Забава
Р. Кели знаеше дека сум малолетна, изјави сведок на обвинетелството

Судењето на американскиот аренби пејач Р. Кели почна во судот во Бруклин, Њујорк.
Кели е обвинет за рекет, сексуална злоупотреба и поткуп; обвиненија што тој постојано ги негира.
Некои од наводите против пејачот – чие полно име е Роберт Силвестер Кели – датираат повеќе од 20 години. Доколку биде прогласен за виновен по сите точки на обвинението, може да биде осуден на неколку децении затвор.
Првиот сведок, Џерхонда Џонсон Пејс, ѝ рече на поротата дека Р. Кели знаел дека е малолетна во 2009 година кога имале сексуален однос во Чикаго, каде што возраста за давање согласност за сексуален акт е 17 години.
Сега 28-годишна, таа сведочеше дека првично му рекла на Кели дека има 19 години, но ја открила нејзината вистинска возраст на денот кога првпат имале однос.
„Се чувствував непријатно. Чувствував дека мора да му ја кажам мојата возраст.“
„Тој ме праша што треба да значи тоа и ми рече да кажам на сите дека имам 19 години – и да глумам 21“, изјави рече Пејс, која признава дека некогаш била фан на пејачот.
Кели се соочува со обвиненија дека бил водач на дведецениската шема во која регрутирал жени и малолетнички за секс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ќерката на Моника Белучи во нова серија на „Нетфликс“: глуми со своето момче

Ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел, Дева (21), на црвениот тепих се појави со своето момче, 24-годишниот италијански актер Саул Нани.
Младиот пар ја промовира серијата „Леопард“ на „Нетфликс“, во која и двајцата глумат, а штом се појавија пред камерите, го привлекоа целото внимание.
Младиот пар позира самоуверено, а корисниците на социјалните мрежи коментираа дека ги потсетуваат на мајката и таткото на Дева во нивните млади денови.
View this post on Instagram
„Пред две години поминавме шест месеци оживувајќи го ‘Леопард’ не само како приказна туку како љубовно писмо до оваа земја. Тоа ме научи повеќе отколку што очекував – за уметноста, за историјата и за неверојатните луѓе. Но, среде сето тоа, запознав некој што стана мое сидро на ова патување…“, напиша Дева претходно покрај фотографиите од неа и Саул на сетот.
Врската ја потврдија во 2023 година.
View this post on Instagram
Дева Касел веќе полека го освојува модниот свет. Таа неодамна прошета на пистата за престижниот бренд „Долче и Габана“ на Модната недела во Милано. Во светот на манекенството влезе на 15 години, а неколкупати ги красеше насловните страници на познатите списанија. Таа е едно од лицата на модната куќа D&G и веќе има носено неколку нивни ревии во Милано и Париз. Таа оваа година сними и реклама за овој бренд.
Забава
Кога ќе се спојат, привлекуваат огромно внимание: најатрактивните хороскопски парови

Кога овие хороскопски знаци ќе се спојат, се пука од емоции, а со нивниот изглед привлекуваат огромно внимание. Дали вие и вашиот партнер сте на оваа листа?
Лав и Вага
Овие два знака се меѓу најатрактивните личности во хороскопот, па сосема е природно што заедно привлекуваат големо внимание. Лавовите имаат беспрекорен стил и многу се грижат за својот физички изглед.
Покрај тоа, тие поседуваат неодолива харизма и одлична личност. Од друга страна, Вагите се популарни во општеството. Тоа се исклучително убави луѓе со врвен моден вкус, кои знаат како да ја освојат секоја просторија во која ќе влезат.
Водолија и Близнаци
Воздушните знаци се природно убави, па не е изненадување што овој пар се најде на листата. Близнаците и Водолијата се познати по својот пријателски карактер и шармантната надворешност.
И двајцата се слободоумни и често имаат гардероба на која многумина би позавиделе – често тие се оние кои самите ги поставуваат модните трендови.
Со изразените црти на лицето и младешката аура изгледаат како модели кои штотуку излегле од модната писта.
Бик и Девица
Со нивните изразени црти на лицето и беспрекорниот изглед, Бикот и Девицата се токму таков пар кој знае да направи грандиозен влез.
Девиците, како љубители на се што е убаво, многу се грижат за себе – од рутина за нега на кожата до вечери посветени на грижата за себе, па не е изненадување што често имаат совршен тен.
Во комбинација со Бикот, кој е доволно стабилен да си ги дозволи најновите модни и козметички производи, овие знаци заедно прават пар кој секогаш изгледа беспрекорно.
Овен и Стрелец
Без разлика дали се работи за нивната личност или физички изглед, огнените знаци се неверојатно привлечни – а Овенот и Стрелецот воопшто не разочаруваат. И двајцата се спортски типови, постојано во движење и не се склони кон нездрава исхрана.
Тие се една од моќните двојки на Зодијакот – поединечно се исклучително привлечни, а нивните силни личности само дополнително го подобруваат тој впечаток. Исто така, како знаци кои најмалку ги осудуваат другите знаат добро да се забавуваат и никого да не остават на страна.
Риби и Рак
Девојката и момчето од соседството – овој пар е едноставно симпатичен. Рибите имаат нежни, младешки црти на лицето, кои често им го привлекуваат вниманието на потенцијалните додворувачи, а нежниот и суптилен изглед на Ракот ги привлекува луѓето каде и да се појават.
Иако на прв поглед и двајцата изгледаат повлечено, токму нивните личности, кои постепено ќе ги запознавате, откриваат зошто се толку сакани и неодоливи.
Забава
Оваа активност е најдобра за обликување на телото и согорување калории, само одвојте 20 минути дневно

