Забава
Селма Хајек, Рајан Рејнолдс и Семјуел Л. Џексон пристигнуваат во Хрватска за еден месец

Познатите холивудски ликови – Селма Хајек (52), Семјуел Л. Џексон (70) и Рајан Рејнолдс (42), кои публиката имаше можност да ги види во акциското остварување во 2017 година „Чувај ми го грбот“, набргу доаѓаат во Ровињ, а повод е снимањето на вториот дел од споменатиот филм.
Ова беше потврдено од страна на градоначалникот на Ровињ, Марко Палијага, кој рече дека Градот веќе ги издал потребните дозволи за снимање, а филмската екипа ќе биде сместена во најдобрите хотели.
Снимањето на продолжението на филмот „Чувај ми го грбот“ веќе е почнато во Лондон, а тимот во април треба да дојде на Истра.
Како што е познато, пред две години во кината пристигна филмот „Чувај ми го грбот“, а главните улоги ги толкуваа Семјуел Л. Џексон, кој го играше најбараниот платен убиец во светот, Рајан Рејнолдс, кој го играше врвниот телохранител со задача да го заштити убиецот од какви било проблеми.
Иако филмот е речиси класична клише-акција, познатите актери ја спасија работата. „Чувај ми го грбот“ заработи 75,5 милиони долари за Lionsgate во САД и повеќе од 180 милиони долари во целиот свет кога беше објавен во 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech
Сточар на Солунска глава најде телефон изгубен пред четири години, а планинари го најдоа сопственикот

Tелефон изгубен пред повеќе од четири години во реонот на Солунска Глава, бил најден пред еден месец од сточарот Јетмир од селото Горно Јаболчиште, раскажува на социјалните мрежи Игор Смилев, еко-активист од организацијата „Грин Пауер“ и советник во Општина Велес.
Смилев вели дека Јетмир, како чесен човек, го пријавил телефонот како изгубен, а неверојатно – по 4 години во планина, уредот успеал да се наполни и да работи делумно. Телефонот содржи сочувани СМС пораки и успеал да испрати неколку слики до планинари.
После еден месец објави на неколку Фејсбук групи, сопственикот на телефонот бил пронајден – Гоце Глигуровски од Битола, поранешен домар во сега веќе непостоечкиот Планинарски дом „Папрадиште“. Телефонот Гоце го добивал на користење од Емил Смилев.
„Фрапантно е што ‘Хуавеј’ телефонот преживеа 4 години во планина и сè уште е функционален“, додава Смилев.
Забава
(Фото) Изгледа нереално во новата модна кампања

Францускиот бренд за долна облека „Етам“ ја претстави својата есенска кампања за 2025 година, а заштитно лице е познатата манекенка Ирина Шајк.
Кампањата, со соодветен наслов J’ETAM, го комбинира името на брендот со францускиот збор за љубов и го поставува прашањето: „Која емоција е карактеристична за Французите?“, а одговорот е љубов.
View this post on Instagram
Кампањата служи како увертира на претстојната модна ревија на брендот, закажана за 30 септември, и ја слави љубовта во сите нејзини форми – од платонска и романтична до семејна и љубов кон себе.
Фотографиите од Бриен Капоци отстапуваат од традиционалните кампањи во будоар-стил. Тие се снимени во мека, природна светлина, со минимален сценографски дизајн, што им дава интимен изглед.
View this post on Instagram
„Совршена“, „Икона“, „Божица“, „Толку убава“, „Најубава Ирина“, „Величествена“, се некои од многуте коментари на „Инстаграм“ на брендот.
Колекцијата нуди облека за секоја жена и за секоја пригода, вклучувајќи удобни памучни парчиња и заводливи комплети од тантела.
View this post on Instagram
Палетата на бои се движи од розова, бела, кафеава и црна до впечатливи тонови, како што се електрично сина и светлоцрвена.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Најскромниот милионер секогаш го привлекува вниманието на шоуто

Актерот Адам Сандлер се појави на црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал со сопругата Џеки и нивните ќерки Сејди и Сани.
Семејството веднаш привлече внимание поради нивните координирани модни изданија, но и затоа што сите тие се сметаат за обични луѓе, кои не сакаат премногу да го разоткриваат својот приватен живот. Адам дури е наречен и најскромниот милионер поради неговиот начин на живеење.
За оваа пригода Сандлер избра црн костум, па иако претходно беше модна икона за помладите генерации поради неговиот лежерен стил, сега беше доста елегантен.
Неговата сопруга Џеки избра едноставен бел фустан без прерамки, кој нежно паѓа, а ќерките позираа во слични модели како мајка им, само што Сејди имаше црн модел.
Сè на сè, беше јасно дека Сандлерови се потрудија да бидат координирани и дека се издвојуваат од сè друго, само поради нивниот гламур и среќа.
Премиерата на филмот „Џеј Кели“ се одржа на Венецискиот филмски фестивал, во кој Сандлер глуми покрај Џорџ Клуни.
фото: принтскрин