Забава
Сара Џесика Паркер – пепелашка од вистинскиот живот
Сара Џесика Паркер одигра многу улоги. Но, улогата што ја прослави беше онаа на Кери Бредшо, ултимативна њујоршка помодарка во хит-серијата „Сексот и градот“.
За многумина, Бредшо е симбол на прекумерен шопинг – подготвена да потроши стотици долари за омилениот пар чевли. Нејзиното несериозно трошење често беше главен дел од заплетот и привлечноста на серијата.

Затоа е и малку иронично што Паркер, жената што ја оживеа Бредшо, всушност пораснала во сиромаштија.
Иако е тесно поврзана со Њујорк, Сара Џесика Паркер е родена во рударскиот град Нелсонвил, Охајо, во 1965 година. Таа е четврто од осумте деца. Родителите на Сара Џесика Паркер се развеле кога таа била мала, имала само три години. Мајка ѝ, учителка, набргу потоа се премажила воведувајќи уште четири деца во семејството од претходниот брак на нејзиниот нов сопруг. Финансиската поддршка на толку големо семејство била континуирана борба.
Во интервју за „Њујорк тајмс“, Паркер го опиша своето детство како Дикенсова сиромаштија алудирајќи на ликовите од книгите на Чарлс Дикенс. „Понекогаш немавме струја. Понекогаш немавме Божиќ, или родендени, или доаѓаа инкасатори, или телефонската компанија се јавуваше и велеше: ви ги исклучуваме телефоните“.
Во интервјуто таа говори за стигмата на примање социјална помош. „Знаев дека се разликувам од децата што плаќаа ручек или носеа ручек од дома“.
Немањето сè што сакате е благослов, додава таа.

И покрај финансиските проблеми на семејството, Паркер во претходно интервју за „Пипл“ нагласува: главно го имавме неопходното, а да немате сè што сакате е благослов“.
Паркер се навраќа на своето детство и како на нешто идилично. „Нè бркаа надвор додека не се запалат уличните светилки, измислувавме игри. И покрај финансиските ограничувања, мајката и очувот на Паркер го негувале нејзиниот интерес за изведувачки уметности. Почнала да посетува часови по балет и пеење на млада возраст предизвикувајќи страст, што со текот на времето ќе стане нејзина многу профитабилна кариера.
Tоа што била најсиромашно дете во соседството ја хранело нејзината желба да работи напорно. „Сакав да бидам професионалец не само поради задоволство туку сакав да не се грижам за пари и да направам и другите околу мене да не се грижат за пари“.
Сега мајката на три деца со актерот Метју Бродерик вели дека не сака нејзините деца да бидат разгалени.
Сиромаштијата од минатото ја натерало да стане конзервативен инвеститор, според профилот на „Њујорк тајмс“. За разлика од Кери Бредшо – ликот што го толкува во „Сексот и градот“ – таа потенцира дека ретко се расфрла, но внимателно ги следи пазарите и прави одлични зделки за недвижности.
Од куќа, која во текот на детството била неуредна и хаотична, таа сега живее во Гриниџ Вилиџ на улицата Вест 11, локација што „Волстрит џурнал“ ја нарече нова зона на милијардери. Нејзини соседи се Лив Тајлер, Руперт Мардок и извршниот директор на Софтбенк.

Животот на Паркер е вистинска приказна за Пепелашка. Со напорна работа, талент, финансиска претпазливост и можеби здрава доза среќа таа ја изгради својата нето-вредност на проценети 200 милиони долари, според Celebrity Net Worth.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

