.
„Филозофијата е јасна – животот не е создаден за да остане совршен и недопрен. Тој е создаден за да се живее, да се обои и да се преобрази. Трагите не се мани – тие се доказ за раст и идентитет“, – вели Симона, која со „Бели ноќи“ уште еднаш ја потврдува својата способност да создава музика што ја надминува забавата и носи уметничка порака.
„Бели ноќи“ е достапна на сите дигитални платформи, а видеото може да се погледне на официјалниот YouTube канал на Симона Поповска.