Забава
Свршеницата на Роналдо застана на негова страна и покрај обвинувањето за силување
Откако 34-годишната студентка од Лас Вегас го обвини Кристијано Роналдо за анално силување, на „Инстаграм“ се јави неговата свршеница, која застана на негова страна.
Кетрин Мајорга тврди дека силувањето се случило на 12 јуни 2009 година во апартманот на Роналдо во хотел „Палмс“ во Лас Вегас и дека Роналдо ја принудил на анален секс, а во замена за нејзиното молчење, наводно, ѝ дал околу 375 000 долари, откако е утврдено дека е силувана.
Роналдо ги одбива тие обвиненија, ги нарекува лажни вести и тврди дека е среќен човек. Целосна поддршка има и од неговата партнерка Георгина Родригез, која го следеше од трибините на саботната победа против Наполи. Покрај тоа, таа, исто така, му испрати порака за поддршка на „Инстаграм“.
„Пречките пред себе секогаш ги трансформираш во импулс и сила да покажеш колку си голем. Ти благодарам што поради тебе уживаме во секој натпревар. Секогаш повеќе и подобро. Те сакам”, соопшти неговата свршеница.
Италијанскиот клуб одби да ги коментира тврдењата на „Шпигел“ што го обиколија светот, а адвокатот на Роналдо вели дека од нив ќе побара надоместок за „морална штета” и тврди дека ова е најсериозната повреда на правата на неговиот клиент во изминатите неколку години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кендал Џенер: Бев многу љубоморна на сестра ми Кајли
Манекенката Кендал Џенер во новата епизода на реалити-серијата The Kardashians откри дека како тинејџерка била љубоморна на својата помлада сестра Кајли, затоа што родителите имале многу полабав однос кон неа.
„Кајли пушеше трева пред мене, и јас се налутив. ѝ реков: ‘Ти си дегенерик!’“, раскажа Кендал, додавајќи дека вистинската причина била љубомората — „бев љубоморна што не бев толку слободоумна како неа“.
На крај, призна дека и самата им се придружила и дека „си поминале супер“. Според неа, тогаш имале само 16 и 14 години.
Кајли потврди дека, како најмладо дете, успевала да избегне многу родителски правила. „Мама беше построга со постарите, а со мене веќе беше поопуштена,“ рече таа, додавајќи низ смеа дека Кендал во тие години била „вистински хејтер“.
Забава
(Видео) Колин Фарел: Бев мамурен на снимање со Том Круз, сцената ја повторивме 46 пати
Ирскиот актер Колин Фарел раскажа анегдота за еден од најлошите денови во својата кариера — снимањето на филмот Minority Report во 2002 година со Том Круз.
Во гостување кај Стивен Колбер, Фарел рече дека снимале токму на неговиот роденден, откако претходната ноќ ја поминал славејќи. „Во шест наутро дојде возачот, а јас едвај што легнав. Бев ужасно мамурен“, призна актерот, додавајќи дека како „лек“ побарал шест пива и пакла цигари.
Поради мамурлак, сцената со Круз морале да ја повторуваат дури 46 пати. „Не можев да ја изговорам реченицата. Том, кого многу го почитувам, не беше баш среќен“, изјави Фарел.
Актерот потсети дека две години подоцна отишол на одвикнување од алкохол и дрога и од 2005 година е трезен, а неговата кариера повторно заблескала, што го потврди и номинацијата за „Оскар“ во 2023 година.
Забава
Џон Бон Џови: Не сум правел естетски зафати и не планирам
Рок ѕвездата Џон Бон Џови (68) во подкастот How to Fail зборуваше за стареењето и односот кон естетските зафати. Тој изјави дека никогаш не би се подложил на операции или ботокс.
„Никогаш нема да одам на операции. Косата ми е седа, но барем ја имам. Немам направено ништо — ни ботокс, ни корекција на очи или усни. Не ме интересира тоа“, рече пејачот.
Бон Џови додаде дека го мрази фарбањето коса.
„Пред околу 13 години решив да ја оставам природна.“
Иако призна дека не е целосно задоволен кога ги гледа своите стари фотографии, рече дека најважно му е здравјето: „Може секогаш да заработиш пари или да напишеш песна, но здравјето е клучот на универзумот.“
Во интервјуто спомена и дека ужива во новата улога на дедо, откако неговиот син Џејк и актерката Мили Боби Браун ова лето посвоиле ќерка.

