Забава
Сара Џесика Паркер со емотивна објава се прости од Кери по 27 години
По три сезони, серијата на „Ејч-би-о“, „И едноставно така“, продолжение на култната „Сексот и градот“, официјално е откажана. Веста ја потврди главната актерка и продуцентка Сара Џесика Паркер, која преку трогателна објава се прости од ликот што ѝ ја одбележа кариерата – Кери Бредшо.
Паркер на „Инстаграм“ објави емотивно писмо во кое им се заблагодари на сите што ја создаваа серијата заедно со неа, но и на гледачите кои во текот на децениите ја сакаа и навиваа за Кери – иако понекогаш и ја осудуваа.
„Кери Бредшо доминира во мојот професионален живот цели 27 години. Мислам дека јас ја сакав најмногу од сите. Знам дека и другите ја сакаа. Беа фрустрирани од неа, навиваа за неа. Таа симфонија на емоции беше мојот најважен сопатник. Засекогаш сум благодарна“, напиша Паркер потврдувајќи дека ова поглавје е завршено.
Таа додаде дека заедно со креаторот на серијата, Мајкл Патрик Кинг, заеднички одлучиле „И едноставно така“ да не добие нова сезона. Серијата, потенцира, била радост, авантура и најубавиот вид тежок труд, во соработка со неверојатна екипа и повеќе од 380 члена на продукцијата.
„Се предаде на шапките, книгите, чевлите, пријателките и на ветувањето нов ден во нејзиниот сакан град и со луѓето што најмногу ги ценеше. Ги носеше срамот, гордоста, честа, оптимизмот и буквално безброј фустани и здолништа. Се држеше за раце, во надеж и за најдоброто од луѓето“, додаде актерката за својот лик.
„И едноставно така“ повторно ги обедини Кери, Миранда и Шарлот во современиот Њујорк, но без Саманта (Ким Катрал), која се појави само во кратка сцена на крајот од втората сезона. Серијата се обиде да го балансира носталгичното со современи општествени теми, но реакциите од публиката и критичарите беа поделени. Некои го пофалија освежениот пристап и новите ликови (Сима, LTW), а други ги критикуваа принудната атмосфера, дијалозите и недостигот од јасна наративна линија.
Сепак, гледаноста беше солидна, а крајот на третата сезона остави можност за продолжение, што сепак нема да се случи.
Оригиналната серија „Сексот и градот“ се емитуваше на „Ејч-би-о“ од 1998 до 2004 година, во 6 сезони и 94 епизоди. Освои 7 награди „Еми“, 8 „Златни глобуси“ и милиони обожаватели во целиот свет. Следуваа два филма (2008 и 2010), а потоа и продолжението „И едноставно така“, кое почна во 2021 година.
Серијата беше револуционерна за своето време – отворено зборуваше за женската сексуалност, пријателството, модата и за модерните предизвици на животот во големиот град. Кери, Миранда, Шарлот и Саманта станаа икони на поп-културата, а Њујорк – петтиот главен лик.
26 години по првата епизода, целата приказна, барем засега, добива крај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

