Забава
Сакаат сигурност: Хороскопски знаци кои никогаш не ризикуваат

Преземањето ризици понекогаш може да донесе големи награди, но многу луѓе претпочитаат да се држат до безбедното и познатото. За нив стабилноста е клучна, а неизвесноста што доаѓа со ризик е нешто што сакаат да го избегнат по секоја цена.
Иако некои успеваат да се справат со неизвесноста и предизвиците, други едноставно претпочитаат помирен пат, каде сè може да се контролира. Во продолжение ќе издвоиме четири хороскопски знаци кои се познати по тоа што ретко ризикуваат.
Бик
Биковите се познати по нивната љубов кон стабилноста и безбедноста. Не сакаат промени и секогаш бараат начини да избегнат небезбедни ситуации. Тие внимателно ги планираат своите потези и често се држат до она што знаат дека функционира. За нив тивкиот и безбеден живот е многу попривлечен од возбудата што доаѓа со ризик.
Рак
Раковите се крајно претпазливи кога станува збор за донесување одлуки кои би можеле да ја нарушат нивната емоционална рамнотежа или безбедноста на нивното семејство. Нивната цел е да се заштитат себеси и своите најблиски, поради што не сакаат да се впуштаат во непознати или ризични потфати. Тие претпочитаат безбедност и предвидливост.
Девица
Девиците се познати по нивната аналитичност и промисленост. Пред да донесат какви било одлуки, тие ќе ги разгледаат сите можни исходи и потенцијални ризици. Токму поради оваа склоност за детално планирање, Девиците избегнуваат ризици бидејќи сакаат да бидат сигурни дека сè ќе помине глатко и без проблеми.
Јарец
Јарците се исклучително одговорни и ориентирани кон целите, но не сакаат да преземаат ризици кои би можеле да ги загрозат нивните долгорочни планови. Тие веруваат во напорна работа и трпение и претпочитаат да се држат до докажаните методи за да постигнат успех. Јарците претпочитаат стабилност и избегнуваат брзи, но неизвесни потези.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Џеј Ло настапи во Абу Даби во леопард комбинезон, снимката има 16 милиони прегледи

Џенифер Лопез одржа два големи концерти во Абу Даби на 20 и 21 февруари, а клип од настапот што го сподели на Инстаграм и ТикТок собра повеќе од 16 милиони прегледи за помалку од 24 часа.
Џеј Ло веќе некое време немаше настапи, но неодамна направи исклучок со настапот во Дубаи на отворањето на луксузен хотел. Потоа следеа два распродадени концерти во Абу Даби, а снимките од тие настапи брзо ги преплавија социјалните мрежи.
Забава
Блејк Лајвли за насловната страница на „Холивуд Репортер“: Срамна и сексистичка

Блејк Лајвли, кој е во правен спор со Џастин Балдони поради наводите за сексуално вознемирување на снимањето на филмот It Ends With Us, остро го критикуваше таблоидот „Холивуд Репортер“ за начинот на кој го објави случајот.
На актерката не и се допадна како „Холивуд Репортер“ го покрива правниот процес меѓу неа и Балдони. Овој таблоид објави фотографија од Лајвли на насловната страница на која се гледа како таа го фрла мобилниот телефон додека околу неа се прикажуваат пеперутки.
„Холивуд репортер треба да се срами. Оваа фотографија е крајно навредлива затоа што се потпира на сексистички стереотипи за жените кои се осмелуваат да пријават недолично однесување на работното место, прикажувајќи ги како агресори и сугерирајќи дека заслужуваат одмазда. Понатаму, написот е крајно проблематичен затоа што се обидува да ги оправда документираните случаи на сексуално вознемирување и одмазди нарекувајќи ги културни недоразбирања“, напиша актерката.
Блејк првично го обвини Балдони за сексуално вознемирување и обид да ја „уништи“ нејзината репутација во жалбата до Одделот за граѓански права во Калифорнија. Во изменетата тужба сега стои дека однесувањето на актерот предизвикало непријатност кај другите жени на филмскиот сет.
Балдони потоа поднесе противтужба против Блејк и Рајан Рејнолдс, барајќи отштета од 400 милиони долари. Адвокатите на Блејк ова го нарекоа „уште едно поглавје во книгата на насилникот“, што адвокатот на Балдони го смета за „глупост“.
Забава
Тони Цетински: Мојот официјален профил на Инстаграм беше хакиран

Хрватскиот пејач Тони Цетински вели дека некој му го хакирал профилот на Инстаграм.
„ВАЖНО! Мојот официјален профил на Инстаграм е хакиран и одземен. Правиме се што можеме за да го вратиме“, напиша 55-годишниот пејач предупредувајќи ги своите следбеници.