Од романтични возења покрај реката до динамични градски рути, возењето велосипед е активност достапна за секого – без разлика на возраста, полот или нивото на физичка подготвеност.
За некого возењето велосипед е омилен облик на рекреација, за други неопходно превозно средство, додека многумина го комбинираат практичното со корисното и секојдневно го избираат велосипедот како одржлив, еколошки свесен и здрав начин на живот.
Велосипедизмот не само што придонесува за физичка подготвеност и одржување на идеална форма на телото, туку носи и бројни здравствени придобивки.
Освен што ги зајакнува мускулите и ја подобрува издржливоста, редовното возење велосипед позитивно влијае на срцето и белите дробови, го намалува крвниот притисок и нивото на лошиот холестерол, а истовремено ја подобрува циркулацијата и целокупниот тонус на телото.
И најдобриот дел? За да уживате во сите овие придобивки, потребни се само 20 минути дневно!
Согорување на калории и обликување на телото
Ако вашата главна цел е да изгубите тежина и да изградите мускули, возењето велосипед е вистинската активност за вас.
Возењето велосипед со брзина од 20 километри на час согорува околу 560 калории за еден час – што значи дека дури и само 20 минути дневно можат да направат огромна разлика за вашата фигура.
Покрај тоа, возењето велосипед ги вклучува мускулите на нозете, стомакот и грбот, обликувајќи го телото на природен и долгорочен начин.
Светската здравствена организација препорачува луѓето на возраст од 18 до 64 години да имаат најмалку 150 минути умерена физичка активност неделно.
Возењето велосипед може да биде совршен сојузник во постигнувањето на оваа цел – што значи дека само 20 минути дневно може да го револуционизира вашето физичко и ментално здравје!
Зошто да не го воведете велосипедот во вашата секојдневна рутина и да го направите дел од вашиот животен стил? Наместо да користите автомобил или јавен превоз, одлучете се за велосипед кога одите на работа, пазарувате или пиете кафе со пријателите.
Освен што избегнувате гужви и штедите време, ќе си дадете можност да дишете длабоко, да го ослободите стресот и да го зајакнете вашето тело.
Ако имате повеќе време, организирајте подолги викенд возења, истражувајте нови рути, возете низ природата и ослободете се од вашата дневна рутина.
Освен што ја подобрува физичката кондиција, возењето велосипед ја стимулира креативноста, го подобрува менталното здравје и го зголемува нивото на серотонин, хормонот на среќата.
Возењето велосипед како лек за телото и умот
Покрај тоа што ви помага да изгубите тежина и да го обликувате вашето тело, возењето велосипед придонесува и за целокупната благосостојба. Оваа активност ја подобрува координацијата, ја зголемува флексибилноста и ги зајакнува мускулите на долниот дел од телото, а исто така има корисен ефект врз зглобовите.
Особено се препорачува за луѓе кои страдаат од проблеми со колената или артритис, бидејќи не ги оптоварува зглобовите како трчањето.
Луѓето кои го вклучуваат возењето велосипед во секојдневниот живот не само што побрзо постигнуваат фит изглед, туку развиваат и долгорочни здрави навики. И дури и ако возите само 20 минути дневно, возењето велосипед ќе ви помогне да се чувствувате енергично, свежо и витално.
Значи, време е да се ослободите од стресот, да го зајакнете телото и да го доживеете неописливото чувство на слобода на две тркала. Качете се на вашиот велосипед и тргнете кон здравје и совршена форма!