Забава
Салма Хајек повторно ја покажа седата коса и се пошегува: „Жолти бикини и седа коса, совршена комбинација“
Салма Хајек не ја крие седата коса, а споделувајќи фотографии во бикини, уште еднаш се пошегува со својот изглед.
Имено, таа објави фотографии на кои позира во костим за капење на брод покрај шпанското знаме. Таа ја искористи оваа ситуација и да се пошегува на сметка на својот изглед.
„Жолти бикини + бела коса = совршена комбинација“, напиша таа истакнувајќи ги седите прамни, кои се покажуваат во нејзината црна коса.
View this post on Instagram
Хајек може да се види во дводелно жолто бикини, со големи очила за сонце и малку накит додека позира на брод.
Мексиканско-американската актерка и претходно ја покажа својата седа коса и еднаш откри како ги крие. Потоа се пошегува дека, едноставно, не треба да носите очила покажувајќи како кога ќе ги подигне до врвот на главата, се истакнуваат нејзините бели прамни.
Бидејќи со години го привлекува вниманието со својот природен изглед, актерката признала и дека не користела ботокс. За поткастот на Кели Рипа, Let’s Talk Off Camera, Хајек тврдеше дека го одржува својот младешки изглед со медитација.
Салма неодамна имаше можност да го носи олимпискиот факел пред отворањето на Олимписките игри во Париз, на кои присуствуваше заедно со многу други познати личности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Никогаш не сум била наметлива девојка“: Кејт Хадсон го откри своето правило во љубовните врски
Актерката Кејт Хадсон во последно време воодушевува со своите модни изданија, како неодамна на доделувањето на наградите БАФТА, но тоа не ја спречи да открие посебно правило во една од нејзините изјави кое го почитува во секоја врска, со што го одвлече вниманието од својот совршен изглед.
Кејт беше гостинка во „Шоуто на Хауард Стерн“ и многу весело одговори на сите прашања, едно од нив беше дали некогаш ѝ било скршено срцето.
„Секако дека да, но моето правило отсекогаш било дека ако маж ви каже дека не сака врска или дека не е заинтересиран, за мене е готово. Никогаш не сум била наметлива девојка, само велам дека сè е во ред“, рече актерката.
За подобро да објасни што навистина мисли, таа зборуваше и за својата ситуација по едно раскинување.
„Тој дечко ме праша дали сакам да зборуваме за тоа, но за што да зборуваме кога раскинавме. Готово е, раскинавме, а ти би сакал да зборуваш за тоа сега. Не, меѓу нас е готово“, појасни таа.
Забава
(Фото) Педро Паскал повеќе не го крие своето момче
Миленикот на жените, актерот Педро Паскал, се чини дека има дечко и ова би бил прв пат да се знае нешто повеќе од обична шпекулација за неговиот љубовен живот.
Иако со години е посакуван, Педро неодамна ги разочара жените кога беше виден во прегратката на Рафаел Олара, бизнисмен кој поседува синџир хотели во Флорида и Аргентина. Ниту еден од нив не коментираше за природата на нивната врска, но се чини дека работите стануваат појасни.
Паскал првпат беше виден како се држи за раце со Олара, и како што сега ексклузивно објавува TMZ, тие повторно беа видени во повеќе од интимна прегратка. Тие одеа така цело време, а во еден момент Олара дури и го држеше задниот џеб од панталоните на Педро.
EXCLUSIVE: 👀 Pedro Pascal was seen getting handsy with pal Rafael Olarra in Los Angeles.
Photos: https://t.co/DYd0ovbnog pic.twitter.com/fGvTu4iHhx
— TMZ (@TMZ) February 24, 2026
Иако сè уште нема официјална потврда од актерите во приказната, се чини дека не е потребен поголем доказ од овие папарацо фотографии.
Педро Паскал речиси сигурно е во некаква врска со Олара, која воопшто не е пријателска. Патем, Рафаел Олара е поврзуван и со актерот Лук Еванс, а што се однесува до Паскал, ова се првите информации за неговиот љубовен живот.
Забава
(Видео) Како изгледа Тејлор Свифт без грам шминка: пејачката изненади со објава на интернет
Тејлор Свифт, која официјално е најбогатата музичарка во светот, ги изненади своите обожаватели со објави од студиото каде што моментално работи, а најголем „бум“ направи нејзиното целосно природно лице.
Нејзиниот сингл „Opalite“ неодамна успеа да се искачи на врвот на музичките листи и тоа е 14-ти сингл по ред на Тејлор Свифт што доживеа таков успех. Таа го прослави овој незаборавен момент, уште еден во нејзината кариера, покажувајќи дел од својот живот зад сцената додека го создаваше албумот преку објави.
Тејлор Свифт го овековечи својот голем успех објавувајќи клипови од снимањето на песната и видеото, а во видеото позираше во студиото без ни трошка шминка и со природни локни, додека наздравуваше со продуцентот.
Навикнати сме секогаш да ја гледаме со црвен кармин на усните, па затоа ова издание од светски познатата пејачка е вистинско изненадување за сите.
Тејлор Свифт има 280 милиони следбеници само на Инстаграм.

