Забава
„Сексот и градот“ доаѓа на „Нетфликс“

Обожавателите набргу ќе може да го вклучат „Нетфликс“ и да се опуштат со омилената серија на жените од 90-тите и раните 2000-ти. Сите шест сезони на „Сексот и градот“ ќе почнат со стриминг на „Нетфликс“ на 1 април. Сепак, договорот не ги вклучува двата филма или продолжението на франшизата.
Веста ги воодушеви обожавателите, но многумина се прашуваат како генерацијата Z ќе реагира на серијата. Кери, Саманта, Миранда и Шарлот влегоа во нашите животи на 6 јуни 1998 година, а нивните ликови во серијата денес би можеле да бидат проблематични за помладите генерации.
I am not ready for Gen Z to interact with this show https://t.co/RF2ZnaMpBD
— Danny Barry (@TheDannyBarry) March 2, 2024
„Ова ќе биде културен шок за генерацијата ‘Тик-ток’“, „Генот Z тешко ќе го поднесе ова“, „Сè ќе биде проблематично за нив“, „Тие ќе се обидат да го откажат од ова“, „Треба да има 33+ ознака за ова“, „Дефинитивно, ќе ја мразат Кери“, „Ќе ни го уништат и ова“, се само дел од коментарите на „Тик-ток“.
Сепак, милениумците се пресреќни. А како и да не бидат кога целото детство го поминаа гледајќи ги комплицираните љубовни животи на популарната четворка, која на главната протагонистка ѝ служеше како одлична инспирација за колумна за сексот и со нив ги доживуваше сите животни драми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кејт и Меланија по свечениот банкет на опуштено дружење во Виндзор

По синоќешниот раскошен државен банкет, принцезата од Велс, Кејт (43), и првата дама на САД, Меланија Трамп (55), утрово се појавија во многу поопуштено издание на дружење со најмладите извидници во градините на Фрогмор во Виндзор.
Двете им се придружија на дваесетина деца на активности во природа – градба на „хотели за инсекти“, игра со лисја и заеднички ручек. Кејт понесе сендвичи со мед од нејзината кошница во Анмер Хол, а Меланија донесе теглички мед од Белата куќа.
Првата дама претходно беше во обиколка на Куќичката за кукли на кралицата Мери и Кралската библиотека, пред да отпатува кон Чекерс, каде ќе се сретне со Доналд Трамп и премиерот Кир Стармер.
Настанот следуваше по државниот банкет во чест на Трампови, кој вчера беше организиран во замокот Виндзор.
Забава
Татко од забава зел детектор за метал, неколку часа подоцна пронашол вистинско богатство

Британец стана локална сензација, откако вторпат во животот зел во раце детектор за метал и пронашол артефакт со непроценлива историска вредност.
Неговата приказна беше објавена на „Редит“, каде што привлече големо внимание, пренесува „Мирор“.
Човекот купил детектор затоа што сакал ново хоби. Прво успеал да пронајде монета од 1904 година, не насетувајќи што уште го очекува.
Додека пребарувал една парцела, слушнал предупредувачки сигнал од уредот и сфатил дека нашол нешто. Наскоро пред него се појавил голем саксонски прстен изработен од злато! На само 50 метри подалеку пронашол и златен украс во форма на глава од гавран.
Британецот веднаш го пријавил откритието, а надлежните го затвориле целиот локалитет. Понатамошните ископувања ги презеле археолозите.
Авторот на објавата на „Редит“ рекол дека вредноста на пронајдениот артефакт ќе се подели помеѓу пронаоѓачот, сопственикот на земјиштето и државата.
„Оваков настан се случува еднаш во животот“, напишал тој.
Приказната предизвика бројни реакции, а еден корисник коментирал: „Тој е првиот човек кој по толку векови ги допрел овие предмети“.
Друг додал: „Археолозите цел живот трагаат, а никогаш не наоѓаат нешто толку драгоцено“.
Стручњаците истакнуваат дека ваквите артефакти значително придонесуваат за разбирањето на минатото. Но, најголемата вредност е нивниот придонес кон историското и културното наследство.
Забава
Герасимовски: Викендов прв Street Food Picnic под отворено небо во Паркот на франкофонијата

Општина Центар информира дека од 19 до 21 септември во Паркот на Франкофонија ќе се одржи првото издание на Street Food Picnic под отворено небо.
Првото издание на Street Food Picnic има за цел да ја збогати културната и забавната понуда на Општина Центар, обединувајќи ја вкусната улична храна, музиката и забавата во едно големо дружење на отворено.
Во рамки на тридневниот фестивал, посетителите ќе имаат можност да уживаат во десет штандови со разновидна улична храна, креативни работилници за деца, посебно катче за милениците Pet corner, социјални игри за дружење и смеа, како и богата музичка програма во текот на целиот ден и вечерна забава, велат од општина Центар.