Забава
Сајмон Кауел призна дека веќе три години не користи мобилен телефон

Судијата на британскиот и американскиот „Суперталент“, Сајмон Кауел, изненади многумина откривајќи дека веќе три години не користи мобилен телефон.
Тој објасни дека едно утро, кога видел колку пораки добил, едноставно го исклучил и оттогаш не го вклучил мобилниот телефон.
„Се разбудив едно утро и имав 52 непрочитани пораки. Си помислив дека дури и да одговорам на секоја од нив, истиот ден ќе добијам уште“, рече Кауел за ЕТ.
„И сфатив дека тоа, всушност, ме спречува да работам и да живеам нормално, затоа го исклучив и помина еден месец, три месеци, потоа една година, потоа две години, а потоа три години. И уживам“, продолжи тој.
„Дури и ако го ограничите времето на телефон, не сакате тоа да ви го води животот“, вели тој додавајќи дека сфатил оти луѓето помалку се дружат затоа што на телефоните пишуваат и за време на вечера или состанок.
Иако нема мобилен, Кауел разговара со своите најблиски преку „Зум“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Дури и по толку години, холивудскиот шармер не може да ја сокрие својата страст кон неа

Актерот Метју Меконахи и неговата сакана Камила Алвеш се синоним за вистинска љубов, а нивните најнови фотографии ги топат срцата.
Ретко кој пар во светот на забавата успева да ја спаси својата врска од апсолутна пропаст. Сепак, некој храбро се спротивставува на трендот на развод и секогаш пали искри и буди восхит од публиката со своите појавувања.
Омилениот актер Метју Меконахи и неговата сакана Камила Алвеш се еден од тие парови. Вљубените неодамна присуствуваа на Филмскиот фестивал во Торонто.
И додека Метју, како вистински господин, носеше маслинесто дворедно одело, неговата сопруга одлучи да облече минималистички макси фустан кој слободно паѓа. Таа го надополни стајлингот со едвај забележливи додатоци, но и минимална количина шминка.
Ништо претенциозно, но сепак впечатливо, облеката на Камила привлече погледи и воздишки – особено од нејзиниот сакан Метју.
И токму неговата реакција, имено жешкиот бакнеж на црвениот тепих, го привлече вниманието на публиката. Се чини дека актерот не можел да ја сокрие својата страст и морал да ги покаже своите изливи на нежност.
Фотографиите од тој момент го обиколија светот.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Дојде и тој ден: конечно ги покри градите

Се чини дека популарната актерка повторно е во центарот на вниманието поради својата облека, но ова не се очекуваше.
По Венецискиот филмски фестивал, на ред дојде и Филмскиот фестивал во Торонто. Веќе имавме можност да ја видиме гламурозната креација на Сидни Свини, а сега се чини дека популарната актерка повторно е во центарот на вниманието, и повторно поради нејзината облека.
Сидни се појави на гала вечерта на фестивалот во „необична“ креација – невообичаена за нејзините стандарди.
Честопати сме ја виделе фаталната русокоса во атрактивни комбинации кои привлекуваат погледи и воздишки, но се чини дека овој пат решила да ги прикрие своите најголеми адути – нејзините гради.
Сидни носеше елегантен миди фустан во црна боја кој ја истакнуваше нејзината витка фигура и природна убавина, а стајлингот го комплетираше со едноставна шминка во земјени тонови и брановидна фризура.
На црвениот тепих ѝ се придружи нејзиниот поранешен вереник Џонатан Давино, и се чини дека поранешните љубовници сакаа да им дадат до знаење на сите дека меѓу нив нема „лоша крв“.
Сега прашањето е – па, дали е вистина?
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Вечерва завршува AERO Street Food Festival

По три дена исполнети со рекордна посетеност, одлична атмосфера и незаборавни гастрономски искуства, денеска во парк „Авионче“ – Општина Аеродром ќе се одржи последниот ден од првото издание на AERO Street Food Festival.
Во изминатите три дена, илјадници посетители уживаа во специјалитети од најпознатите брендови за улична храна, во музички настапи и забавни предизвици кои го раздвижија Скопје. Фестивалот се покажа како вистинска атракција за сите генерации и потврди дека ваков настан одамна му недостасуваше на овој дел од Скопје, велат од општина Аеродром.
Денеска сите љубители на добрата храна и урбаната забава имаат уште една можност да бидат дел од овој единствен гастро спектакл.
Програмата, празнично ќе кулминира со настапи на Southpark, Dj Foodieman, Dj Ficho и други активности што ќе го заокружат фестивалот на најдобар можен начин. Фестивалот се реалзиира со поддршка на општина Аеродром.